ИНА МНОГУ ТИЊА И ВРАТАРИТЕ

СПОДЕЛЕТЕ

bodyguard011И се започна со фрапираноста на една тетка, која наводно била запрепастена од наводниот расизам, национализам, на послугата од мексичкиот ресторан Амигос. Колку да ја просветлам дотичната, кога фрла со отров и злоба по етеров и ги пали народните маси да се фрлат на омраза и бој, мексичкиот, кога иде као придавка, се пишува со мала буква, сестроооо.

Често пати ми се дешавало и ја да пољубам врата по разни локали низ градов. Вратарите, келнерите, фино лепо да ми објаснат дека местата се резервирани и тоа да не ме фрли у очај, да почнам да мрчам по нетов, а уште помалку кога у таа приказна била затечена некоја фамилија, која по случајност молим те, била албанска. Аха, тука лежи зајакот. Ова ја пали рајава наша задоена на национализам и омраза. Добра приказна у оваа наша вукојебина, да се распламти муабет, омраза и конфликт на етничка база. Добар моменат Ината да лови пажња со клише и злонамерни инсинуации. Сè е зафатено срцка, само ти не си. Сега контам и зашто.

Порано у нашево мило Скопје имаше правила, каде моеш да влезеш, каде не моеш. Белата чарапа и дигнатата фармерка до глужд не можеа секаде. Оние кои коњите ги врзуваа за бандери, исто така. Оваа фела добро го знаеше тоа и од тоа не дигаше бунтови. Секој тогаш си го знаеше своето место, а денес богами никој. Ина и другар и Бетмен џабе го газат бетонов на Скопје. Џабе им е достапен светов на еден клик у етеров да си ја просветлат визијата и да видат дека приказните секогаш имаат повеќе аспекти на разматрање.

Да сте уклучени само у етерот на еден ебан куртонски канал и да сте заглвавени у калта, у некој Свирипичински вилает, да ве разберам. Абе фаци од градов се кажуете бе ало. А таква фаца не се станува со кезење на културни настани покрај некои фаци од културната фела. Тогаш сте обичен инвентар, за да си ја потхраните стерилноста. Ја да сум газда на некој ресторан, у иднина нема да и дозволам на госпожава да припари нос до врата. Не затоа што е албанка или каурка. Едноставно не сакам таква лоша енергија у мој домен. По кој основ ќе бидам тогаш јас обвинет, хмммм???

Дали Ина многу тиња, знае дека нејзиното просеруење дека некое си албанско семејство е вратено од некој си ресторан, носи многу поголема штета по односите на луѓето, отколку тоа и навистина да се случило? Како ти тетке ќе го докажеш мотивот на батките што им ја покажале вратата? Никако! Но јас твојот мотив го прочитав одма. Сите сме ние говна шовинситички само ти не си. Хехех, толку смешен обид да се испадне добронамерен и реален. Со евтино клише и  толку злокобен наратив. Од твојава измислена приказна, малкумина ќе израдуваш. Повеќе луѓе ќе унесреќиш и ќе ги фрлиш у клинч да се мразат и пцујат по нетов. Од мене имаш орден за распламтување мржња, седи кец мила, иди на фризер, или купи свилена марама. Промени се. Е тогаш нека цркнат комшиите 😉

НАПИША: БУЛЕВАРКО

- Реклама -
СПОДЕЛЕТЕ