“СЕЌАВАЊА НА АМЕРИКА“ РОЗЕ КАДИЛАК (VI Поглавје)

“Како џанак у криза, се расплакував кога и да чујам песна од Витни Хјустон. Плачев на срцепарателни филмови па дури и на документарци за моногамните врски на пингвините и носорозите.“

Dick Major

Отсекогаш сум верувал дека шансите да добиеш на лотарија се исти играл ти или не. Скоро се идентични. Скоро. Меѓутоа, во сите тие милиони на негативна веројатност сепак постои една мала малечка шансичка, искра светлина на крајот од црниот амбис кој е црн колку што е светла единствената искра светлина во него. Понекогаш некој ја пронаоѓа искрата светлина. Понекогаш, таа искра го пронаоѓа тој некој. Разликата е дали ќе се фрлиш во амбисот или ќе продолжиш да зјапаш во него. Искрата е секако таму – како еден единствен бел пиксел во црн екран со 16 К-а резолуција.

ОК. Заеби мудрување. Поентата е дека шансите за некои работи што ми се случија и кои започнуваат во ова поглавје се толку мали што се рамнат со шансите да добиеш на лото… у Америка!

slika 1

Ниче и Кант

Толку бев вљубен во Крис Џексон што како постојано да гледав низ мек филтер за снимање на некоја ефтина америчка тинејџерска сапуница. Сé ми беше розево и слатко–цуцано на бели туфнички и црвени срценца. Како џанак у криза, се расплакував кога и да чујам песна од Витни Хјустон. Плачев на срцепарателни филмови па дури и на документарци за моногамните врски на пингвините и носорозите. Ништо не ми беше битно освен да ја одржувам нејзината насмевка блескава и постојана.

slika 2

Крис Џексон всушност беше посвоена на нејзини 4 годинки. Била напуштена како бебе и до својата четврта година живеела во центар за згрижување на сирачиња кога ја посвоила едната од негувателките. Неколку години подоцна помајка й починала од рак на јетра и Крис продолжила да живее со десет години постарата посестра со која сè уште живееше кога се запознавме. Живееjа ептен блиску до школото така што скоро секој ден после часови одев кај нив дома, во една трошна куќичка која ја делеа со три мали дечиња и нивниот татко – мажот на посестра й кој беше одвратен реднек, лош аутомеханичар и пијаница со агресивна нишка која чат-пат оставаше перфектно модар впечаток на лицето на сестра й на Крис за да знаеме колку многу ја сака мајката на своите 3 мали деца.

slika 3

Другарчето Гас не беше нешто многу среќен со мојот избор за партнер за матурска така што во тој период ни се заладија односите. Сé помалку поминував време со него и со Батхед, а секој голем одмор го поминував во лигаво и ултра сочно лапање со Крис кое траеше точно до секунда цел саат.

slika 4

Дури и семејството Вер не беше воодушевено од тоа што им носев црнкиња по дома, ама ајде, го проголтаа тоа некако и сé почесто ми ја даваа колата за да одам кај неа дома за да не мораат да ӣ го гледаат прекрасниот црн сурат. Проблемот генерално беше во Беки и во Џес. Мајк беше индиферентен по тоа прашање пошто и самиот беше црвенокожец (и по сурат и по табиет).

Исто така, со вториот семестар дојдоа и нови часови – нови предмети, нови соученици – нови пријателства. Претходниот семестар учев Драма и истата професорка ми предложи да учам Дебата иако не ги исполнував баш сите услови. Старата Г-ѓа Мејпл виде нешто во мене и ме засака до толку што веруваше дека и покрај тврдиот акцент, имам способност да дебатирам на темата слободна воља со Имануел Кант за афирмативната страна и Фридрих Ниче за негативната, и ни мање ни више туку компетитивно. Јас не го видов тој капацитет во себе, но во годините кои претходеа веќе имав попиено доволно гишовачи и ацо-станковачи и имав прочитано точно по една книга од споменатите филозофи така што оваа можност ја видов како ислклучително ретка шанса да се докажам дека сум утра паметен како летен коктел слатко наречен Тропска Депресија со модра виолетова боја и направен со мешање на мудрината на Гиш и Ацо Рембрант, наросен со кафеав шеќер и послужен густо – без лед и со дебела цевка. А за сељачааната во Оклахома имав можност да им покажам дека сум супер шармантен како Итар Пејо наросен со свеж црн бибер и послужен со долга виткана развиорена коса во slow motion.

Го прифатив предизвикот and the rest is history.

slika 5

Професорката Мејпл отпрвин ме стави во дебатниот тим на Бетани Хај и скоро 2 пати неделно патувавме во околните општини да дебатираме со противници од други училишта. Бевме во тимови од по тројца и дебатиравме на истата тема – free will, односно, и супер скратено, дали сме родени со слободна воља или истата се формира за време на животот и поготово за време на детството. Можеби звучи просто и едноставно, но откако еден копиљ од Кaрпош 4 ќе се соочи со Critik der reinen Vernunft и со Menschliches, Allzumenschliches: Ein Buch für freie Geister меѓу другото, му текнуваат работи кои никому до тогаш не му текнале. Тајната на мојот успех беше тоа што не бев инхибиран од Џизас во срцето како моите партнери од дебатниот тим. Башка и Кант и Ниче имаа една многу длабока смисла така што немав проблем да дебатирам и „за“ и „против“. Ова е сериозно неопходна одлика на сериозно добрите дебатори!

slika 6

Уште веднаш, после скоро само месец и пол, Г-ѓа Мејпл одлучи дека ќе направи суперѕвезда од мене и ме стави во тимот „еден на еден“, односно  дебата каде натпреварот не е помеѓу тимови туку помеѓу индивидуи, таканаречената Lincoln Douglas Debate која името го добила од дебатите помеѓу фамозниот амерички претседател со хипстерска брада, Г-динот Абрахам Линколн и некој таму Даглас додека дебатирале на темата ропство пред првиов да стане синоним за ослободувањето на Америка од ропството сто и кусур години пред за прв пат да им дадат на црнците да се возат у аутобус со белци – каква иронија!

Како и да е, старата Г-ѓа Мејпл ми даде зелено светло да бидам нејзинот претставник за „еден на еден“ дебата, најтешката дебата на една од најтешките теми, со истражување на матерјал кој инсистираше на користење на извори од двајца Германци кои никој никогаш не ги разбирал, ни пред двеста години ни денес… у Оклахома, која да не заборавиме е „со Господ напред“ и каде „God is dead” на Ниче може да помине само ако се влече позади некој пик-ап како некој несреќен црнец врзан околу вратот со дебел jазол на пат за да го обесат на најблиското дрво и да се сликаат со него а-ла мртва природа!

slika 7

И така би. Почнав да дебатирам низ општините на Оклахома како Александар Велики пред да тргне на Индија. Растурав. Ја покорував секоја општина и секој копиљ кој ми стоеше на патот го јадеше Ниче со малку Кант на страна. За помалку од 3 недели знаев дека ќе се натпреварувам на ниво на Оклахома и Г-ѓа Мејпл беше воодушевена зошто по прв пат после цела кариера од 40 и кусур години дочека да ӣ дојде “избраниот“ од таа таму некаде античка Македонија за да ја отера у заслужената пензија и тоа со златен орден на градите. И така би!

slika 8

Како што поминуваа неделите така се здружив со Треј кој исто така беш дел од дебатниот тим. Богат копиљ кој возеше нов новцат Форд Мустанг кабриолет и кој учеше кај мене у школо зошто беше ленштина и неговите сакаа да заврши средно без многу да се мачи во некое приватно школо.

Беше толку кул што дури и мислеше дека е кул.

За да го доловам Треј во целата негова слава, морам прво да го доловам андерграундот во Оклахома и околијата во тоа време. Тогаш беше кул да го слушаш Мерилин Менсон чиј најдобар албум “Antichrist Superstar” искочи баш у тој период. Сите беа готик, сите беа вампири, на пазар се продаваа црно налакирани ружи со гратис книга од Ен Рајс, пола дискотеки беа во напуштени цркви, сите искачаа во кофи шопови нашминкани како Роберт Смит од the Cure, сите носеа многу прстени и тоа поготово како оној на палецот на Том Круз во улогата на Лестат од Интервју со Вампирот на Нил Џордан и баш тогаш почна фамата за тетовирање која е денес па ептен кул.

Сите тинејџери дуваа и кркаа трипови. Се шмркаше кренк и се пушеше крек – немаше лабаво!

 

 

Е, па, Треј беше сето тоа: мислеше дека е вампир, носеше голем и шпицаст прстен на палецот во случај да треба да боцне некој за да му ја испие крвта пошто нели, мислеше дека е вампир. Шмркаше метаамфетамин, се облакаше у црн мантил и ставаше бела пудра и црн креон на лицето за време на викенди. И сето тоа може некому да му звучи дури и заканувачки ако не го земе предвид фактот дека Треј беше слабичок како единечен коров од ветроган заради што долгиот капут му стоеше како да го обесил на тенка метална закачалка за една употреба. Имаше долгнавесто тесно бубуљичаво лице и изгледаше како неухрането дете од Сиера Лион кое се шминка за да изгледа опасно (а нема калаш!). Башка на сето тоа, имаше лоша фризура со прави шишки на пола чело што му го надополнуваше готик имиџот како цицки на стара баба.

Slika 10

Меѓутоа Треј беше интелегентен паметен и образован. Размазен до душа, но паметен, образован и интелегентен per se. Неговите беа познати доктори во Оклахома Сити и уживав кога одев кај нив дома зошто се чувствував како да живеам во паметна средина, како да сум дома – единствено кај нив дома!

Искачавме во еден кофи шоп што многу отлачено за Оклахома, се викаше The Red Cup. Идевме таму скоро секој ден после 7 поручек и тоа најмногу заради тоа што Крис, после скоро 2 месеци пушење македонска гордост, ненадејно имаше многу да учи навечер. Обично идев кај неа одма после школо. Се лапавме и се сакавме до кај 5 поручек пошто претпоставувам на сестра ӣ не ӣ сметаше вриштење од соседната соба. После тоа си одев од таму со зуење во ушите и со киселиот мирис на црна вагина на устата.

Треј ќе ме собереше од кај нив пред куќа и oдевме да се дрогираме и да се правиме паметни во најлудиот кофи шоп у радиус од 500 миљи.

Кренк (и Ниче и Кант)

Јас скоро секогаш си ги земав Ниче и Кант со себе во Црвената Шоља и другарувавме на едната од централните маси за да можат сите да видат дека таму некаде седи еден млад антички Македонец кој разара со модерна филозофија, естетика, етика, епистемологија, метафизика, трансцендентализам и остала срања типа: ика, ија,логија и изам. (уфф!)!

slika 11

Ми беше боље од супер. Ги слушав Smashing Pumpkins и Nine Inch Nails во целата нивна слава со Downward Spiralод ‘94та. Со време стварно почнав да учам нешто од другарите Кант и Ниче – читање кое започна како правење паметен пред младите Оклахоманци со првична цел:ебење големи цицки на откачени Оклахоманки; со секундарна цел: еден на еден дебата; и со крајна цел: добивање на стипендија за факултет.

Знаев дека ќе студирам драма, обожавав драма уште од копиљ, посебно ја сакав Грејс Џонс во Џејм Бонд A View to a Killи апсолутно сите дела на Луиџи Пирандело со кои ме запозна Дарко Јорданов, мојот професор по Македоснки јазик и литература у втора средно.

slika 12

Дував како да ќе снема грас – како Гиш у најбољи дани, и чат-пат почнав да шмркам кренк: ѓавол дрога, дрогата патлак, хардкорот на The Bible Belt – како што е познат регионот на ултра конзервативните хипер христијански држави кој се протега од централно-јужниот до јужно-западниот дел на САД и каде се практикува евангелистички протестанизам. Ужас! Мене уствари евангелистички протестанизам најмногу ми се римува со христијански сатанизам, па види ти сега. Не е ни чудо што баш у таа регија се произведува и се крка најхардкор дрогата после хорс ако не и похардкор у многу аспекти (кои претпоставувам се христијнсата нишкана спидот).

Кренкот, кој беше периодичен за мене во тоа време, наивно го сфаќав како добар парфем. Ќе се намирисавме со Треј пред да седнеме у The Red Cup и нé возеше со саати зошто беше метаамфетамин par excellence, произведен локално, чист и супер потентен. Нешто како добар скопски домат јабучар или охридска цреша

slika 13

Кренкот ми даваше способност да ги читам Ниче и Кант како Дилан Дог и Марти Мистерија. За пет минути ги разбирав најдлабоките значења на Übermensch на Ниче и на Siècle des Lumières на Кант, и после тоа ги дебатирав на тупавите потомоци на Оклахоманските реднеци. Најчесто завршував исполнувајќи ја целта: ебење на цицки на некое девојче со големи цицки.

После неколку вакви инциденти на превара со цел цицки, Треј ми се обрати и ме праша зошто дупам сé што ќе стигнам ако толку многу ја сакам Крис како што му кажував дека ја сакам.

slika 14

Направен лом на метаамфетамин, грас, Earl Grey со малку млеко и со длабока грижа на совест за сите цицки низ кои што поминал малиот прилепчанец со само капка уљенце кое редовно го носев во џеб, ме пукна параноја за Крис. Во помалку од 3 секунди станав од масата и му кажав на Треј да ме однесе кај неа дома.

Беше веќе некаде околу 8 вечер и воземе кабрио, со покривот доле. Имав длабоко и инстинктивно убедување дека нешто не е во ред.

“Зашто Крис инсистира да си идам од кај неа после 5 поручек“?

“Зашто никад не се јавува на телефон после 6“?

“Зашто има да учи толку многу и зашто ӣ треба толку многу време“?

“Зашто не ми кажува дека ме сака?“

“I keep on seeing a pink Cadillac with the engine running a block away from her house every time I come to pick you up” ми кажа Треј и ми падна мрак на очи.

Розев Кадилак. Единствениот розев Кадилак што го имав видено икада беше розевиот Кадилак на единствениот црнец у Bethany High. Единствениот црнец покрај Крис кој беше главниот играч на амерички фудбал кај нас у школо. Не можеше да му го утнеш Кадилакот кој изгледаше како персонифицирана верзија на некој чуден детектив од некој чуден film noir од четириесеттите нааапан на розеви стероиди како да е Супер Хемфри Богарт у боја.

slika 15

Набрзина стигнавме кај Крис пред куќа. Мажот на сестра ӣ веќе одамна беше заминат на трета смена на работа така што розевиот Кадилак беше паркиран пред порти. Полудев. Ми се превртеа очите. Сé пред мене беше бело како и белките од моите превртени очи. Дојдов до вратата и затропав културно. Културно ми отвори сестра ӣ на Крис која се шокираше дека сум јас. Не ме очекуваше и не ми дозволи да влезам, но по модриците на лицето кои ӣ ги нашминкал сопругот знаев дека нема да биде проблем да влезам само ако ја погледнам како вратар пред дискотека у Скопје. Глупачата ми се тргна од патот и влегов во малечката дневна соба. Од далеку се слушаше сцена на ебење со гласот на Крис во главната улога. Полудев. Почнав да дишам како мечка, побрзо и поотсечно со секој здив. Можев да го чујам триењето на воздухот низ накострешените влакна во носот додка срцето ми тропаше во ритамот на Том Веитс.

Поминав низ дневната и ги расшутирав играчките на копиљаците кога стигнав пред вратата од собата на Крис. Можев да чујам дека глупачата дефитивно ме вара додека се ебе со единствениот црнец у школо. Каков удар за мене. Единствената црна пичка у школо го вара единствениот антички Македонец од школо со едиствениот црн кур у маало.

slika 16

Влегов у собата. Црнецот ӣ го даваше од позади додека ја имаше грабнато за куковите како да се држи за појас за спасување додека тоне Титаник. Тоа дополнитено ми ги сврте очите и веќе не можев да видам ништо.

Погледите ни се сретнаа додека ороспендата стенкаше у екстаза.

Типот беше огромен, но мојот поглед беше планина од љутина и ужас. Како што влегов така педерчето ја извади сурлата од нејзе. Стварно имаше голема темно кафеава, скоро нереално монструозна куретина со која ја ебеше девојка ми! Дефинитивно му беше најмалку дупло поголем од мојот прилепски понос.

slika 17

И тоа ја прекипе точката на вриење. Тргнав да го убијам како што не рипнав да си ги одбранам другарите за време на една тепачка у дискотека Силекс три години претходно кога нé запукаа едни Бошњаци од сортата Хаџибулич.

Иако се макљав со гол монструм со три раце, гомнарот почна да ме моли да прекинам, но јас продолжив да го тепам како магаре на угорница.

Си ги грабна боксериците и избега низ прозор… Го избрукав доволно за да знам дека ми е поголем барем  у некола смисла. Се свртев кон Крис и сакав да ӣ ебам мамицата ама Крис немаше мајка. Сиротата имаше само едно сирото семејство кое ја згрижило кога била девојчурак од 4 годинки. Не можев…

Ја пљукнав со целиот шлајм што успеав да го соберам од солзите кои ми течеа позади синусите.

Си отидов.

По пат ја пљукнав и сестра ӣ.

Влегов во кабриолетот на Треј и му кажав дека е време за уште малку метаамфетамин.

Fuck yeah, ми кажа Треј.

Розевиот Кадилак сè уште беше паркиран пред куќата зошто гадот кидна полугол оставајќи ги клучевите зад себе некаде во ебалната на Крис.

Излегов од Мустангот на Треј, се качив на задните седишта и му се измоачав насекаде на Розевиот Кадилак затоа што FUCK THAT GUY!

slika 18

Следното поглавје ваљда за 2 до 3 недели…

Dick Major

- Реклама -