Шумахер ги отворил очите

Иако само накратко, Шумахер  ги отворил очите, пишува L’Equipe, цитирајќи сигурни и блиски извори во Универзитетската болница во Гренобл. L’ Equipe, вчера објави дека лекарите решиле постепено да го будат Шумахер, од вештачки предизвиканата кома, па така тој денеска реагирал на  невролишкиот преглед, откако му била намалена дозата на седативи.

Јавноста со радост ја сподели оваа информација, бидејќи била протолкувана од страна на лекарите како добар знак.

Овие наводи, сепак беа демантирани од страна на портпаролката на Шумахер, Забине Кем.

На демантот весникот врати дека веројатно се плашат од метеж пред болницата, па затоа ваквата информација се чува во тајност.

„Имаме сигурни извори во болницата. Сто проценти сме сигурни во она што го имаме објавено“, рекол главниот уредник на L’ Equip, Жереми Арбон.

Михаел Шумахер беше хоспитализиран на 29-ти декември, откако имаше несреќа при  скијање на француските Алпи.

- Реклама -