Кокаин во легално пакување

cocccainneCocaine е нов енергетски
пијалак
кој се појави на забавите во Америка минатата недела, а
неговите иноватори го нарекуваат како „легална алтернатива“ на
белопрашестата дрога.


cocainne
 
Cocaine е нов енергетски пијалак кој се појави на забавите во Америка минатата недела, а неговите иноватори го нарекуваат како „легална алтернатива“ на белопрашестата дрога.

Произведувачот тврди дека „земањето Cocaine“ ви дава поголем и подобар high без непотребниот крах кој е пропратен елемент на останатите енергетски пијалоци.

Тие тврдат дека енергијата ве обзема во првите пет минути, проследена со забрзување од 15 минути подоцна. Но, тоа не е се! Целата „вожња“ трае 5 часа и ефектот е 350 пати појак од оној на Red Bull.

Ефектот е делумно хемиски – пијалокот користи прости шеќери кои не мора да се разградуваат во телото и поголема доза на витаминот В12, а вториот дел е психолошки.

„Кога некој ќе го види името на пијалакот, се случува некој психолошки ефект и личноста е веќе спремна да го доживее енергетскиот хај дури и пред да ја отвори лименката.“ – шпекулира инвенторот Џејми Кирби.

Дали мислите дека ова би ве направило хај?

- Реклама -