“Додека ги поврзував ѕвездите во нивните предисториски соѕвездија, каишот на Орион се разврза во небесен бич кој ме плесна со сета сила и сфатив дека имам само две недели да се спремам за испитите. Ме плесна повторно и уште посилно ме свести дека во исто време морав да се спремам и за државниот натпревар по Дебата кој исто така беше за само две-три недели.“
Едно утро, исто како Грегор Самса, се разбудив после комшарни соништа чувствувајќи се како да сум метаморфозирал во некаков огромен инсект.
Скоро цели три дена спиев без престан. Неколку дена подоцна дознав дека помајка ми Беки дури и ме будела пар пати само за да ми даде да се напијам вода од страв да не дехидрирам, а и моите ги излажала дека сум кај некој другар кога ме побарала мајка ми да ме чуе. Паметно направила Бекица затоа што ќе надрљав од татко ми уште на “Хало Мама“.
После четири дена без око да склопам, четири дена на тврд метамфетамин и тоа до точка на овер. Четири дена јадење пиво, бурбон и грас за дорчек, ручек, ужинка и вечера… После четири дена во посета на Мангум, неговите знаменитости и обележја, eкскурзија која вклучуваше дружење со локални излудени наркомани ем реднеци, искачање во омиленото место на Сатаната, обавезната тура низ празните поплавени улички која си доаѓаше со исто така обавезен и крајно настран секс со жена мажена за својот прв братучед. И, да не заборавам да ја спомнам и гратис турата – бегање од смртта која возеше Monster Truck во потрага по мојата глава, беше сигурно очекувано дека ќе спијам три дена и дека кога ќе се разбудам ќе се чувствувам како гадинка со четири раце, осум нозе и шеснаесет подуени очи!
„You fucked up, didn’t you Pit!? You fucked up pretty good this time!“ во дванаест напладне во недела и за добро утро ми кажа четиринаесетгодишната посестра Џес која ми стоеше над креветот со само еден затегнат мускул на лицето, оној под едниот крај на устата, оној кој го мобилизираш кога не знаеш дали да се насмееш од пакост, дали со подбив да сигнализираш разочарување, или да продолжиш да зборуваш како кога криеш некоја страшна тајна.
Џес ги селектираше сите три опции и продолжи да зборува, пакосно и со подбив:
„You look like hell little foreign exchange brother. Ни го поеба престојот во Тексас и те мразам. Те мразам – цркни! Ќе платиш за ова.“.
Си кажа што ӣ лежеше на душа и задоволно излезе од мојата јазбина. Во истиот момент внатре дотрча малиот Џони. Прво ги отвори темните завеси и ми истури барем малку светлина во животот. Потоа, ме погледна шашаво и ја изимитира полусестра му, you will pay for this – hi–hi-hi… Како ми се исцери со шашавата и искрена насмевка така ми го згреа срцето до толку што го грабнав, го земав кај мене во креветот и си го гушнав тригодишното Индијанче кое во целата фрка ми беше единствен вистински другар и единствено тој имаше емпатија кон моите изреметени чувства. Си го гушнав уште посилно и почнаа да ми се тркалаат солзи по лицето…
Имав зошто да плачам. Не беше само заради благата криза за дрога која кога се разбудив ме пукна доволно за да паднам во депресија и да знам дека токму кризата е причина за мојата мизерна склопченост под тенкиот полиестерен прекривач.
Три дена претходно, кога Мајк дојде да ме спаси и да ме извлече од Мангум, додека се возевме назад кон Оклахома Сити, прво рутински ми ја фрли малата кутија грас за да му виткам џоинти и почна да ми се истресува посилно и од дождот од кој низ шофершајбната не можеше да се види скоро ништо додека бегавме што подалеку од Greer County со сто и многу на саат. Мајк веројатно беше љут на себе кога за прв пат го чув да вика додека му пулсираа капиларитево очите. Збеснато ми објаснуваше дека баш јас! ќе сум го развел од Беки зошто морал два дена порано од предвиденото да ги врати и неа и Џес и Џони од кај нејзините во Тексас назад во Оклахома Сити, на пат до Мангум, за да ме извлече од прегратките на неминовната смрт која носеше излитени каубојки од кожа на звечарка и репетирана сачмарка преку рамото.
Пет минути подоцна Џес се врати во собата, дотерана и со ранец на грбот. Ми кажа дека Мајк и Беки биле скарани заради мене па и двајцата ја искористиле можноста оправдано да ја киднат од дома. Ми кажа дека не знае кога ќе се вратат, дека искача и самата и да сум го чувал Џони. Ја лупна вратата и замина.
И она го искористи метежот кој го создадов во семејството Вер и по примерот на мајка ӣ кидна од дома, тотално неоправдано,со новиот таен дечко кој беше Мексиканец и член на некоја школска банда на латино генгбенгери од нејзиното школо! Курвиче прљаво…
Ӣ фативме сеир и ӣ се изнасмеавме со Џони. Малку ја изимитиравме – ња-ња ња-ња и отидовме у дневна каде цел fucking ден го поминавме во гледање цртани филмови на кабловска.
Ситуацијата со Ватрогасецот
Џони беше скроз папсан веќе некаде околу осум вечерта зошто имаше обичај да спие попладне, а со мене гледаше Cartoon Network и Nickelodeon и јадеше сé што посака цел ден без престан. Неодоливо се чишна во гаќички и ми заспа во рацете како штотуку роден лабрадор. Го однесов во соба, го измив и го пресоблеков во пижамки додека сé уште беше во бунило. Го покрив и сé разбира дека го бакнав за добра ноќ. Срце мало (сега на FB гледам дека станал истетовиран дибек!).
Се вратив назад во дневна и запалив еден голем џоинт од хидропоникот на Мајк. Веќе виткав втор џокавац додека дував до петни жили и си извадив и двепива од фрижидерот. Се скаменив набрзина и си земав уште едно пиво. Излегов во дворот пред куќата и почнав да си го проверувам алгоритамот за сеќавањата на последните месеци додека гледав во ѕвезденото небо кое беше особено мирно и проѕирно после неколку дена непрекинато невреме.
У старт беше повеќе од јасно дека сум заебал работа.
КОНЕЧНАТА ЦЕЛ: завршување со диплома со цел упис на факултет во САД, беше компромитирана од ужасната леснотија на декадентинот живот во Оклахома Сити и во руралните предели на Доселеничката Држава.
Не е дека школото не ми идеше, но со месеци го одлагав учењето за SAT и ACT, обавезните тестови за упис на било кој побитен универзитет во САД.
Додека ги поврзував ѕвездите во нивните предисториски соѕвездија, каишот на Орион се разврза во небесен бич кој ме плесна со сета сила и сфатив дека имам само две недели да се спремам за испитите. Ме плесна повторно и уште посилно ме свести дека во исто време морав да се спремам и за државниот натпревар по Дебата кој исто така беше за само две-три недели.
Шљас!-Математика; Шљас!–Ниче и Кант; Шљас!-Англиски, Литература, Историја, Граматика… Шљас!–Хемија и Физика…
Почна да ме ежи ладна пот додека алгоритамот калкулираше што сé требаше да направам, и уште пострашно, хедонистичкиот живот што требаше да го жртвувам за да успеам да си ги завршам обврските кои си ги зададов повеќе од пола година претходно.
Запалив уште еден џоинт, отворив уште едно пиво и ѕвездите се сплотија во вселенскиот лик на татко ми кој заканувачки ме гледаше високо од небесата.
Алгоритамот заврши со калкулацијата.
Заклучокот беше дека немам избор освен да ги впрегнам сите сили кои ги имав на располагање за да се вратам на патот за покорување на Американскиот сон. Одлучив дека ќе учам како што никогаш не сум учел – како Милена која цела осмолетка ја помина згрбавена над првата клупа каде и седеше со постојано крената рака и перманентно отворени два прста.
Fuck it, си реков, ќе изгледам и како Ѕвонарот на Богородичната Црква ако треба, ама во Скопје по никоја цена не се враќам како апсолутен лузер!
За момент ми се причини како да го чув гласот на Џони и се вратив назад во куќата. Го проверив малиот кој всушност зборуваше во сон. Како кренав поглед од него, во истиот момент чув турирање на дванаесетцилиндричен мотор и низ ролелтните ме заслепија силните светла од фаровите на огромен пик-ап кој се паркираше пред куќата. Само за кратко почувствував како Џони-бој Von Mangum да ми го згмечил срцето во тупаница, но ми олесна и едвај дојдов до здив кога фаровите надвор се изгаснаа и од пи-кап-от со пијано тетеравење излегоа раскокодаканата Беки и некој огромен Бигфут со масивен каубојски шешир.
Беше очигледно дека не е Џони-бој, овој мајмун беше најмалку три пати поголем од Џони-бој.
Ми олесна и си го проголтав јазикот…
Трчанката се вратив во трпезаријата која беше веднаш пред влезната врата. Седнав и прекрстив нозе како ништо да се се случило, како Питер Селерс во неговите најкомични улоги. Претпоставував што се случува и едвај чекав да фатам сеир како да сум искочен на широксокак во Битола.
Секунда подоцна, огромниот каубоец ја отвори вратата како да сакаше да ја развали. Беше толку висок и широк што мораше да потклекне, да се наведне и да се исчаши бочно кога влезе внатре. Ја носеше Беки крената под мишка, десетина сантиметри над земја, додека нозете пијано ӣ се препелкаа во воздухот, а оваа глупачава пак беше окезена до толку што да немаше уши ќе се смееше околу главата.
„Hey fucker“ пијано, малициозно и со подбив ми се обрати ќурката која сé уште ми беше лута за срањето во Мангум.
„Meet Fireman Ben“ ми кажа и укажа на суштеството до себе.
Пожарникарот Бен ја спушти Беки на едната од столиците и ми подаде рака да се запознаеме. Додека се ракувавме се присетив на најраното детство зошто мојата рака во неговата шака изгледаше како раче на новороденче.
Бен беше огромно мажиште поголемо и од митските џинови. Беше приметливо повисок од Шекил О’Нил и двојно поширок и од најголемиот Исланѓанец на “Strongman“ натпреварите. Имаше глава поголема од главата на шпански бик и каубојскиот шешир му беше со големина на мал чадор за сонце. Мислам дека атмосферскиот притисок во куќата почна да се менува само затоа што овој дишеше а прозорци наоколу беа затворени.
Како се претстави, далеку од длабочините на масивните гради му за’ржа гласот кој звучеше како расипана косилка за трева: „Ben, pleased to meet ya’“.
Она што мене ме засегна најмногу беше неговиот расипан поглед. Fireman Ben не делуваше како оние типични “нежни“ џинови. Напротив, му се гледаше во насмевката која беше скромно сокриена под дебелиот исчешлан мустаќ дека дефинитивно имаше некакви зли намери.
Веднаш го сменив сеирџискиот Питер Селерс акт и претпазливо се повлеков назад со столицата. Внимавав да не го гледам монструмот во очи за да не предизвикам некое срање затоа што “некое срање“ во тој случај ќе добиеше исто значење како и терминот “авионска несреќа“.
И Бен седна, и изгледаше како Јети со каубојски шешир кој седи на детско столче во игротека. Колку и да се обидував, не можев да прекинам да го ѕиркам. Бев запрепастен од овој изрод на природата кој веднаш ме потсети на расказот “Најубавиот удавен човек на светот“ на мајсторот Габриел Гарсија Маркес. Освен што не беше нешто многу убав, но сепак фасцинантен во најмала рака, Бен беше слика и прилика на описот за џинот во таа кратка приказна каде панталоните морале да му ги прават од стари платна за бродски едра, каде сигурно спиел на кревет искован од најголемите трупци и каде жена му мора да била најсреќната сопруга на светот.
И Беки делуваше пресреќно зошто кој знае што криеше пожарникарот во гаќите. Можеби палка за бејзбол, можеби сидро за танкер… Судејќи по каубојските чизми во кои комотно можеше да избањаш мало дете, ниту една преувеличена компарација не ќе да беше премногу далеку од вистината.
Бен ме праша дали има нешто за пиење на што Беки се убаци и ме прати да ја донесам флашата Џек Даниелс од шкафчето во дневната. Отидов и се задржав малку подолго додека скришно да здрвам две-три голтки од Џекот. На враќање назад ги начекав Бен и Беки како се лапаат. Призорот беше фантастично надреален зошто изгледаше како Бен да ӣ го јадеше лицето. Од главата на Беки можеше единствено да ӣ се види големата натапирана глам метал фризура.
Ме изнервира дрскоста на Беки! Се осетив како мене да ме вара затоа што сепак си го сакав Мајк и мислев дека е тотално неодговорно од неа да го донесе дома првиот пожарникар на кој ќе наиде, и тоа кога дома не гореше. Башка Џони, башка Џес која само случајем околности не беше тука за да го просведочи воспитниот пример за среќен брак од мајка ӣ која се давеше во прегратките на џинот кој мора да се симнал од дрво изникнато од волшебното гравче, некаде од фантастичните приказни кои им ги раскажуваме на децата пред спиење.
А и кај кур е Мајк, како во ехо си промумлав низ здрвената тиква!?
Како им го донесов и сервирав шишето на масата, така Бен исто како Моби Дик, ме ѕирна од крајот на окото и тивко за’ржа: „Get lost kid. Go to your room.”
Не можев да се спротиставам на тој глас, на тој поглед, на таа планина од влакна, мускули и мега-каубојштина.
Набрзина ме снема.
Скришно го собрав последното пиво од фрижидерот, тивко го земав и телефонот за да му се јавам на другар ми Вацика во Македонија да си фаќаме сеири, и како посран се повлеков во мојата соба.
Пивото не ми беше ни до пола додека го виткав четвртиот џоинт кога го чув вресокот на Беки пропратен од гласното “You bitch!” на Fireman Ben кое беше толку остро и силно што ми се причини дека го излупи малтерот од ѕидовите.
Се исплашив и не знаев што да направам. Но, истиот момент кога чув дека галамата се истура кон спалните и кога ме смрзна и отрезни силниот плач на сиротиот мал Џони, ватрено ми се активираа доминантните гени на Крали Марко и на Итар Пејо.
Одлучно го земав телефонот и го кренав високо како боздоган.
Излегов од собата и што да видам, Бен ја беше грабнал Беки за половината и ја носеше под мишка како да си купил нова играчка, а оваа пак пијанава си ги беше зарила забите длабоко во неговата половина и не пушташе како пит-бул со укочена вилица. Браво за Бекица. БРА-ВО!
Приоритетно но сепак досетливо, ја отворив вратата на спалната каде беше Џони и му кажав дека сé е во ред, „It’s all right little man“ му кажав уште еднаш за да го олабавам малиот Индијанец.
Веднаш потоа му го покажав високо кренатиот телефон на Fireman Бен-кретен и му кажав дека сум викнал полиција. Мoжеби требаше да му кажам дека ја викнав националната гарда зошто сепак си имав работа со Хулк, но блеф заканата секако помина, со мало надополнување:
„I called the cops three minutes ago”, и му покажав три прста со другата рака.
Пожарникарот Бен ја спушти Беки на земја и дури тогаш оваа отпушти од силниот заклештен гриз. Бен тргна кон мене како лавина, ми го грабна лицето со шепата и ме фрли врз ѕидот. Набрзина замина со зборовите кои јасно беа упатени кон пијаната Беки: „I just thought we were gonna have some fun, you skank!”
Сé уште броев ѕвезди од силниот удар во ѕидот кога чув што кажа монструмот додека заминуваше и морам да признам дека до некаде и беше во право за пијаната глупача која стварно беше глупача.
You Can’t Beat the Feeling
Повторно ме разбуди Џес, овој пат насмеано и задоволно и очигледно несвесна за ситуацијата со ватрогасецот. Ми стоеше над креветот и ме гледаше безобразно.
„Get the fuck up asshole!“ злобнo страсно и флертуозно ми се обрати пакосната тинејџерка со насмевка во која ӣ беа затегнати сите мускули на руменото слатко суратче. Убава беше малата Џес, убава и премногу сладострасна за нејзините годинки. Не знаев кога се вратила и дали Беки воопшто сфатила дека нејзината четиринаесетгодишна ќерка веројатно била отсутна цела ноќ, најверојатно во истетовираните прегратки на некој малолетен мексикански бандит.
„Get up little Macedonian woodpecker” продолжи Џес певливо претпазливо заводливо и дрско ме зачеша за здрвениот мал прилепчанец преку свилените шарени боксерици што ми ги купи мајка ми пред да заминам в туѓина (Мама, хвала ти).
Никогаш не го сфатив тоа нејзино однесување. Ни ден денеска не го сфаќам. Ме мразеше до срж а ја мразев и јас неа уште повеќе, но секоја прилика што ја имаше ја користеше најсексуално што можеше. Никогаш не се изебавме во класична смисла на зборот, но правевме сé друго и тоа скоро постојано во скоро деветте месеци додека им бев гостин без разлика дали она имаше дечко или јас девојка, или дали бевме скарани или расположени.
Ӣ ја грабнав раката со која ми го чешкаше клукајдрвецот и ја стиснав уште посилно. Малото курвиче се насмеа и се вцрвени.
Супер ненадејно и ултра бесшумно влезе Беки со Џони во рацете.
Нé фати живи!
Се вцрвени и самата кога врз лицето како да ӣ се смрачи.
Немаше утка дека макар и за микро секунда Беки сигурно ја регистрирала раката на ќерка ӣ, згрчено зграпчена околу мојот регулар-утринско-распеан пенис и тоа со мојата рака врз нејзината за да биде до толку појако.
Но, Беки сепак не искоментира ништо во моментот освен што строго ӣ порача на Џес: „We are late. Let’s go Jess! You are so grounded little missy!”.
Што ми требаше тоа!? Знаев дека ќе го папам како Орце Сељакот!
Беше тивко и напнато додека се возевме во колата.
Прво застанавме да го оставиме Џони во градинка. Беки го зема малиот од детското седиште, ја лупна вратата и нé остави со Џес сами во автомобилот.
„Why did you do that Jess?“ ја прашав со шепотење како Беки да имаше супер моќи да нé чуе низ неколку ѕида од зградата на градинката.
„Why did you do that fuckhead?“ ми врати Џес со идентично прашање, тивко.
Немаше логика да си играм повуци-потегни со клинката која беше у цуту пубертета. Џес сигурно немаше да попушти исто како што јас немав намера да го игнорирам фактот дека таа прва ме грабна таму каде што не требаше, во момент на многу висок ризик да бидеме фатени, што за жал се случи, и тоа со мојата рака врз нејзината како потврда за веќе долгорочното скрнавење на честа на првото дете на Беки.
Бев крив, го знаев тоа, немаше никаков сомнеж, ама к’не прилепско – не сакав да признаам, сигурно не додека ја чекавме мајка ӣ да се врати во секој момент.
Заќутев и малтене се замонашив на задното седиште од Pontiac-от додека ја слушав тинејџерката како тивко ме пцуе и ме обвинува за страшната казна која сигурно ӣ следуваше од мајка ӣ.
Алгоритамот ми калкулираше.
Сé уште имав предност во однос на нејзините обвинувања “ти си крив, јас појма немам за што се работи“ зошто знаев дека предодредената редовна сабајлешна рута мораше да заврши со мене и Беки сами во автомобилот. Знаев дека последниот збор сепак беше мојот.
По некоја минутка Беки се врати назад и глувата вожња продолжи без ниту еден изустен збор. Ја оставивме Џес пред нејзиното школо кога оваа како попарена ни кажа “Bye“ и нежно како никогаш претходно ја затвори вратата и отиде на часови.
Продолживме со Беки на пат да ме одбаци и мене пред да отиде на работа. Тишината како да ме заглуви… до првите семафори кога Беки зема голем здив и кога помислив дека веќе донела пресуда за моја експресна депортација од нивниот топол и шарен дом и тоа по скратена постапка.
Како издиша, наместо на аутоматскиот мењач, ја стави раката на мојата нога, смирено и како да сакаше да ме осигура дека сé ќе биде во ред.
„Слушај Пит, синоќа беше… Не беше баш Океј тоа што се случи и не беше Океј тоа низ кое што помина и самиот“ ми кажа Беки додека ми ја стисна ногата само малку посилно.
Ќутев и не ми се веруваше дека она мене ми се извинува.
После долга пауза, тамам да кажам нешто и самиот, Беки продолжи без да ме остави да ӣ вратам.
„Се надевам дека си во ред после срањето со онаа будала синоќа. Те молам, нема потреба да им кажеш било што на Мајк или на Џес. Се скаравме со Мајк и се случи што се случи. Let bygones be bygones. And that shit in Mangum, just forget about it. It was not your fault. I’ve got it all covered.“
А-ха, и ми текна дека сум во предност. Мајчината сакаше да се осигура дека животот ќе ӣ продолжи како воопшто да не се случила ситуацијата со Fireman Ben каде јас бев сведок и единствена жртва.
Ӣ кажав дека разбирам и дека сé е во ред. Ӣ кажав дека ми е многу жал за случката во Мангум за која ӣ кажав дека и самиот се чувствувам до некаде виновен – бла-бла, бла. Ја ставив мојата рака врз нејзината исто како што сторив со раката на ќерка ӣ само дваесет минути порано и ја осигурав јас неа дека Мајк нема да дознае.
„Don’t you worry Becky, but where the fuck is Mike?“ ја прашав како сертификуван курназ и ӣ ја стиснав раката само малку посилно. Кур-наз!
„His lawyer told me they are partying in Dallas“ ми врати насмеано.
Веднаш помислив дека комуницираат преку адвокат заради тоа што помислив дека моите дејанија ги навеле на развод, но! ми текна дека неколку месеци претходно истиот тој адвокат ни беше на гости и ми се склопија коцките кога ми се врати една слика од него и Беки како насмеано и тајновито муабетат во гаражата.
Се разбира дека ӣ се јавил адвокатот на Мајк, се разбира, си помислив.
Кај успеа глупачата да собере еден монструозен џин од Гинисовата книга на рекорди за да се изебе набрзина, па уште да не го изебе и адвокатот на вториот сопруг кој беше три класи пониско од првиот, а и беше Индијанец кој продаваше цевки за канализација и тоа прилично неуспешно.
„Don’t worry ‘Momma’, no one is ever gonna find out.“ беше мојата последна изјава која беше доволно иронична и пасивно заканувачка за да ја предизвика Беки.
Ӣ се допадна тоа, ӣ се допадна ептен зошто брзином светлости раката ӣ се качи од ногата до мојот вечно полудигнат понос. Ме грабна за курот, ми се доближи око карши око и ми се обрати низ заби:
„If I ever see you with Jess like this morning again, I will make sure your father has to make another boy-child to have his name go on forever!”
Поштовање за Беки. Апсолутно поштвање за мајката на своите деца.
И сега кога го пишувам ова се сеќавам на Беки како на единствената прилепчака која не беше прилепчанка во моите сеќавања на Америка. Главниот алат ми беше во нејзините раце, приклештен помеѓу нејзините остри нокти и во релативно симболична опасност, но сепак имаше нешто многу перверзно вo тој краток момент.
Излегов од Pontiac-от и отидов у школо како и секој друг средношколец.
Влегов на час, бев сам во клупата.
Заврши часот, бев сам низ школските ходници.
Дојде пауза, бев сам за голем одмор, сам и комплетно отсутен додека едвај зборував со Гас Џими и Треј.
Заврши паузата, бев сам пред шкафчето.
Час по шпански, бев сам во училница полна коси погледи додека ја гледав Крис, полн со тага, сам.
Главата сé уште ми се вртеше од ударот на каишот на Орион ноќта претходно додека се обидував да разберам како да го решам проблемот што го имав, со сам, со себе.
Среќа што во хаосот имаше една професорка по англиски и литература која беше како од Бога пратена па ме примети дека нешто не е во ред со мене.
Мис Лори уствари му беше тетка на Треј и знаеше дека го бркаме ѓаволот со внук ӣ кога ми се обрати да ме просветли дека сé е во ред и дека звукот на една рака која ракоплеска е помаранџестата боја на внатрешниот мир кој ми фалеше.
Ми се отвори Муладара Чакра. Како Сениште на Ристо Вртев ми се учини Гиш додека ја пее Моја Гитара и длабоко во себе го открив решението на моите проблеми кое беше Кока Кола, ништо друго освен Кока Кола.
* * *
Не се сеќавам кој ме одбаци до дома дента, но се сеќавам дека кога влегов низ влезната врата, како никогаш дотогаш, сите беа на трпезариската маса. Мајк, Беки, Џес и Little Man Johnny кој дотрча и ме гушна како да ме гушнала мајка ми а јас сум се вратил од западниот фронт.
Мајк беше насмеан и среќен. Очигледно проводот во Далас со адвокатот му дошол добро.
Џес беше среќна што ме гледа и беше расположена како да не го попала од мајка ӣ за закачката со малиот прилепчанец сабајлето.
Беки пак беше нашминкана и косата ӣ беше тазе натапирана како внимателно да се спремала за мојот дочек после школо.
Џони беше обесен околу мојот врат, ме бацуваше и ми се радуваше зошто во неговиот памет јас бев синоним за анимиран суперхерој.
За вечера имаше meatloaf со инстант пире од кесичка и салата од мешан зеленчук.
Мајк ме праша што ќе се напијам.
Отидов до фрижидерот и клекнав да видам што ми се опциите. Имаше десетина пива кои ми се смееа и ми довикуваа да ги здрвам сите, но дојде Беки да си земе ладен чај и ми го тргна вниманието од потребата за пиво. Беше лабаво облечена како за по дома, во широка мајца која очигледно беше на Мајк и намерно се наведна доволно за да преубавите полни гради без прслук ӣ виснат малку надвор само за моите очи.
Ме погледна безобразно, знаеше дека се борам со себе за да ја гледам во очите, и ме праша: „So, what will you have?“
„I need to study, so Coca-Cola I guess“ ӣ одговорив.