12 мигранти се удавија на пат кон Грција

Дванаесет мигранти се удавија денес, откако нивниот брод потона крај турскиот брег на пат кон грчките острови.

Турската крајбрежна стража ги извлекла од водата телата на мигрантите кои се обиделе да ја поминат Турција со дрвен чамец, упатувајќи се кон грчкиот остров Лезбос.

Повеќе од 613 илјади мигранти и бегалци пристигнале во Европа преку средоземјето, а од нив 3.100 го загубиле животот или се водат како исчезнати.

- Реклама -