СЕЌАВАЊА НА АМЕРИКА “СКРОЗ ОДЛИЧЕН“ (V Поглавје)

“Малата соба без прозорци, обоена со расипано светкаво розевкасто неонско светло, беше изгор-жешка од десетиците перални и исто толку сушални кои верглаа сплотени во звукот на механичката мантра на своите мотори.” 

Пишува: Dick Major

The five pillars of Islam, кажа професорот по предметот Светска Религија, инаку Божји човек и самиот, и остана жив, кога веќе сите бруцоши знаевме дека е крајот на семестарот. Тоа беше последното и најмало поглавје во најголемата книга од сите обавезни предмети за мојот прв семестар. Професорот беше Католички Отец па предавањето се заврши со тоа што ни кажа дека можеби нема ни да има прашања на темата “Ислам“ на конечниот тест.

Десетина дена подоцна дојде испитната недела по сите предмети.

Бев добар студент, таа прва година особено. Сакав да го импресионирам и убедам татко ми дека ја имам моќта сам да си го позлатам патот до успехот и славата како да бев кралот Мида пред да открие дека премногу злато е успешен пат единствено до славна пропаст.

Заглавив со носот во книги и со газот во преубавата универзитетска библиотека која во позамашната колекција од повеќе од два милиона примероци ги криеше сите тајни на светот, вклучувајќи ги и метафизичките значења на смислата за хумор на Макс Бункер во хрватски изданија на Алан Форд!

После три-четири неспани ноќи ги положив сите испити со највисоки оценки.

By the way, испитот по Светска Религија започна токму со прашања за петте столба на Исламот.

* * *

Доцна попладнето се чекав со Чарлс Муреј и со Алонѕо Санчез во University Pub. Да прославиме – да му ебам мајката; Затоа што и они беа задоволни и полетни после испитите, а и јас курназ. За жал, Мексиканецот и Јужноафриканецот беа премногу фини и наивни за да имаат лажни лични карти со кои ќе пиеа алкохол па дрвеа безалкохолни маргарити додека јас стандардно цепав континуирани нарачки од по две пива одеднаш. Ми кажаа дека ќе одат кај Алонѕо во Мексико за новогодишните празници и ме прашаа кои се моите планови.

Каква будала, си помислив кога им кажав дека немам појма што ќе правам скоро цел месец.

I’ll probably stay at the University”, им одговорив потајно надевајќи се на уште една епизода од “Зона на Сомракот“ со мене и Ракел во главните и единствени улоги.

The University is closing for the holidays, didn’t you know!?”, во исто време ми одговорија другарчињата.

Ја спуштив главата како покисната џукела. Сфатив дека најверојатно ќе морам да се смирам со сé уште безнадежно вљубената бивша девојка – Сара Бишоп, за да можам да се сместам некаде скоро месец дена.

Фак, неќев да одам во Вичита, ни случајно! Но, пред воопшто да го кренам погледот назад, лепотанот Алонѕо културно ме информираше дека уствари сакале да се видат со мене за да ме поканат со нив во сончевото Мексико.

Come on Peter, it will be a blast”, насмеано се убаци Чарлс додека веќе размислував како да стигнам до пари за да се транспортирам до Пуебла каде што живееше Мексиканецот.

You don’t need much money, just the plane ticket”, продолжи Алонѕо кој ја препозна сиромаштијата во моите нарачки на buy one beer – get one free и почна да ме убедува, иако веќе знаев дека ќе одам откако ќе му се јавам на татко ми, да му се јави на вујко ми, да ми пушти пет-шесто долари на сметка. Јебига, сосема неочекувано бев скроз одличен, цврсто си ја бев задржал стипендијата – заслужував награда за моите напори!

Претпоставувам, како на Алонѕо, така и мене ми беше повеќе од јасно дека моите немаат толкав кеш да ми помогнат одма, но вујко ми беше полн како око и немав ни најмалку грижа на совест во душичката кога испланирав да ја наговорам мајка ми да го убеди татко ми, да се задолжи кај вујко ми, да ме покрие во мојот крајно безобразен нихилизам. Секако татица и мамица на крај ќе го платеа моето курчење низ Централна Америка, но стварно немав појма дека универзитетот затвора за новогодишно-божиќниот период кој во Америка трае скоро месец дена.

„Хало Мама, вака и вака стојат работите…“. 

„Ево ти га Тата.“, ме заеба Мама и ми го даде Тата на линија.

„Јави ми се за један сат.“ ми одговори човекот кој скоро и да не зборува и еден саат подоцна ми кажа дека утредента ќе имам петсто долари на сметка.

„Хвала ти Тата…“, за малку ќе му кажев дека го сакам, но врската се прекина без чао – пријатно – све најлепше – недостајеш нам – волим те – воле те Тата и Мама.

Секс, Љубов (и “Тајни Друштва“) 

Сакав да прославам па тргнав накај Ракел која, иако не беше дел од бандата, случајем околности живееше во сестрински дорматориум кој беше на другата страна од универзитетот кој, во тоа време, се простираше на повеќе од 10 километри квадратни, во дел од кампусот каде беа сместени сите fraternities и sororities

Вака сега, да објаснам нешто набрзина, за што ми требаше долго време да го сфатам и самиот: Fraternities и sororities, како што им кажува името, се братства и сестринства кои постојат ВО СИТЕ КОЛЕЏИ И УНИВЕРЗИТЕТИ во САД, во некои институции во Канада и Британија, а некои и на други места – секако далеку од Македонија, како на пример на Филипини.

Тоа се групи на истомисленици, ексклузивно дечки или ексклузивно девојки кои се приклучуваат кон тие братства и сестринства мислејќи дека на тој начин не се сами, дека ќе останат лојални еден на друг до крајот на животот, мислат дека “знаат дека имаат брат, односно сестра“ на кои лицемерно можат да рачунаат како на лош калкулатор со расипани батерии кога и да им треба помош во откривањето на формулата за успешен и безгрижен, подобар живот (бљак!). Си имаат тајни поздрави, тајни сигнали, лозинки, иницијации и унифициран изглед, и во суштина си играат “Масони“ верувајќи дека на тој начин иднината им е осигурана, додека се пијанчат и се ебаваат едни со други и со сé друго што ќе им улета. Секако е така за некои од тие братства и сестринства, но сигурно не за сите, а кај мене на TCU ги имаше безброј и повеќето членови беа само куп несигурни кретени кои бараа безбедност во бројност како овци во стадо.

Се промував низ малите улички опколени со неокласични згради на кои уклесани во камен, гордо беа осветлени грчки букви што го одредуваа името на секое братство, сестринство – кобајаги единство. Стигнав пред дорматориумот каде, кој знае како, завршила Ракел и каде морав да се пријавам на рецепција затоа што беше уште едно сестринство со чудно име од типот на Капа-Алфа-Зета (или некое слично срање!). Ја побараа по телефон, но Амазонката не се јави. Знаев дека е сигурно скркана на што и да е од дрогата што ја украдовме од дечко ѝ само месец и кусур-дена претходно. После уште еден обид, па и трет на мое инсистирање од девојчињата на рецепција – Ракел не крена. ФАК!

Ја замолив малечката азијатка со кикици на главата и г’з на градите, едната од двете на смена, да се обиде да ја добие Ракел уште еднаш, но и четвртиот пат беше залуден.

Малата азијатка имаше неочекувано големо деколте за своите коси очи и низок – скоро џуџест раст, па јебига – кај да ја гледам од високата перспектива на моите два метра ако не у цицки. Како хипнотизиран ја бленев токму таму кога ја замолив да ми дозволи да тркнам до собата на Ракел, да проверам дали е сè во ред. Познавајќи ја лудачата која беше постојано скркана на нешто, навистина бев загрижен дека претерала. Таа мисла ми беше постојана параноја пред да заспијам, и секое утро кога ќе се разбудев се надевав дека ќе ја видам некаде низ кампусот само за да знам дека не оверирала* (*етимологија на изразот – скопска Брат!).

Nо, you may not!”, одговори другарка ѝ, колешка ѝ, побрати ѝ – whatever, која стоеше до неа и со брич-остар поглед го дочека мојот искривен израз кога кренав глава од цицките на азијатката.

There might be something wrong, I am just afraid for my friend, брзо и мајсторски им одговорив во последен обид да стигнам до Ракел што поскоро затоа што колку и да блефирав, како ги изустив зборовите така помислив дека навистина: There might be something wrong со лудачата.

Девојчињата се погледнаа со израз на лице на кој чисто можеше да се прочита полицискиот записник за нивна небрежност доколку бев во право, доколку не го послушаа моето генијално смислено, тотално дискретно предупредување.

Косооката делуваше како да беше шармирана од шовинистот во мојот балкански шарм па ја скроти колешката кога ӣ кажа:

I’ll go. Who knows, let’s check her out, и ми намигна.

Хе-Хе…

Азијатката ми беше позната од некаде, но немав појма од каде ја знам. Бев сигурен како што сум и денеска дека такви раскошни цицки немаше да ги заборавам, но нејзиното лице ми кажуваше нешто друго. Постојано ја ѕиркав од висок ракурс додека одевме накај собата на Ракел. Прво моравме да го изодиме долгиот ходник до првите скали кои ги искачивме до трети спрат. Шмизлата ми намигна уште еднаш, веднаш откако ме фати жив како ја зјапам во деколтето. Потоа ми дозволи да одам пред неа, како да сакаше да се свртам и да добијам уште подобар поглед, затоа што, како и секоја жена, интуитивно знаеше дека ќе ја искористам можноста да ја ѕирнам, а она едвај чекаше да ми фати од тинејџерскиот сеир. Повторно ми намигна, овој пат со дури и заводлива насмевка. Знаев дека нешто се дешава кога стигнавме на третиот спрат, кога ме потфати за половината за да ми каже дека сме блиску.

Do you work out?”, ме праша откако почувствував дека ме опипа само малку посилно.

No, but I use to be a waterpolo goalie, ѝ одговорив гордо и во стилот на Принц Филип, Војводата од Единбург.

Wow, yeah. You have really broad shoulders too, повторно ми намигна и ми се насмеа кога ја погледнав.

Стигнавме пред собата на Ракел на која имаше црно-бел стикер на кој пишуваше “F**K – OFF”. Почнав да тропам на вратата и да ѝ го довикувам името. После секое чукање го ставав увото на вратата за да чујам некаков, каков било звук…

Is she your girlfriend?, запрепастено ме праша малата закачка

„За жал не. But she’s a really good friend, a soul mate so to speak, ѝ вратив, несвесно искресно, и продолжив да тропам на вратата.

I got the keys to her room right here, do you want me to open the door?, ми предложи девојчето. Се свртев и веќе ѝ ѕвецкаа куп клучеви во раката како да беше газдарица на флиперница.

Погледот ѝ беше безобразен и недвосмислено похотен.

Доаѓајќи од една крајно конзервативна Македонија, не ми беше ни на крај на памет дека типична воведна сцена од лош германски порно филм може да биде реалност, но ете, ми се случуваше колку и да не сакав да поверувам дека ебачки за беспари се дешаваат туку-така, за 5 минути, некаде, со некоја Јапанка, во некое универзитетско сестринство во срцето на Тексас.

Колку и да ми беше примамлива мислата да ѝ дозволам на азијатката да ја отвори собата на Ракел и евентуално да се изебеме баш таму, сепак се воздржав зошто во мојата глава Ракел беше неосвоена планина, врв вреден за чекање за идеалната сезона за качување. Неќев да ризикувам. Но, ја погледнав клинката, ѝ намигнав најебачки што можев и чекав да ми врати било како за да ми даде до знаење дека е спремна да општиме.

Како и во секој лош германски порно филм, азијатката ми предложи да ја почекаме Ракел во собата за перење алишта на другиот крај на ходникот зошто, како што ми кажа одма, и самата живееше во соба на истиот спрат, а “имала алишта во сушалната“!

Веднаш се сложив како Начо Видал.

По пат ми кажа дека се вика “Џени“, дека мајка ѝ е Филипинка, а татко ѝ полу-Јапонец – полу-Американец со шкотско-германско-јапонско потекло. Набрзина се претставив и самиот. Бев културен како да аплицирам за американска виза зошто сеирот ќе беше ужасен ако не бев во право за ретро порното што го очекував во секој момент, со полудигнат меснат прилепски колбас во боксериците.

* * *

Can you help me with the laundry please?” ме замоли Џени кога ја отвори сушалната. Жешко ме зароси топла реа пријатен омекшивач што мирисаше на нежна борова смола. Почнав да ги вадам алиштата едно по едно, кога во рацете, најклише, ми се најде еден голем чипкан тиркизен  прслук. Се свртев кон неа со прслукот во раце. Ѝ го подадов, ми се насмеа, го здипли и го стави на мало купче долен веш. Не кажа ниту збор, а толку многу сакав да каже било што, да го искоментира нереално големиот прслук за да ми даде повод да ѝ ги спомнам градите, за да си дадам причина да ѝ се ставам и евентуално да ѝ се симнам. Атмосферата беше крајно чудна. Само 20 минути претходно ја запознав на рецепција во сестрински дорматориум, а сега ѝ помагав да си ги нареди свежо испраните и исушени алишта со дискретен мирис на планинска шума некаде на северот на шкотските предци на татко ѝ…

You do the underwear, I prefer the shirts and pants folded in a specific wayso I’ll do those., ми кажа како да сакаше да ја замислувам во секој пар танга и во прслуците кои беа со најмалку три пати поголем број од гаќичките кои специфично беа проѕирни, а и со толку малку материјал што во никој случај не би можел да ги искористиш за бришење прашина, па дури ни на екран од лап-топ.

Малата соба без прозорци, обоена со расипано светкаво розевкасто неонско светло беше изгор-жешка од десетиците перални и исто толку сушални кои верглаа сплотени во звукот на механичката мантра на своите мотори. Капиларите на курот ми се отвораа од жегата, и мускулот модро ми се ширеше во неиздржлива болка, како да ќе експлодираше, како некоја невидлива рака садистички да ме стискаше до цедење на последната трунка потенција. Бев стап и дури и ми се вртеше од што сакав да ја грабнам и да ја наденам на сето она што ме правеше горд од пубертетот наваму. Вратот ми беше облеан со ситна пот и си ја кренав долгата лавовска кадрава грива во пунџа што си ја врзав со самата коса. Јебига, немав стегач при рака, се дешава. Во очите ми капеше пот и ми се креваа влакната секаде каде мислев дека воопшто не ни имам влакна. Бев спобудален. Накострешен. Тргнав да ја залапам и јазикот ми беше веќе до пола надвор кога шмизлата крајно препотентно ми кажа: No kissing, I don’t do kissing..

Мушки ме грабна за косата на темето, се поткачи на едната од веш-машините и насилно и грубо ми ја симна главата како да беше некаков гад-шовинист кој сакаше “да ѝ го испушам!“. Немав проблем со тоа, едвај чекав. Ми се исполнија порно соништата од детството кога ги гледавме германските порки на брат ѝ на Валентина од трето-три кај неа дома пред часови, кога бевме втора смена во школо (Валентина имаше Ве-Ха-ЕС плеер, беше една од ретките во тоа време.).

Ѝ ја јадев на Џени како жеден маратонец после трка низ Адис Абаба во Етиопија…

Оваа вриштеше како никој никогаш да не ѝ се симнал…

Работев на случајот. Упорно. Амбициозно. Ентузијастички. Со ќеиф…

Отсекогаш, па и пред тоа, ми беше најјако искуство кога девојките ми свршаваа пред да им го забиберам меснатиот љут колбас, зошто знаев дека после тоа можам да правам што сакам.

Господ ме беше благосовил со генот на таткo ми на кој се сеќавам од неколкуте кратки екскурзии во ве-це-то кога бев дете, кога имав зорт да какам додека он се бањаше, кога позади завестата му се гледаше гордоста која беше најмалку пола причина за мајка ми да го каже судбоносното “ДА“ во некоја црква некаде во прилепскиот регион во Април ’72-ра.

Како ја кренав главата да се осигурам дека на малата ѝ е јако додека “работам“ на клиторисот, така ѝ го искинав брусхалтерот. Цицките ѝ се разлеаа како големи проѕирни балони полу-полни со топла вода. Беа огромни аморфни топки кои беа премногу меки за да ги грабнеш цврсто – беа разводнети и меки, а што е тапа, тапа е.

Продолжив да јадам ваџајна и почнав и да ѝ го пикам едниот палец во газот. Џени се напали и ме замоли да ѝ го пикнам и вториот палец заедно со првиот. Се исправив како Самсон од Библијата, го извадив прилепскиот колбас и ѝ го пикнав од позади со двата палци сигурно затнати во малиот ѝ депилиран анус.

Сега свртена, цицките ѝ добија тежина, но не ми даде да ѝ ги грабам зошто сакаше да ѝ буричкам во анусот додека ја ебам најјако што можев. Целата ситуација не ми направи многу ќеиф. Џени не знаеше да мрда со торзото, не знаеше да го напупи газето, не знаеше дека можеби треба да пушти раче помеѓу нозете за да ме грабне за муда и да ми даде правец додека копав за злато. Неполни пет минути подоцна ја осетив дека сврши, нозете почнаа да ѝ се тресат неконтролирано, целата се згрутчи во прекрасна болка и ме шутна настрана како некаква кукла чија единствена намена беше да ја задоволам без да ми каже Благодарам.

Бев мрднат, сакав да продолжам. Го извадив и почнав да ѝ го дркам пред лице додека се обидував да ѝ ги ставам јајцата во уста. Гадурата ме тргна на страна и ми кажа Fuck you asshole, I’m not that kind of girl!. ЖИТИ МАЈКА! Си ги зема работите кои половина ѝ ги здиплив самиот и искочи од пералната што мирисаше на омекшивач, секс и широко отворен запотен филипино-јапонско-американски газ.

Бев спизден и недовршен, недоебан и спобудален, со дигнат кур – отечен, и недоволно крв во главата за да размислувам како и секој друг човек со прилепско потекло!

* * *

Клише муабетот продолжи две минути подоцна, моментот кога излегов од пералната…

На крајот од ходникот ја видов Ракел. Се мачеше да ја отвори вратата од својата соба. Изгледаше како преебана и истепана курвештија од најлошиот бразилки “B“ филм. Ѝ довикав. Ме виде. Влезе во собата и чув дека се заклучи два пати.

„Отвори Ракел, те молам, отвори!“, тропав на вратата како споулавен.

What do you want?“, ми свика од другата страна со солзи во гласот.

„Сакам да те видам, да ти кажам нешто важно“, ѝ бекнав најтинејџерски што можев.

Вратата се отвори и ја видов како седнува на креветот до прозорецот низ кој гореше сонцето. Ѝ го свиткуваше лицето во непрепознатливост; во секоја солза што ѝ се тркалаше по лицето – светллината се прекршуваше како низ призма во сите бои на виножитото. Секој нејзин краток липај ми ја згруткуваше гушата, ми ги преплавуваше очите, ми ја болеше душата, сè посилно ми го стегаше стомакот како во веќе затегнат морнарски чвор.

„Не кажувај ниту збор…“.

Почна да се соблекува. Стапалата ѝ беа црни како на валкано циганче. Маицата ѝ беше развлечена и искината, бедрата црвени и изгребани, косата мрсна и искубана како кокошка спремна за печење. Не сфатив дека лебдеам кога се свртев кон огледалото и се видов како бестежински пловам над земјата, во рамките на зрцалото, во мало море од заслепувачка светлина без бранови. Ракел се соблече гола, застана пред огледалото и почна да се замива пред лавабото. Во тој бесконечен момент се почувствував како да не знаев како стигнав во нејзината соба. Како да го загубив сеќавањето за сè друго освен за фактот дека Ракел ја криев во најширокиот дел од срцето уште пред да ја запознаам.

Нозете ѝ се тресеа неконтролирано како да беше во шок, по грбот и низ модринките скржаво ѝ се цедеше по некоја осамена капка пот. Собата замириса на егзотичен коктел од скап цветен парфем, стар скиселен дезодоранс и жешко исковано железо.

Се исправи пред огледалото, мушки и храбро. Успеа да се исконтролира и да го запре недоброволното тресење на мускулите на нејзиното масивно цврсто и запотено тело.

Ја гледав и сакав да го убијам кој и да ѝ предизвикал таква болка, но Ракел се сврте кон мене и ме зашемети кога ми се фрли во љубовна прегратка, чувство што го имав забележано единствено кога сестра ми ме гушкаше кога имаше скршено срце, кога ѝ беше тешко како да носеше сандак полн олово на градите.

You smell like pussy., ми кажа кога ме избацува насекаде во усните. Се насмеа. Закачки ме удри по лицето, како да ме погали. Ме гушна силно. Ме гушна уште посилно, се скри во моите нежни прегратки.

I know, I had some really bad pussy in the laundry while I looked for you.. Не можев да ја лажам, ја сакав со секоја пора од која се цедеше потта на малата безобразна азијатка.

You fucker – I love you!, ми шепна, искрено, љубоморно, љубовно, совршено.

Се погледнавме како да сфативме дека сме љубовници уште од претходниот живот. Се гушнавме, се сплотивме во едно, се пољубивме како да си ја запечативме иднината еден со друг, како што мечтаев дека ќе се случи – секој ден додека посакував да ја видам некаде низ капусот, додека ми се превртуваа цревата, срцето, желудникот, паметот…

Сонцето зајде позади облаците и паднав во љубовно бесознание прошарано со боите на виножитото низ солзите на моите цврсто затворени очи.

Љубов.

Со сè уште затворени очи, се свестив пред вселенскиот млечен пат, кога сфатив дека Ракел хрчи, тешко обесена на моето тело, невино разлигавена, скршена, тажна до ѕвездите позади моите очи и назад.

Беше голема и тешка женска, но совршено складна и згодна Амазонка како од пишувањата на Херод, и го обожавав тоа кај неа. Беше масивна колку мене, како самиот да лежев врз себе, како да ја имав освоено неопеаната сестра на џинот Зипакна – митолошкиот полулош полубог на предисториските Маи. Не сакав да ги отворам очите додека ѝ ја галев рапавата свело-чоколадна кожа, набабрена и истепана од причини кои сè уште не ми беа јасни и за кои дури не сакав ни да знам за да не ме депортираат во случај да направам беља, а беља ќе направев како и секој лудо вљубен мајмун.

Ракел се разбуди скоро веднаш.

„Did we have sex?“, ме праша со блажена насмевка, загубена во кој знае каков делириум од кој знае какви причини.

„I guess we did“, ѝ одговорив како да бев загубил невиност. Не можев дури ни да се сетам што се случи од што бев полетен и пресреќен.

„I’m hungry. I want to eat a cheeseburger.“

„I am going to Mexico for the holidays“, ѝ спомнав срамежливо како да барав одобрение…

Ракел ме погледна низ тенок процеп на поспаните очи. Неколку тешки моменти подоцна ги затвори…

„I want a cheeseburger.“

Отидовме до Jack in the Box и нарачавме дупли чизбургери со сланина и екстра кашквал. Ракел воопшто не ни гледаше во мене додека јадевме на паркингот како прегладнети бездомници. Неполни пет минути подоцна отиде до drive-through прозорчето и нарача уште еден дупли чизбургер кој го изеде додека јас сè уште го завршував првиот. Кога конечно го завршив, ме праша дали сакам уште еден. Климнав со главата и се врати со нејзинот трет чизбургер со сланина и вториот за мене – без сланина но со екстра мајонез.

Седевме на тротоарот. Јадевме молкум и зјапавме во млечниот пат кој беше невообичаено светол таа ноќ над Форт Ворт во Тексас…

Најубавата ноќ од мојот живот…

*** сè уште ***

Dick Major

Пиши му на Dick Major: dickmajor2@gmail.com

- Реклама -