СЕЌАВАЊА НА АМЕРИКА “ДЕНОВИТЕ НА ДЕНОТ НА БЛАГОДАРНОСТА“ (IV Поглавје)

СПОДЕЛЕТЕ

„Додека исплашено ги изодував последните чекори пред да пристигнам до мојата соба која беше на средината од долгиот ходник на вториот кат, забрзав како да ме бркаа сто демони и илјада ѓаволи. Нервозно ги извадив клучевите. Отклучив. Набрзина се пикнав внатре. Ја треснав вратата и заклучив четири пати – колку што дозволуваше бравата. Да можев, ќе се затворев во скривница изградена да издржи нуклеарен напад!“ 

Пишува: Dick Major

Да не беше последната недела од Ноември, немаше ни да погодам дека е Thanksgiving – вториот најбитен празник во Америка после Божиќ. Уште од понеделникот приметив дека сите нешто се олабавуваат и се опуштаат, сé нешто се понашаа како да го чекаа Годо.

Во вторникот ми пријде Сара која со гордо стиснати заби не ги пушташе солзите да ӣ се разлеат врз лицето кога ме преколнуваше да се смириме, и ме покани кај нејзините дома во Вичита Канзас за празниците. Културно ја одбив и дури тогаш уствари дознав дека следува продолжен викенд.

Кога дојде среда сабајле, пред да замине со првиот лет до Колумбија, Федерико ми објасни дека ќе се врател за 5 дена и ме замоли да не си играм со неговата виолина која, како сокриено богатство ја чуваше во ќошот од плакарот. Попладнето се испразни универзитетот и ноќта отидов во “University Pub”. Беше тивко и празно како во напната вестерн сцена од филмовите на Серџио Лионе. Само јас, меланхоличниот шанкер со мрзливо око, и нашите догорчиња кои безнадежно згаснуваа во пепељарата додека и двајцата од досада постојано палевме нови цигари. Зацепав две нарачки од по две пива одеднаш, еднооокиот ме почасти шат Jack Daniels за да не биде без ич, и, од што не знаев веќе што со себе, си заминав низ празните улици назад до кампусот. Долгите сенки на високите улични светла и ладниот ветер, ми беа осамено друштво во глувата безбојна ноќ.

Претпазливо влегов во дорматориумот каде празните ходници веднаш ме потсетија на The Shining на Кјубрик. Лобито обично беше преполно со гласни дечки кои гледаа баскет на ESPN, но сега бев единствениот гостин во огромното здание начичкано со безбројни соби во кои знаев дека немаше ниту еден единствен студент. Кој и да бил последниот што ја напуштил зградата, го беше заборавил телевизорот уклучен на филмскиот канал, на кој, сосема прикладно за атмосферата, одеше сцена од некаков “Б“ слешер хорор филм. Го исклучив ужасот. Тишината стивна во зуечка штама од која веднаш ми се кренаа влакната на вратот.

Конечно ми текна значењето на бројот “237“.

Тие три последователни цифри ме мачеа уште од првиот ден како што пристигнав во Тексас, кога бев сместен во Days Inn во соба со истиот број. Додека безшумно се движев низ пустите ходници на стариот неокласичен објект, ми текна дека токму пред собата 237 во филмот беа заклани двете морбидни близначки. Помислата на фамозниот кадар од нивните масакрирани безживотни тела ми предизвикуваше паника, параноја, и неподнослива болка во стомакот…

Иако знаев дека нема никој, се вртев преку рамо за да се осигурам дека од темните ќошиња нема да ми се припојави некаков сериски убиец со секира или можеби со голем кујнски нож; Кој знае, си потшепнав…

Додека исплашено ги изодував последните чекори пред да пристигнам до мојата соба која беше на средината од долгиот ходник на вториот кат, забрзав како да ме бркаа сто демони и илјада ѓаволи. Нервозно ги извадив клучевите. Отклучив. Набрзина се пикнав внатре. Ја треснав вратата и заклучив четири пати – колку што дозволуваше бравата. Да можев, ќе се затворев во скривница изградена да издржи нуклеарен напад! Ги запалив сите светла. Ставив пешкир преку процепот од вратата за да не се фурам дека гледам сенки. Свиткав џоинт со тревата што ми ја подари колешката Ева од Панама пред да замине дома за продолжениот викенд, се надував до полната месечина позади затворените ролетни; и, потонав во безсознание, во страв дека можеби нема да се разбудам никогаш повеќе…

Четврток

Збунет и уморен, се разбудив доцна попладнето околу еден и нешто поручек. Цела ноќ спиев немирно и се будев на пола саат да проверам да не ми влегол случајно некаков манијак во собата, да потврдам дека сум сé уште жив. Ги изгаснав светлата кои гореа цела ноќ и широко ги отворив ролетните. Надвор немаше ниту едно единствено човечко суштество, само две верверички кои се бркаа на голите гранки од старите дрвја и понекој осамен гулаб под сивото облачно небо кое беше тешко како тагата на рамениците на младиот Вертер.

Немав на кого да се јавам, ниту познавав некој што останал на кампусот за Денот на Благодарноста.

Можеби требаше да отидам со Сара во Вичита, никогаш не сум бил во Канзас, си помислив додека го виткав остатокот од тревата.

Не. Никако! Во тој случај ќе си направев љубовна заврзлама и ќе се каев најмалку до нова година, си одговорив сам себе кога го вовлеков првиот дим од љутиот џоинт;

А и кој курац се усрав синоќа како кога бев дете?; Кога случајно се заклучив во огромниот празен стан дома во Белград; Кога имав само пет години; Кога им избегав на баба ми и дедо ми; Кога ме молеа од другата страна да се поттргнам од челичната врата, што мораа да ја развалат пожарникари за да влезат внатре… Кој курац се усрав до толку?!?

Го завршив џоинтот и се надував прописно. Како и ден денеска, иако сега веќе не дувам, ме пукна мојата опсесивна компулсивност. Почнав да си ја чистам собата додека во главата се обидував да си ги одговорам прашањата поттикнати од ненадејниот наплив на некотролиран страв претходната ноќ. Одново си ги здиплив сите алишта што секако ми беа уредно наредени во плакарот. Си ја пицнав работната маса и до мерење на размакот на омиленото пенкало во однос на хефталицата, во однос на тенкоминецот и гумата за бришење. Тивко и концентрирано, сите книги на полиците ги подредив под идентичен агол, по големина, по предмети, и по висината на првата буква од насловите на средината. Внимателно ги поставив така да се читаат од долу нагоре и по нијансата на отсјајот во однос на светлината која ги илуминираше однадвор…

Кога веќе немав што друго да наредам, ги потсредив и работите на мојот цимер кој секако беше педантен, но, очигледно не доволно и за моите болни стандарди.

Сé уште ме држеше Те-Ха-Це-то кога одлучив да го пребродам стравот засекогаш. Се соблеков пиштол-гол. По навика си ставив само пешкир преку долната половина и отидов да се избањам во едното од вкупно четирите купатила кои беа заеднички за сите студенти во дорматориумот.

Како што излегов во долгиот празен ходник, сфатив колку уствари беше прекрасна ситуацијата во која се наоѓав. Бев единствениот гостин во огромната зграда, апсолутен цар на просторот, без криви погледи или непотребни коментари. Fuck it! си реков и го тргнав пешкирот. Почнав да спобудалувам и да си го ландам додека подрипнував низ ходникот, додека си ja потпевнував I love you baby на Френк Синатра. Со секој чекор пеењето ми стануваше сé погласно, сé додека не влегов во огромното купатило, и тогаш веќе пискав од радост и возбуда. Ги пуштив сите дванаесет тушеви и почнав да се изживувам во мојата лична епизода од “Зона на Сомракот“. Ги врескав стиховите на Френк Синатра во фалш, како неизживеан панкер со ненадејно премногу слобода. Трчав и се мавав од едниот па од другиот ѕид под тушевите кои скроз садомазохистички и крајно перверзно си ги наместив од најладен до најврел. Помислив и да си го издркам со малку сапунче ама се предомислив. Ми беше премногу јако додека правев shuffle на сите песни на Синатра што ги знаев,

♪♪♪ And more, much more than this, I did it: MY WAY!  ♪♪♪” 

Саат време подоцна веќе стигнав до New York, New York и се вратив во собата, горд како Јане Сандански, храбро како национален херој вреден за статуа со коњ, без трунка страв од било што. Си ја исфенирав долгата коса која ми се извитка и веднаш ми се крена во афро фризура. Се намачкав со Gucci миризливо млеко за тело што мајка ми ми го пикна во куферот пред да заминам. Се дотерав во ѕвонарици, во земјено-жолта кошула и црн струкиран елек да ми одговара со дебелиот широк кожен каиш. Си ги облеков Мартинсот со челик. Си го завиткав вратот со шал од темно-кафеав тенок кашмир. Си ја облеков омилената црна јакна од излитена кожа…

Полн себе, излегов да се прошетам како апсолутен владетел на кампусот. Бев гладен како… би рекол “како волк“, ама не! Бев гладен како дете бегалец од Егејска Македонија на пат до Полска во 1948ма. Бев многу гладен; Многу!

I’ll have everything double!”, надувано и со тврд акцент ӣ нарачав на едната од двете женички позади долгите стаклени излози во огромната главна кафетерија на универзитетот, што, ми се чинеше, работеше само за мене.

You should get a sandwich too… for later”, ми кажа малечката Мексиканка додека ми полнеше два тањира со шест дебели парчиња мисиркини гради, четири големи кутлачи пире со лук, две пченкарни земички, цело ваганче кафеав прелив, огромна порција зелена салата удавена во дури и премногу бел Ranch® сос, и две парчиња американска пита со ореви.

We are closing in one hour” се убаци другата теткица со типичен мексикански акцент за да ми даде до знаење дека нема да имам каде да јадам подоцна вечерта.

Sure. I’ll have two ham and cheese sandwiches with lettuce, tomatoes and extra mayonnaise. To go please.“, им одговорив како од пушка. Малите буцкасти женички ми се озарија широко и срдечно. Очигледно беа бескрајно горди на мене а посебно на мојот апетит. Весело и насмеано ми скоцкаа два огромни сендвича кои ми ги наполнија со шунка и кашкавал како да редеа торта и ми дадоа и екстра мајонез во една мала алуминиумска зделичка. Нека има, си промумлав и им се заблагодарив: Thank you very, very much Señoritas…

Беше комплетно напуштено и делуваше некако дури и постапокалиптично, така што сењоритите работеа и на касите каде вообичаено имаше десетици касиерки и редици во кои се чекаше до заборав. Едната од нив набрзина дојде да ми наплати, а мојот балкански шарм надополнет со едно екстра “very” во Thank you very much“ изгеда толку многу ја обори с’ногу, што ми наплати пола од цената, а сендвичите ми ги даде гратис. Muchas, Muchas Gracias… 

Седнав да јадам на моето омилено место, во ќошот од каде вообичаено ги шпионирав балерините насабајле. Целата кафетерија ми беше на дланка, но веднаш потонав во двата преполни тањири како да не сум јадел со години. Грасот ме пушташе, но гладта ни случајно. Се загубив во сочното мисиркино месо и во малата планина пире, дотолку што помислив да се вратам кај малите шармантни мексиканки за уште една тура.

Амазонката

May I eat with you?, се штрецнав од милозвучен женски глас и високо го кренав погледот. Пред мене стоеше Lorena Maria Louisa Raquel Souza Oliviera Herrera од Rio de Janeiro.

You can call me Raquel”, ми ги скрати маките, кога седна пред мене пред да ӣ одговорам дали одобрувам.

Се збунив од храбриот пристап на Бразилката која уствари ја познавав од orientation. Ми фати око и тогаш, но скоро три месеци подоцна заборавив на расната Јужно-Американка. И самата имаше преполн тањир и ми се насмеа кога почна да јаде како што јадев и самиот – со оргазмично мљацкање и повеќе од најмногу ќеиф во секој залак.

„Не отиде никаде за Thanksgiving???, ме праша без да ме погледне и продожи да си сече крупни парчиња мевце кои ги џвакаше сочно, полека и некако секси. Ӣ одговорив дека доаѓам од премногу далеку за да го имам луксузот да се вратам дома на пет дена.

Macedonia!? Am I right?, ме изненади кога ме праша. Опаа, па и она ме пикирала и ме памти уште од пред скоро три месеци, се возбудив и не можев да ја скријам тинејџерската насмевка кога ӣ одговорив: That’s right, the bellybutton of the world”.

You are so full of shit!, ми врати во стилот на Вања из Сарајева, како што заслужив за мојот одговор инспириран од монолозите на Ацо Станковски кај него во атеље само година дена порано. Заќутев како немирно учениче отерано во ќош и продолживме да јадеме додека инфантилно се ѕиркавме и си се кикотевме еден на друг помеѓу залаците. Се познававме само неколку минутки, но веднаш се заигравме како дечиња на лулашки; И баш тоа ни се свиѓаше и на двајцата. Кликнавме на прва и петнаесет минути подоцна веќе бевме во натревар кој прв ќе си го заврши јадењето. Како вистински џентлмен ӣ дозволив да победи иако бев при крај, а она тоа го знаеше. Кога станавме да заминеме, ме фати под рака како да се познававме отсекогаш и ме праша каде ќе одиме…

Ракéл беше горостасна девојка од можеби метар и девеесет, беше само малку пониска од мене. А јас, убав на мајка, да си кажам дека сум огромен, како бесмртен Горштак излезен од некоја пештера во Шкотска! За разлика од минијатурната Сара која без проблем можев да ја носам под мишка како ташничка, а Бога ми и за разлика од повеќето девојки што дотогаш ги имав во портфолио –  Ракéл ми стоеше. Беше Амазонка по раѓање, и тоа беше и повеќе од очигледно. Беше маркантна рибетина, атрактивна, многу голема женска – женска и пол ако не и две; со многу долга црвено-исфарбана коса до г’з, со сетни, крупни, неприметно темно-зелени очи, колкови како на млада кобила, ситно струкче, големи, тврди како камен цицки што гордо си ги мафташе наоколу без прслук, и, имаше крајно безобразен поглед кој беше идентичен на мојот. Си се најдовме, во сега веќе заедничката епизода од “Зона на Самракот“.

Како најдобри другарчиња, фатени под рака, отидовме кај мене во дорматориумот да гледаме страшни филмови на кабловска.

Супер цура беше Ракéл – вистински другар. Апаш во најромантична смисла на зборот, бистра и паметна, харизматична и сексуална и во најмалиот гест. Пријатели сме и сега – после скоро дваесет години а се немаме видено петнаесет, и со неодолив шарм ми пишува редовно како го вара таткото на нејзините три деца како стигне и со кого и да стигне (башка, сега има уште две презимиња, ама ајде, да не претерувам).

Знам дека изливот на позитивни емоции за Ракéл, како и ненадејното откривање на нашиот сé уште активен однос, можеби го скрши четвртиот ѕид на поглавјево; но, верувајте – ништо не знаете, исто како и сопругот на Ракéл – појма немате!

Петок

Ракéл спиеше веднаш до мене на широкиот кауч во лобито кога отворив очи. На телевизорот одеа реклами за паста за заби, за осигурителна компанија, за некој локален адвокат специјалириран за сообраќајни несреќи. Го стишив тонот и го дојадов остатокот од сендвичот со шунка и кашкавал.

Сонцето зад подотворените завеси фрлаше повеќе од доволно светло на нејзините цицки услинавени од лигите кои ӣ течеа од подотворената уста. Прекрасната убавица спиеше како пијан морнар и хрчеше како викинг. Долгите нозе ӣ паѓаа од каучот и ӣ ги поткренав за да ӣ направам да ӣ биде поудобно. Не можев да го тргнам погледот од огромните цицки без прслук кои скоро да ӣ ја кинеа тенката и малтене проѕирна бела памучна маичка со розеви штрафти. Сé беше тука пред мене: тврди темни брадавици со сразмерно тамам пупка; беа меснати, полни како топки тесто за фамилијарна пица, доволно големи да им позавиди и порно ѕвезда; кожата ӣ беше затегната како на цицките на мајка ми кога бев дете; и ӣ се наѕираше понекоја пегичка за да ме заскокотка уште повеќе.

Го земав тенкото ќебенце за кое се грабавме цела ноќ и ја покрив само за да си направам можност да си ја слизнам раката врз нејзините огромни тврди гради. Ги подзатворив и очите како некакво манијачиште и веднаш се напалив како да имав тринаест – кога ӣ ја поминав левата тешка цицка.

Ја покрив, ја погалив по долгата коса, запалив цигара и отидов да се искењам и да измијам заби.

Петнаесетина минути подоцна се вратив и Ракéл беше разбудена. Пушеше цигара и си ја фаќаше долгата коса во репче.

You like my tits?” ме праша и ме збуни. Имаше благо накурчен израз на лицето и мртва-ладна си ја соблече маичката. Боженствените цицки скоро и да не ӣ се поместија на совршеното голо торзо. Стоеа исправени како ројалната гарда на кралицата на Англија. Ме обзема топлина, срам, конфузија, врела пот во пазувите…

Come here and touch them! You want to touch them, don’t you!?, ми ја зема раката, бесчувствително ми ја стави на големите гради и потоа ми ја тргна на страна.

This is the second and last time you’ve touched them!” ми кажа сега веќе поднакурчено. Бев крив и немав што да ӣ вратам. Никогаш претходно немав направено такво срање, а тој прв пат ми остана и последен. Ракéл се облече набрзина и си замина. Не се ни обидов да ја вратам назад зошто знаев дека сум крив. Излегов по неа и ӣ се извинив неколку пати, така признавајќи си ја вината за простаклукот.

Не се ни сврте. Се јадев жив додека ја гледав како се оддалечува во црна точка низ сувите лисја на пустиот кампус.

* * *

University Pub беше затворен, а и подобро беше така за мојот новчаник. Отидов до најблиската бензинска за да набавам пиво. Беше крај на Ноември и веќе бев скоро готов со џепарацот што ми го пушташе татко ми како пензија секој први од месецот иако имав и кеш за трошење од стипендијата. Но, јебига, со последните дваесетина долари си купив две пакувања од по дванаесет Shiner Bock и две кутии Camel® без филтер зошто немав уште пеесетина центи колку што ми фалеше за нормалните Камел. Копилето што работеше таму неќеше да ми излезе у пресрет – копук!

Натоварен како магаре, едвај се довлечкав назад до дорматориумот. Се струполив на каучот, се покрив со ќебенцето кое сé уште мирисаше на Ракéл, си пуштив филмчиња на HBO, здрвив цел пакет пиво, ја испушив едната кутија катран без филтер и пијано се онесвестив пред телевизорот; со тешко чувство на вина заради оправданото отсуство на неодоливо раскошната и апсолутно прекрасна Амазонка.

Сабота

Ја читав “Љубов во време на колера“ на Маркес во мојата соба, се сеќавам како да беше сега пред малку. Веќе беше многу доцна попладне и бев загубен во книгата, а и во речникот, зошто ми беше прво сериозно четиво на англиски. Фатив да го листам романот рано сабајлето и бев некаде скоро до средовечноста на Флорентино Ариза и на Фермина Даза кога чув ситно удирање на прозорците. Како ја кренав главата, видов едно камче кое за малку не го скрши стаклото пред моето лице.

„Еј гомнар, знам дека си таму, само твоето светло гори во радиус од неколку миљи“, го чув крештавиот полупијан глас на Ракéл уште пред да стигнам да ги отворам ролетните до крај. Се израдував како мало дете на накитена елка, и веднаш се симнав со трчање за да ӣ ја отворам главната врата од зградата.

За инат или не, Ракéл беше дотерана како за у диско. Прво што видов пред да ме гушне како најдобар другар, беше голема натапирана фризура, многу маскара, размачкан креон, дебел слој црвен кармин, и најголемата бунда од крзно на лисици што ја имам видено икада. Беше очигледно подзапиена и влезе во лобито од дорматориумот како начукана и трапава проститутка. Си ја соблече долгата бундетина за која веројатно утепале триесетина сироти животинчиња, и на нејзиното совршено и големо тело веќе скоро и да немаше друга гардероба. Само една многу висока и претесна сукњичка со намерно очигледни подвезици, тесно и кратко памучно маиче со отворено деколте – кратко за да ӣ се гледа тетоважата околу пупакот на кој исто така имаше и пирс со зелен смарагд, и тесно за да ми ги пикне огромните сочни цицки во носот ко за инат; Носеше високи тенки штикли за да биде на моја висина, и светкави – очигледно многу скапи менѓуши нараквици и ланче – сé од вистински дијамантни и смарагди кои ӣ го комплементираа пирсот.

I would have done your make up much better, беше првото што ӣ го кажав кога ми се дигна како на дугме. Пијаната Бразилка ми се насмеа со зашеметено криви очи. Разлигавено и несмасно ме баци во устата и ме гушна доволно силно за да ӣ ги осетам големите гради врз моите. Не ме занимаше зошто се врати, уште помалку зошто му прости на мојот простаклук, но бев пресреќен дека беше пијано клапната на моите широки раменици. Ја чувствував како другар, уште од кога ја видов во кафетеријата. Не сакав да ја загубам. Низ годините, а поготово во годината на четврта средно во Оклахома – никогаш не се споив емотивно со никој.

Ракéл некако ми пасуваше од прва, ја доживував како реплика на самиот себе, исти јас но со многу подобри цицки. Претходната ноќ ја поминавме улегнати пред телевизор и со саати се кршевме од смеење без причина. Да! Сакав да ӣ ги изебам цицките, но смеењето со неа беше далеку подрагоцено и поретко од што било друго што го бев искусил претходната година и во годините потоа.

Го извадив второто пакување со дванаесет Shiner Bock-a, а Ракéл извади грам кока. Следните два саата пиевме и се дрогиравме и разговараме за татко ми, за мајка ӣ, за дечко ӣ, за девојка ми бивша, за детството, за љубовта, за нејзините подвезици, за мојот крив кур, и за ненадејниот хируршки сунет кога имав десет години. Ни беше најбоље на свет. Риноларинголошки бевме здрвени, алкохолот скоро и да не го чувствуваме, а се закачавме и флертувавме до бескрај. Толку многу се кршевме од смеење додека си го релативизиравме минатото што, барем јас, се осеќав пресреќен до крајот на светот.

Коката ни беше скоро скроз ушмркана, а пивото веќе го завршивме кога Ракéл ми кажа дека парите не се проблем. И во ред беше тоа, пивото стварно не беше проблем, проблем беше белото. Отидовме до бензинска, купивме два пакети од по дванаест Хаинекена, и се вративме во мојата соба. Пола саат подоцна, после последните две црти, Ракéл ми кажа дека знае каде можеме да ќариме уште многу кокаин, но дека ӣ требаат мојата машкост, досетливост и храброст за да стигнеме до неа.

Let’s do it! беше мојот одговор – прикладен за кој било тупав клипан од Карпош 4.    брааат

Излеговме во студената пуста ноќ и тргнавме да се прошетаме до куќата на нејзиниот дечко која беше на петнаесетина минутки пешки низ најтемните улички во маалото карши универзитетскиот кампус.

This is the house, ми посочи Ракéл кога стигнавме пред една стара и навидум запуштена семејна куќичка на крајот од последната улица пред автопатот кој поминуваше скоро над неа. Дечко ӣ беше нешто постар од нас, некои си пет години, и беше бивши студент по применета уметност на кој не му одело со ништо друго освен со правење на апстрактни глупости кои не успеваше да ги продаде ни во локалниот “Open Arts Market” каде шиткаа опасно лош bullshit за 5 долари по парче. Ракéл ми објасни дека шизикот напуштил студии предходната година кога сфатил дека има клиентела на која може да ӣ шитка кока и други срања, за да си ја оддржува својата нарко навика, за да преживее додека ги лажеше татко му и мајка му дека е сé уште студент на престижиот универзитет. Викендот, типот и самиот беше заминат дома за Thanksgiving, а на Амазоката ӣ се кркаше од неговата кока.

So what do you want me to do?, ја прашав откако ги проверивме сите прозорци и врати и установивме дека се затворени.

There is a lot of cocaine in there, think of something!, ми одговори како да ме молеше да скршам прозорец.

Ја соблеков кожната јакна, си ја навиткав околу лактот и веднаш го скршив прозорчето од задната врата. Направив како што имав видено во филмовите и, на мое изненадување – ми успеа! Ја протнав раката, ја отклучив бравата и влеговме безшумно. Ракéл се возбуди и ја пукна адреналин. Извади флаша водка од плакарчето од кујната зошто точно знаеше што е и каде е. Џапнавме по неколку цуга директно од шишето набрзина, и нервозно седнав на каучот кога ӣ кажав: Да ја убрзаме работата да го ебам! За кратко ја снема во спалната и лудачата се врати еуфорично и збрлавено како да видела дух. Ме праша дали да ја земе целата кока или само дел. Ӣ одговорив дека мораме да бегаме оттука што поскоро – така што Just get it all!“, беше мојот одговор. Будалата ја извади пресвлаката од едната од перниците на каучот, ја снема повторно во спалната за кратко, се врати, и панично ми шепна: „Let’s go. NOW!“.

Недела

Ракéл не ми даде ни да ја залапам. Бев излуден од ноќта помината со нејзините цицки насекаде врз моето тело, но ни случајно во мојата уста. Бев скренат од паметот заради саатите поминати со нејзиниот натртен г’з насекаде околу мене, освен во моите раце, и од подвезиците кои намерно си ги поднаместуваше пред мене како ефтина курвештија од лош еротски филм. Бев избезумен и на раб на инфаркт од коката на која ӣ немаше крај. Устата ми беше ушмукана како во сув вакум, а лицето ми беше здрвено како да ми ставиле анестезија пред да ми ги вадат сите четири осмици одеднаш. Дишев брзо. Се смеев хистерично и без причина. Налудничаво почнав да кркам и од печурките од што не знаев што друго да направам додека ја молев Ракéл да ми даде да ја изебам.

* * *

Како што избегавме г’з преку глава откако ја обивме куќата на нејзиниот дечко-дилер, стигнавме во мојот дорматориум за помалку од пет минути. Сé уште не можевме да дојдеме до здив кога Ракéл ја преврте пресвлаката од перницата врз големата дрвена маса од лобито. Девојката беше откачена, нема што. Му ја беше собрала целата дрога на гомнарот, и пред нас имавме повеќе од триесет грама кока, цела голема кеса халуциногени печурки, барем двеста грама високо квалитетен грас, околу сто таблети екстази и десетина шишенца полни со по најмалку пеесетина валијуми во секое! Никогаш во животот немав видено толку многу дрога, а тогаш, многу точно бев проценил дека ми изгледаше како сигурни дваесет години робија во maximum security prison, ВО ТЕКСАС! Ракéл не ја занимаше ништо освен коката и ја истури повеќе од пола на масата. Веднаш направивме по неколку безобразни, непотребно дебели црти и почнавме да се бркаме низ празните ходници на напуштената стара зграда. Бразилката ме испровоцира и почна да ме зеза за приказната во која ӣ се отворив дека ми е многу крив курот заради сунетот што ми беше направен во премногу доцното детство. Ме закачна доволно за да се соблечам само по чорапи како кретен, и така гол, со курот напред, да ја бркам низ дорматориумот додека оваа крештаво бегаше и ми ги покажуваше совршените големи цицкишта секој пат пред да стигнам да ја дофатам…

Некаде околу полноќ бевме комплетно спобудалени и избезумени, психотични изгубени и изземени. И двајцата бевме на раб на овер. Можев да ӣ го видам чукањето на срцето од кое ӣ вибрираше торзото со секој удир. Дишевме како да сме на врвот на Монт Еверест, не можевме да дојдеме до здив, а мене срцето сакаше да ми излезе низ стомакот како Alien-от на Ридли Скот. Наапан и на халуциногени печурки, ме развали параноја дека ќе умрам неславно. Што ли ќе помисли мајка ми?; Сирота сестра ми!; Татко ми ќе ми се наљути ако цркнам, беа налудничавите мисли кои полека ми ја убиваа вербата дека ќе го доживеам понеделник.

Коката тогаш , како и денеска, најчесто ја сечат со лаксативи затоа што протерувачот на гомна има боја и вкус сличен на Benzoylmethylecgonine* (*профи името за бело), и, се разбира ме тераше на серкавец. Каде бев нашмркан како Scarface, па и пијан, надуван и накркан со Psilocybin Mexicana* (профи името за халуциногени печурки од врстата Mexicana), уште и ме пукна неконтролиран пролив.

Културно ӣ се извинив на Ракéл и со стиснат гол газ отидов во WC.

Седнав на шољата, склопив раце пред лицето, затворив очи, пуштив еден бескраен прскавец и се впуштив во потрага да го пронајдам квантниот алгоритам на мојата деформирана свест. Коката ме акаше од земја, грасот ме затупуваше, но немаше да имам проблем со директна линија да се уштекам на системот кој ми функционираше на autopilot, да не ги изедев и печурките.

Ах, проклети печурки… Гледав како низ калеидоскоп, а дезенот на плочките во ве-це-то ми се извртуваше во сферична бесконечност кога и да отворев очи. Не можев да рачунам, не можев да најдам логика или смисла; само апсолутна вистина која беше страшна и конечна!

За разлика од LSD, печурките имаат космичка интелегенција, и кој и да ги скрка ќе се најде во натприроден дијалог со самиот себе, со печурките во себе – кои секако ќе му се обратат. Времето запре, просторот стана безначаен, додека се молев да прекине грозното чувство на безнадежност.

Те молам Боже, Те молам, почнав да станувам очаен…

…ми се отвори големото око во тријаголниците кои не можев да прекинам да ги гледам позади силно згрутканите капаци од очите…

Пуштив уште еден прскавец и алгоритамот донесе одлука во духот на суперкомпјутерите од приказните на Исак Асимов – Живот! Топлина! Вода! 

Ги пуштив сите дванаест тушеви на совршено топла температура и легнав на плочките од огромната колективна бања. Се свртев на стомак и оставив репетитивното удирање на стотиците илјади капки да ми замантраат во Божјето Оммм

Во купатилото влезе Ракéл која многу паметно одлучи да не се наапа со печурки. Ме виде како беспомошно лежам на земја и вознемирено ме праша дали сум во ред. Не се сеќавам, но мислам дека не кажав ништо. Ракéл се соблече гола и легна до мене да ужива во водата која секако нé успокојуваше малку од малку. Цела вечност подоцна, ги потрошивме огромните бојлери во подрумот кои беа наменети да обезбедат топла вода за сите – повеќе од тристотини жители на дорматориумот!

Do you feel better Peter”, тивко, загрижено, топло и некако мајчински ме праша мојата нова најдобра другарка. Млитаво се исправив и си ја прегрнав џиновската гола и влажна Амазонка. Бев скоро искрен кога ӣ одговорив дека сум тип-топ. Коката ми го вознемируваше системот, грасот не го ни осеќав, но печурките сé уште ми правеа друштво во најтемните ќошиња на потсвеста. Сепак, водата ми помогна да се вратам на нозе макар и млитаво…

Како што излеговме од купатилото надвор силно почна да свети мрачно утро. Ја замолив другарка ми да се присобереме од лобито најпедантно што можеме, и да се повлечеме во мојата соба како професионалци.

„Гостите на дорматориумот секако ќе почнат да се враќаат назад драга моја Ракéл“, ӣ кажав тивко, сериозно и со благо вознемирувачки тон.

Совршената Ракéл се подотрезни од глетката на мојот загрижувачки изглед и направи сé што ја замолив додека трипав како никогаш претходно. Го врати малото брдо кока во кесето во кое секако имаше топка кокаин, ги стави сите други дроги назад во пресвлаката за перница, ја забриша масата, провери наоколу да не сме испуштиле нешто, ги фрли исечените зелени сламчиња со кои шмркавме цела ноќ, и ги собра празните шишиња пиво кои уредно и за пофалба ги стави во кантата за рециклирање.

Направен лом, си ја гушнав за да ӣ се заблагодарам и ја прашав дали сака да спие до мене во мојата соба. Ӣ кажав дека ми треба друштво, дека ќе ги споиме мојот кревет со креветот на мојот цимер и дека сé ќе биде во ред. Ракéл прифати како едвај да чекаше да предложам нешто слично и веднаш се качивме горе.

Беше веќе некаде околу седум сабајле и другарка ми ме праша како ќе заспиеме зошто бевме на загрижувачки високи нивоа на cocaine-induced допамин.

Алгоритамот во мојата глава, кој едвај функционираше, ми ја помести раката и го извадив едното од шишенцата Валијум. Кркнав три таблети, што беше глупаво зошто дозата беше како за болни од рак, свиткав еден дебел џоинт и легнав на креветот. Ракéл се облече во мојот екстра пар топли пижами што ми ги имаше купено мајка ми за сваки случај; и самата наивно кркна два Валијума, се надуваме заедно, ме гушна и легна до мене. Бев изгубен вон оваа реалност, во загаситиот мирис на женштурачата до мене, но се вратив за кратко како во лош турски ес-еф филм, само за да ја бацам во устата, во сочните темни усни, најдругарски и со искрени желби за добра ноќ.

Понеделник

Беше саат колку и да сакаш кога во темната соба со спуштени ролетни влезе мојот цимер кој знам дека пристигна со последниот лет од Боготà. Беше окезен од уво до уво, a надвор во ходникот веќе се слушаа екстатичните изливи на слобода на моите тупави комшии – студенти кои се вратија во дорматориумот. Федерико си го остави куферот до вратата и кога виде дека полусвесно го приметувам, направи некаков глупав гест демек сум ја ебел Ракéл. Го изигнорирав кога повторно склопив очи, додека го слушав како си ја проверува сокриената виолина во плакарот.

Човечето немаше појма. Замина од собата како и што влезе – безшумнo. Фала Федерико, muchos gracias.

Се свртев и го видов разлигавеното лице на Ракéл кое беше сонливо насмеано додека безгрижно спиеше до мене. Помислив да си ја ставам раката на нејзините големи цицки; Но, никогаш не знаеш дали знае, си помислив и без да ризикувам, ја прегрнав како сестра ми кога делевме кревет кога бевме тинејџери.

* * *

Убер-Ѓаволот Г-дин Опијат Валијум го исполни својот дел од договорот, нé одзема од сé друго, но нé оттрпна до задутре…

Вторник

Се разбудивме на пладне. Спонтано се бацивме како да сме се разбудиле од кошмар и дури и си пуштивме јазик кога отворивме очи.

Беше тоа почеток на едно прекрасно другарство.

Dick Major

Пиши му на Dick Major: dickmajor2@gmail.com

- Реклама -
СПОДЕЛЕТЕ