Најдобрите места во Скопје за секс

Места за воздишки и замаглени автомобилски прозори.

Водно – Нема одредено точно место. Овде сексањето започнува уште од бивша Панорама, па продолжува на буквално секое местенце каде може да застане автомобил, продолжува накај познатиот видиковец, особено е изразено околу хотелот Водно, и по патот до Свети Пантелјмон. Овде секс-посетители може да се најдат буквално во секое време но најизразено е во попладневните часови. Овде може да се забележат и многу службени возила со логоа на фирмите (автомобили, комбиња, па дури и по некој минибус). Според ова може да се заклучи дека станува збор за таканаречени “интеркомпаниски односи”, во кои се вклучени колеги и колешки.

9_3Парк – Овде посетителите се најмладата возрасна група во однос на други места и тука сексот е најмасовен и се практикува преку цела година.Причина за ова е што е најблиску до градот, не секогаш е потребно да се има автомобил а неретко има случаи на секс на отворено. Сепак најголем недостаток е што пазачи и воајери има на секое ќоше. Најпознати места во парк се паркинзите кај ресторанот Балканика, спроти Александар палас, покрај оградата од Зоолошка, салата на Работнички. Не ретко ќе се забележи и ситуација кога во еден автомобил ќе видите и два пара кои имаат секс.

Кеј – Локацијата порано беше прекрасно место за незаборавна ноќ но со активностите од проектот Скопје 2014 ова место малку се промени. Но кејот не е само центар. Сеуште постојат прекрасни места на потегот од Влада до Александар палас има многу скришни и не доволно осветлени места за возбуда на отворено. Нема премногу минувачи а и сигурно не ве интересира доколку некој се промота наоколу. На кеј обично не се оди до крај, туку тоа служи како место за загревање и почеток на забавата.

Паркингот околу салата Борис Трајковски – е релативно ново место а најмногу го практикуваат помладите. Овде се доаѓа малку подоцна, обично го практикуваат нови парови или егзибиционисти. Младите ова место го нарекуваат Јебодром. Понекогаш може да се забележи и секс на хауба, но внимавајте во околината има доста безбедносни камери, па може да се случи некое ваше видео да заврши на Youtube. Иако и на полицијата и е познато ова место, не интервенира освен ако нема некој инцидент предизвикан од поднапиени или од откриени прељубници.

Факултетот ФИНКИ – Оваа локација порано се практикуваше многу повеќе но откако се среди паркингот но и кога се couples-cute-hot-love-sex-sex-in-car-Favim.com-88242_largeизгради салата Борис Трајковски, посетителите се преселија на новата локација. Овде сеуште има посетители од околните згради и од студенти кои живеат во околината. И времето на посети овде не е премногу доцна најчесто после 23 часот, па до околу 1 часот по полноќ.

Патот Нерези-Средно Водно – На одредени добро потскриени места на само 30-тина метри под патот има прекрасни ливадки и дрвца. Исто како дома во дворче само што вака е поинтересно а и нема пазачи.

Матка – Прекрасно место за секс во кола или природа. Шансите некој да ве забележи се многу мали, треба само малку да скршнете од патот и веќе сте закриени од бујна шума а останува на вас и вашата фантазија како ќе ги искористите.

Кровови од згради – Во Скопје има згради кои не се затворени или пак секој малку пофлексибилен може лесно да се протне. Убавината е што може и дење и ноќе да се практикува а задоволството е незаменливо. Доволно е да изберете зграда каде во околина нема друга повисока зграда или кула, но и ако има постојат затскриени делови коишто дури и преку ден никој неможе да ве забележи.

Влез од зграда – Влезот е секогаш добра варијанта затоа што е тивко и се слуша секој чекор. Дополнително ако го практикувате навечер кој и да излезе пали светло и сигурни сте неколку минути. Истотака влезот служи за испраќање па некогаш бакнежот за добра ноќ преминува во С.. за добра ноќ.

- Реклама -