Home Култура Книги „На дното“ со трејлер ја најави својата премиера вечерва на сцената на Битолскиот Народен Театар

„На дното“ со трејлер ја најави својата премиера вечерва на сцената на Битолскиот Народен Театар

0
„На дното“ со трејлер ја најави својата премиера вечерва на сцената на Битолскиот Народен Театар

На сцената на Битолскиот Народен Театар вечерва премиерно ќе биде изведена претставата „На дното“ во режија на Ќендрим Ријани, по текст на Максим Горки. Ова е трета премиера годинава во битолскиот тетатар.
-Направивме една претстава која на некој начин е продолжување на неговата уметничка и воопшто животна естетика. Една голема екипа составена од многу штрафови од механизмот на „На дното“. Народниот театар – Битола ги третира старите теми на некаков современ начин и ги аплицира на денешното живеење и затоа сум посебно горд што секој лик во претсавата пред се функционира внатре како некој механизам кој е блиску до совршено направен– вели Иван Јерчиќ, директор на НТБ и еден од актерите.
Во претставата играат: Соња Ошавкова, Валентина Грамосли, Елена Моше, Илина Чоревска, Викторија Степановска – Јанкуловска, Маја Андоновска – Илијевски, Марија Стефановска, Сандра Грибовска Илиевска, Анастазиа Христовска, Иван Јерчиќ, Петар Спировски, Мартин Мирчевски, Александар Димитровски, Никола Пројчевски, Александар Стефановски и Никола Стефанов

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here