„Oh my Lord! Pit, get yourself together young man!“ ми кажа Г-ѓа Мејпл кога виде дека имам најбезобразно очигледна ерекција што еден кретен тинејџер можеше да ја има после краткото но слатко искуство со Хајди. Си го бутнав поносот помеѓу нозете за да го присилам на интервентно спуштање и веќе никогаш не можев да си ја погледнам професорката во очи.
Како и секој втор или трет викенд во месецот, се собравме кај мојата агентка Олга одПрилеп две недели пред крајот на школската година на пладневна забава во нејзиниот раззеленет и бајковито кичест двор. Помеѓу две џиновски керамички џуџиња со лакирани црвени капи беше поставена шведска маса која изгледаше како да ја наредил Херонимус Бош во неговите попристојни напливи на инспирација, со мутирани верзии на македонски кафански јадења од типот на ражњичи составени од ќебапи похуван кромид и гриер кашкавал, мини увијачи полнети со чедар и босилек, печени бабури со лоша америчка фета, купечки словенечки ајвар премачкан со дебел слој германски мајонез ко за мацање и парчиња оригинален прилепски ширден ®… на чачкалици. Пристојно.
И сето тоа под големи широки и стари ореви на чии ниски гранки скроз непотребно светкаа новогодишни лампиони во сите бои додека во позадина тивко вртеше лонг-плејка на Лепа Брена & Слатки Грех.
Сите беа таму, сите студенти на размена, сите фамилии каде престојуваа тие студенти вклучувајки ги и моите Мајк и Беки, по некој пријател тука и таму, а присутен беше и директорот на моето училиште, човекот со феноменалното супер-американско име кое не можам да прекинам да го куцам на тастатурава во секоја прилика што ја имам како и сега и тоа во сета негова комплетна велинченственост – Господин Роки Џорџ.
Пиев кока-кола, културно мезев од сосема пристојниот ширден и си шепкав досетки со Џоко одПрилеп, мажот на Олга кој мирисаше на варена препеченица веќе во единаесет и нешто претпладне.
„Мóре овој твојов директор ми е имењак“ со тврд прилепски акцент и со уште поприлеско шегобиење ми кажа Џоко додека дискретно го посматравме Роки кој несвесно мрдаше со колковите во ритамот на дебитантскиот “Чачак“ на Брена и стрвно буташе од ќебапите кои си ги макаше во ајвар/мајонез комбото.
„Да“, му вратив и продолжив „Само на нашки звучи пóубо – Роки Џоко, зарем не!?“
„Шó бара тука?“ ме праша Џоко и ме замисли…
Хм, стварно? се запрашав, зошто е Роки Џорџ тука? Тука нема ниту еден друг претставник на било кое друго школо каде учат другите студенти на размена…
И Џоко мезеше од само малку повеќе забиберениот ширден кој сам го бил направил по рецептот © на мајка му како што ми кажа, и џапаше ракија од чоканче кое очигледно го криеше од жена му.
Со задоцнување му светна мојата досетка и гласно почна да се смее кога ми кажа: “Роки Џоко… по нашки!? Ха. Роки Џоко!!? – А-ха-ха-ха-ааа…“. Цепки му дојде шегата и се загрцна.
Штета што имаше уста полна сецкано месо спакувано во желудникот на некое сирото животно зошто кога почна да се смее едното од тие луто забиберени парченца му залета во душникот и одеднаш почна да се дави како Џеф Бакли у Мисисипи.
Почнав да го удирам по грбот.
Сите очи се свртеа кон нас и никој не дојде да ми помогне.
Како да ми беше задња шанса да му го спасам животот, го заакав со сета сила и мајмунов конечно го исплука забибереното мевце кое му заглавило таму кај што не му било судено да остане. Веднаш потоа исповрати најмалку литар жолта насекаде на убавата свежо искосена трева. И тоа траеше… Траеше многу подолго отколку што претпоставив дека ќе трае после првиот масивен млаз кој се расшиба како да го избуткал притисок од најмалку 8 бари. Уствари, делуваше како да му нема крај на повраќањето. Повраќаше во долги интервали, како дебелиот Тери Џонс од Монти Пајтон.
БРУ-КА!
Се искашла со последни сили, најсељачки си го секна носот и со прилепска гордост занишано се повлече внатре во куќата. Не се врати назад на забавата која траеше скоро цел ден.
До мене дотрча Роки. Ме потапша по грбот и со само една крената веѓа гордо но строго ми кажа: „Good job Pit, you did a hell of a good job there”.
Веднаш и како од никаде се појави и Олга која беше крајно вознемирена заради типичното полупијано прилепско однесување на Џоко. Во рацете имаше бокал тазе исцеденен сок од портокал кој го истури врз повраќаницата за да го избалансира грозниот кисел мирис на динстаното свинско и изнутрици помешан со свежо наросен бибер и жолта ракија чија густа парлива миризба помешана со сокот од портокал печеше очи.
“Everybody! We have an announcement to make” набрзина испинува Олга гласно кон присутните и го погледна Роки кој мистериозно и потврдно ӣ врати со кревање на другата веѓа додека сé уште мелеше ќебап.
Олга продолжи и ме претстави како најсјајната ѕвезда во нејзиниот foreign exchange програм, „Sвезда која че се натпреварува на државно ниво во еден од најзвучните академски, да не речам интелектуални натпревари за среднòшколци во САД па и во светó, Lincoln-Douglas Debate – Oklahoma State Chámpionship“
„Ladies and Gentleman, Mr. Peter Oglevskosky” ӣ се убаци Роки Џоко утињајки ми го презимето како и секогаш, и си ја избриша мрсната уста со ракавот од кошулата пред гордо да продолжи да зборува за моите успеси и важноста на Олга одПрилеп за истите.
Бев затекнат од аплаузот, но далеку во малата толпа гости и само за момент ӣ ги приметив накострешените машала-цициња на Вања изБеòграда кои се подзатресуваа како во slow motion додека ракоплескаше дотерана во проѕирно маиче и без прслук. Изгледаше посекси од кога било иако беше здебеленка барем десетина килца и почнав да мечтаам за само малку уљенце врз нејзиното младо дебелко и похотно тело, додека ӣ се лизгам низ секој процеп на буцкастите и затегнати фалтички кои како растегната хармоника ӣ беа поднабабрени од мишките па сé до крупните бутчиња.
Бевме скарани последните пар месеци заради мојата вљубеност во Крис Џексон, и моите редовни одјебувања по телефон ни ги заладија односите до толку што ја немав видено барем месец и пол. Ах таа Вања, дебелко никогаш не било посекси!
Аплаузот заврши и Роки Џорџ ми ја крена раката како веќе да сум победил на натпреварот кој требаше да започне рано утредента и тоа за прв пат во својата историја во нашето училиште.
„Pit can, and he will make it! Gold for Bethany High! Gold for Macedonia!!!”, извика Роки Џоко како Питу Гули да ги рецитираше стиховите од “Крикот“ на Ален Гинсберг. Веднаш потоа се врати само малку поблиску до шведската маса за да продолжи да се пука со мутиран македонски холестерол.
На ќеифот му фалеше само малку алкохол.
Набрзина и скришно здрвив две пива и се направив сина Мерилин на Ворхол.
Забавата се претвори во прослава и ја рокнаа Брена да ја чуе цело маало.
Само за едно попладне го живеев македонскиот сон во Оклахома. Сите сакаа да ми честитаат, сите ми правеа муабетчиња и бев неприкосновена ѕвезда под старите ореви во дворот на Олга одПрилеп.
Ми пријде Вања. (Боже, колку ја имаше, а колку беше безобразно неодолива…)
Разлигавено и со типичен шмизла-белградски дијалект ме праша „Па где си ти бре Македонац?“. Ӣ објаснив дека сум бил зафатен со ангажманот за претстојниот натпревар – бла-бла-бла, ӣ кажав дека сум ја мислел цело време – тра-лá-ла-лá, и ја викнав да ӣ покажам нешто многу важно кај мене дома, „Одма ту, само десет минута пешке одавде“ ӣ кажав.
Се согласи дека е знатижељна и нé снема набрзина…
Не најдов уљенце, но “Last Tango in Paris“ на царот Бертолучи, филм за кој се сеќавам дека моите не ми даваа да го гледам со нив една вечер на РТВ Београд ми беше инспирација да бидам креативен со маргаринот. Немаше путер, јéбига…
Во Оклахома Игра Мајмун.
Се разбудив нешто после 4 саат сабајле, многу пред алармот.
Вања изБеòграда сé уште можеше да се намириса насекаде на мојата замаргаринета коса која веднаш си ја фатив во плетенка за да не боде очи за време на претстојниот државен натпревар.
Не бев нешто многу нервозен колку што бев фокусиран на стратегијата. Подготовката, пристапот и изгледот беа клучот за каков и да е успех, и го знаев тоа.
Пред да допатувам во Америка немав појма дека “Дебата“ постои како предмет, а камо ли па дека е многу сериозен средношколски натпревар чиј исход значеше евентуална пуна стипендија за кој и да е универзитетoт каде сакав да аплицирам за да се запишам.
Само десетина дена претходно ги полагав задолжителните SAT и ACT испити чии резултати беа страв и трепет во паметот на секој средношколец што сакаше да продолжи со високо образование во САД.
Два дена пред да се разбудам пред алармот во четири и ситно сабајле ги добив резултатите од тие ужасни тестови и тотално се разочарав зошто бев само нешто малку над просекот, секако не доволно за да сигурно се запишам каде сакам, а не па за да добијам пуна стипендија за факултет што и беше крајната ебана цел.
God Damn It! ГАД ДЕМ ИТ! си повторував пред огледалото додека се разобличував во нешто што не сум јас, додека ја облекував “пристојната“ кошула што ми ја позајми Мајк и сивите широки пантолони без џебови кои си ги купив под присила додека во дуќанот Беки ме дупеше дека изгледам како тупав банкар од Мангум.
Ме мачеше фактот дека бев “SAT и ACT просечен“ и не знаев како да им соопштам на моите дека сепак не сум Артур Рембо како што имав обичај да ги нервирам додека пишував поезија наместо да учам Географија.
Шансата за стипендија и скоро невозможното резил-less појавување пред моите се сведе на кладба со сам себе дека ќе освојам некаква награда на натпреварот заради кој само 2 минути претходно си ја фатив косата во долга и затегната плетенка, нешто што никогаш немав направено.
Ни денеска не сум свесен како точно успеав да дојдам до финалето за Дебата на ниво на држава дупло поголема од Македонија. Сигурен сум дека имаше врска со баба ми и дедо ми кои ме пораснаа шетајќи ме низ Белград и кои ми купуваа стрипови уште пред да научам да читам. Сигурно имаше некаква врска со татко ми кој ме хранеше со Queen и Led Zeppelin на секое наше одење на одмор и тоа на стариот и дрвен касетофон на кој му менувавме батерии на секои 200 километри. Сто посто имаше врска со сестра ми прекрасна која ми даде да го читам Херман Хесе уште како копиљ. А секако гранд фактор беше мајка ми која не ја оставав на мир за време на специјализацијата по интерна медицина додека ме испрашуваше „Шта је срећа сине, а шта је туга? Што е тоа што ти ги затегнува мускулите додека се смееш, и што е тоа што те тера да лажеш и да измислуваш причини само за да ме фатиш за градите само за кратко“ (кога имав само 6 години!).
„Good luck“, ми кажа помајка ми Беки пред колата кога ме остави кај школото каде имаше невообичаено многу автомобили и школски автобуси. Ме повлече за краватата која ја имав позајмено од Мајк, ме баци во уста како што никогаш не направила, ја лупна вратата и си замина со чкрипка.
Уште на влезот ме чекаше Г-ѓа Мејпл, мојата комплетно изгубена и супер-нервозна професорка по Дебата. Како што што едвај ме примети низ дебелите замаглени наочари дека јас сум тој што ӣ приоѓа, почна да трча кон мене и за малку не се утепа на скалите кога во последен момент успеав да ја дофатам за лактот.
„You are 4 minutes late Pit!“ веднаш ме искара старата трапава женичка чие презиме ме асоцираше на слатка јаворовина. Толку беше возбудена што заборави да ми се заблагодари што ја спасив од сигурен прелом на некоја коска некаде над половината.
Влеговме во школото и што да видам. Насекаде имаше скоро идентично дотерани средношколци од цела Оклахома. Седеа или стоеа, плачеа или си збореа сами на себе додека ги вежбаа своите говори, својот пристап, својот изглед и персона за пред судиите. Повеќе изгледаше како кастинг за некоја тинејџерска комедија отколку како атмосфера пред државен натпревар по Дебата.
Госпоѓа Мејпл ептен почна да паничи кога видовме едно девојче кое зборуваше само со себе додека цитираше цели пасуси од Ниче, на германски!
„Get your books out NOW! Practice Pit, the rounds start in 20 minutes”, почна да д’тка и се ококори како шлогирани каранфил кога виде дека носам само тетратка со белешки.
„Каде ти се книгите?“ ме праша со кнедла во грлото и со насолзени очи како да ни се случуваше апокалипса од филм на Роланд Емерих.
Бев искрен. Ӣ oбјаснив дека за мене веќе нема вежбање, дека за мене нема веќе читање и дека ми се потребни мир и концентрација. Ӣ кажав да ме олабави и отидов да се чекирам за натпреварот, да проверам каде ми е првата рунда и да видам дали за таа прва рунда сум на афирмативната или на негативната страна на темата “Слободна Воља“ која требаше да ја поткрепам со Ниче или со Кант.
Ми се свиѓаше атмосферата од која се креваше коса на глава. Ми го хранеше егото до толку што веднаш се усопокоив и сé околу мене се стиши како на претоп. Стоев во ред за да си ја земам пластифицираната легитимација за натпреварот и не можев да престанам да си се смешкам кога приметив дека на дечкото пред мене му се тресеше раката кога се потпишуваше на пријавата. Дојдов на ред, се потпишав и самиот, си ја земав легитимацијата која тотално искулирано си ја обесив околу вратот и отидов пред училницата каде требаше да ја бранам тезата дека: Автоматизмот на делување и илузијата на слободна воља при тоа делување произлегуваат од два комплетно различни центри на мозокот. Едното произлегува од потсвеста, а другото од свеста и токму заради тоа ние мислиме дека имаме слободна воља при делување според истата, додека нашата потсвест ја диктира вистинската акција на делување зависно од она што ни е вроден инстинкт и желба за преживување во директна и/или преносна смисла на зборот. Вродениот страв и потребата за секс, како што подоцна тврди и Фројд, се главен пример за да се потврди оваа теза.
И така натаму, и така натаму, и така натаму…
Бев повеќе од сигурен во себе зошто знаев дека за гомна јадење ме биваше уште од раното детство кога успевав да го задржам вниманието на кој било продавач во која било продавница додека моите другарчиња ги пљачкаа рафтовите со чоколадо. Никогаш не нé фатија и убеден сум дека беше заради мојата способност да бидам убедлив и да задржам внимание – типична карактеристика на добар говорник и основни предуслови за добар дебатор.
Додека ја гледав паниката во очите и насекаде на телата на моите противници, приметив уште еден очигледен странец како мене. Мал Индиец без ништо во рацете освен својата легитимација која нон-шалантно си ја врткаше околу показалецот додека студиозно ги посматраше своите противници како што правев и самиот. Очигледно беше спокоен и многу сигурен во себе, исто како и јас. Во еден момент ни се споија погледите и видов дека ми ја примети легитимацијата кога ми се насмеа најпрепотентно што можеше, со поглед кој еден боксер му го праќа на другиот пред да му ја зачука една на прес-конференција. Веднаш ми стана јасно дека со циганот ќе биде држ не дај и се надевав дека тоа нема да биде за мојата прва рунда и поготово не ако сум на негативната страна од дебатата со него. Сега би направил компарација со влечење ждрепка за екипи во група на „Лига на шампиони“ за да доловам тактика наспроти среќа, но колку и да сум “наш чоек“ фудбал не гледам.
Започна натпереварот.
За првата рунда бев на негативната страна наспроти девојчето кое минутки претходно го одминав слушајќи ја како го рецитира Ниче на германски. Кога ги видов судиите од кои двајца беа црнци знаев дека малата наци-јужњакиња нема шанси. Девојчето го заврши своето отварање со цела минута на Deutsche и секој збор й испукуваше од устата како германски антитенковски шмајзер од втората светска војна. Нешто многу малку и ја разбрав зошто баба ми сепак беше Австрика од Корушка и германскиот ми е близок на уво и ден денеска. Сфатив дека муља затоа што тоа што го кажуваше немаше баш нешто многу врска со темата.
Девојчето беше преварант.
Мајчината на памет беше научила фрази на германски и й се намерачив да ја уништам.
Веднаш по нејзиното излагање ми дојде редот накрсно да ја испрашувам за тврдењата кои ги изнесе. Така беше редот според стриктните правила. Знаев дека морам да бидам крајно брутален за да победам и последното прашање, кога веќе ја изнервирав заради тоа што употребив техника на испрашување со задскриени реторични прашања, й го поставив на германски. Но, на англиски замолив да ми одговори на англиски додека ги гледав судиите во очи. Девојчето се збуни, но уште пострашно, дозволи да се изнервира и така си ја загуби мислата. Го убрља одговорот и остатокот од дебатата беше лесен. Дваесетина минути подоцна судиите ја дадоа својата пресуда каде јас бев победникот.
Следуваше следната рунда каде бев на афирмативната страна. Ми се падна некоја дебела бубалица која ја уништив со дупла доза Ниче по носот. Копиљот беше престрашен и немам појма како воопшто и стигнал до државниот натпревар зошто не можеше да си ги заврши речениците од што беше уплашен и нервозен. Дваесет минути подоцна повторно бев победникот.
И следните две рунди ги добив и тоа релативно лесно ако се сеќавам добро. Влегов во полуфиналето и дојде време за пауза пред конечните две рунди, две доколку ја добиев првата која беше против едно опасно девојче кое ми личеше на мозаик од сите бубалици на кои сум бил налетал за време на моето образование и сите сериски убици за кои имам читано.
Висока тенка шушумига која повеќе личеше на некое згрбавено растение отколку на цицач од кој било вид. Имаше тесно лице и големи кафено затемнети наочари кои й ги комплементираа изразените пеги и тенки помаранџести кики.
Й пријдов да ја поканам на ручек за време на паузата за да й ги прочитам слабостите и за да најпедерски се подготвам да й се изнаебам мамицата во жестокиот дуел кој следуваше. Но…
„Hey, my name is Pit. We are competing in the next round. Would you like to grab lunch with me?“ ја прашав суптилно фолирантски, нежно и наивно како да имам 6 годинки и како тотално невино да ја прашувам мајка ми дали може да й ја допрам големата бемка на левата града.
„Fuck off. I will destroy you.“ кратко, јасно, смирено и сосема неочекувано ми одговори девојчето. Без пардон се сврте и задоволна од себе замина со подрипување додека ӣ се нишаа кратките кики на тесната долга глава.
Морам да признам дека за момент ми ја заниша самодовербата, но како што замина ја приметив малата наци-јужњакиња која цело време нè посматрала и веднаш заборавив на хоророт со кој требаше да се соочам за саат време. Малата зеленоока исфолирана ес-ес-овка која загуби од мене уште у прва рунда ми пријде насмеано и заводливо.
„You can take me to lunch if you want to“ ми кажа крајно флертуозно и проѕирните очи й засветкаа како џамлии. Претпоставувам дека сабајлето сум бил преокупиран со натпреварот за да приметам дека пред мене стоело едно прекрасно мало плаво шмизличе со кренато газе и свилена кожа. Веднаш почнав да ја закачам и й кажав дека ќе ми биде чест да ја почестам со ручек заради тоа што сум ја елиминирал уште на самиот почеток.
„You Macedonian fucker!“ J ми се насмеа и ме грабна под рака како да се познаваме сто години кога таа мене! ме поведе надвор низ школските врати.
Отидовме во Hardees, фаст-фуд местенце веднаш од другата страна на улицата карши училиштето. Й кажав дека не ми се јаде на што таа ми врати дека уствари ни неа не й се јадело. Си земавме по еден милкшејк од јагоди и искочивме надвор да пушиме цигари. Не се сеќавам како се викаше малата Хајди така што да речеме дека се викаше токму така.
Хајди не само што беше мала, цакана, плава и совршено пропорционално згодна за својата малечкост, туку беше ултра бистра, паметна и шармантна до бескрај. Се закачавме и се киневме од смеење на кратките досетки што си ги набацувавме еден на друг. Ептен кликнавме на прва и не поминаа ни петнаесетина минути кога најспонтано почнавме да се љубиме. Беше прекрасно, се сеќавам… Кожата й мирисаше на цвежо исцедени цреши, косата на зрели кајсии, и се љубеше како што никогаш никој не ме пољубил до тогаш. Ме ежеше секое нејзино поминување со раката по вратот, по градите, по мојот струк. Бев внимателен па ја прегрнав преку половината, но ми ја зема другата рака и нежно ми ја стави на малите тврди цициња. А јас пак од половината, со другата рака веднаш и храбро ӣ се симнав на прчестото газенце…
„Pit!? What do you think you are doing?!“ го чув паничниот глас на професорката Мејпл. Отворив очи и ја видов старата женичка како забрефтано ја поминува улицата додека фрчеа коли околу неа. Дојде пред мене и пред Хајди и почна да ме кара зошто не можела да ме најде, а јас пак сум правел нехристијански работи за време на паузата која сум требал да ја искористам за да се подготвам за следната рунда, „Ако ништо друго – барем во молитва!“ строго ми кажа Г-ѓа Мејпл.
„And shame on you too young lady. Let’s go Pit. Right now!“ ме грабна за раката и тргна да ме влече будалата. Хајди се насмеа, ми дофрли дека мора да си оди и си ја грицна устата баш за да го видам тој момент. Набрзина напиша нешто на едно ливче кое го преклопи и ми го тутна во џебот од кошулата. Се разделивме и заминавме во спротивни насоки.
„Oh my Lord! Pit, get yourself together young man!“ ми кажа Г-ѓа Мејпл кога виде дека имам најбезобразно очигледна ерекција што еден кретен тинејџер можеше да ја има после краткото но слатко искуство со Хајди. Си го бутнав поносот помеѓу нозете за да го присилам на интервентно спуштање и веќе никогаш не можев да си ја погледнам професорката во очи.
* * *
Започна рундата против црвенокосото девојче со кики кое денеска сигурно е сериски убиец или пак работи било што за Хенри Кисинџер, трето нема.
„Good luck“ лицемерно ми кажа девојчето.
Експресно и вратив: „I don’t need it. Luck is for losers. So good luck to you!“, ӣ добацив за да чујат и судиите позади кои стоеше Г-ѓа Мејпл која несвесно почна да си ги џвака зглобовите на прстите наместо ноктите.
Испадна дека бев на негативната страна од аргументот. Fuck.
Девојчето започна со нејзината резолуција која беше беспрекорна и совршена.
Ми дојде редот унакрсно да ја испрашувам и го направив тоа со блеф тактиката “Да – Не“.
Главата веројатно ӣ работеше триста на саат и имаше проблем да ги срочи работите само на “Да“ или “Не“, но иако не мораше да го прави тоа, сепак беше сé уште премногу млада за да биде посилна од егото кое очигледно ӣ диктираше да го прифати мојот блеф. И тука ӣ беше и слабоста како и кај 99.9 посто од “интелектуалците“ – его!
Бев спокоен и ги користев нејзините кратки и непотполни одговоори за да ја уништам.
Потоа образложив зошто мојата негација на нејзиното излагање е потврдена во илјадниците страници на бесконечниот Кант. Кога ӣ дојде редот да ме испрашува она мене очекуваше фер-плеј и почна исто така да ме прашува со назнака “Да“ или “Не“. И тука се заеба пошто бев и сум гомно, и не бев фер. Ја заебав и секое прашање го користев за да се образложам со многу повеќе од само “Да“ или “Не“. Го имав тоа право и око не ми трепна иако беше очигледно кварно. Башка го користев мојот акцент за да се вадам пред судиите дека можеби и не разбирам англиски баш најдобро па ете, морам да се дообјаснувам…
И така, дваесет минути подоцна, победив како копиле прилепско што бев и сé уште гордо сум!
Г-ѓа Мејпл вресна од позади судиите: “That’s my boy!” и тогаш ме удри дека сум се пласирал во финалето. Девојчето беше во неверување и ме гледаше како да ме спрема за колење. Беше страшна во буквална смисла на зборот. Дури и претпазливо се поттргнав подалеку од неа кога ја одминував. Лицето ӣ се искриви како да ја запоседнале сто ѓаволи и видов дека ӣ текна дека сум ја насамарил користејќи го против неа основното правило што нé учеа на часовите по Говор и Дебата – never let your ego get the best of you. Девојчето срипа од позади подиумот и се затрча накај мене со врескање. Никој не можеше да сфати што викаше и веднаш срипаа и нејзините професори да ја смират. Ја држеа за рацете и почнаа да ја влечат надвор од училницата, но девојчето беше толку избезумено што мислам дека требаше да викнат католички отец да ӣ направи егзорцизам за да ја олабават. Судиите беа згрозени, а јас го искористив инцидентот за да изглумам дека сум многу кревок и исплашен. Уствари ги спремав за финалната рунда каде знаев дека најверојатно ќе морам да глумам баш таков лик – кревок и исплашен тинејџер од таа таму некаде завојувана Југославија.
Имав пола саат пред финалната рунда.
Ја прашав Г-ѓа Мејпл кој е противникот и ми кажа дека е некој странец како мене. Веднаш ми текна дека сигурно мора да е Индиецот кој го видов сабајлето. И така беше. Како зборувавме со Г-ѓа Мејпл така ни пријде ѓуптинот со неговата професорка. Се претставивме најкултурно, си честитавме еден на друг и си посакавме успех во финалето. Додека ние двајцата се одмерувавме како Мухамад Али и Џо Фрејзер, нашите професорки си муабетеа како две кокошки. Нé фалеа, секоја својот ученик како да сме им новите вибратори.
Мојот е од Индија
Мојот е од Македонија
Мојот знае три јазици
И мојот знае три јазици
Мојот е исто така шампион во шах…
Последното ми го фати вниманието, затоа што ако копукот беше шахист тоа значеше дека размислува стратешки, но математички. А јас пуст емотивец, морав да удрам по чувствата на судиите.
За финалето беа предвидени две рунди каде мораше да се оценат способностите на натпреварувачите кога се на афирмативната, но и на негативната страна од аргументот. Едниот судија фрли паричка и за првата рунда се падна да бидам на афирмативната страна. Приметив нервоза кај Индиецот уште за време на воведот од мојот говор. Кон крајот на излагањето Индиецот веќе беше клапнат, а јас пак збунет од паднатиот тонус на неговото лице.
Следуваа прашања кои не беа нешто посебно комплицирани и рундата се заврши некако негламурозно и досадно.
Хм, си реков, па овој не е ништо особено опасен.
Да, беше добар, но ништо подобар од мене.
Започна втората рунда каде сега Индиецот имаше излагање кое во најмала рака ме збуни. Веднаш сфатив зошто бил нервозен во претходната рунда. Сиротиот имаше идентичен пристап како мене и само благодарејќи на петка-глава јас бев првиот да настапи афирмативно. Дури и судиите беа збунети. И токму таа мала предност беше картата на која играв. Дури немаше ни потреба да глумам избеглица од завојуваната Југославија. Штета, ќе беше добра прича.
И втората рунда се заврши некако негламурозно.
Дваесет минути подоцна се вративме назад во холот од училиштето кој сега веќе беше накитен со американски знамиња и наоколу имаше копиљаци кои беа очигледно наместени да фрлаат конфети.
Едниот од судиите се качи на подиум.
Тишина…
Единствено можеше да се чуе дека некој си го прикрива кивањето во последниот ред од насобраниот народ.
Г-ѓа Мејпл се потеше како да се симнала од орбитрек ©.
Г-дин Роки Џорџ нервозно џвакаше тутун.
Можев да го видам Индиецот на другиот крај од редот кој беше полн себе.
Јас бев убеден дека ќе победам и бев ладен како татко ми.
„Ladies and Gentleman, The Nineteen Ninety Seven Lincoln Douglas Debate Oklahoma State Champion is…”
Роки Џорџ ме фати за раката и ме стисна како да сакаше да ми ја откорне.
„Mr. Peter Oglevskosky!!!” …и пак ми го утнаа презимето.
„Hell. Yeah!” извика Роки Џорџ и ми ја исчаши раката кога ја крена високо.
Насекаде се распукаа конфети и американските знаменца се подразвиорија.
Г-ѓа Мејпл за малку не се онесвести и не можеше да каже ништо зошто беше без здив. Сиротото жениче почна да плаче и ја гушнав како да ја гушкам баба ми која ја сакав најмногу на светот и која ја немав видено скоро година дена. Ја фатив под раката и полека ја однесов на бината. Ӣ се заблагодарив на неа и само на неа. Веднаш откако ми го обесија медалот околу вратот го извадив и ӣ го ставив нејзе околу вратот. Жената не можеше да се прибере, мислев дека ќе ми умре на раце. А јебига, за неа стварно беше добар ден за умирање.
Роки Џорџ најсељачки вриштеше од публиката: “I told ’ya Pit! Hell. Yeah!”
И така…
Станав шампион во Дебата на ниво на државата Оклахома. Bullshit Мастер со официјална златна медаља за потврда.
Кој би рекол…
* * *
Попладнето продолжи со славје кај Олга одПрилеп. Им се јавив на моите да им се пофалам, но задоцнив зошто Олга веќе ги информирала. Себичната прилепчанка ме ограби од ќеифот да ги усреќам лично. Тоа ти е.
Секако беа пресреќни и за прв пат да го чујам татко ми да се смее со блажено задоволство. Ми ги даде баба ми и дедо ми на телефон и сите плачевме од среќа, плачевме да бидеме повторно заедно, за само две недели.
* * *
Бев истоштен на крајот од денот. После неколку заслужени пива и два дебели џоинти со Мајк и Беки се повлеков во собата.
Тамам пред да си легнам влезе Мајк со превиткано хартивче во раката. Ми кажа дека го нашол во џебот од кошулата што ми ја позајми за натпреварот и веднаш ми текна дека е ливчето што ми го даде Хајди пред да се разделиме.
Го отворив:
“Are you a ‘Golden Boy’?
Call me, let me know“
(телефонски број)“