„Хамлет – Денот на убиствата“ ја отвора новата сезона во Театар Битола

Новата театарска сезона во Народниот Театар – Битола започнува вечерва со претставата „Хамлет – Денот на убиствата“, инспирирана од пиесата на Бернар-Мари Колтес и во режија на Марјан Неќак. Оваа наградувана продукција, која ја освои наградата за најдобра претстава на фестивалот ИНФАНТ во Нови Сад, се истакнува по својот иновативен пристап и уметничка естетика.

На 11 септември 2024 година, оваа претстава ќе биде дел од програмата на 32-от Интернационален фестивал на Камерен театар „Ристо Шишков“ во Струмица, претставувајќи уште една можност за публиката да ужива во нејзиниот уникатен израз.

Режијата и музиката се дело на Марјан Неќак, драматург е Оливера Павловиќ, додека Валентин Светозарев е одговорен за сценографијата, а Андреј Ѓоргиевски за костимите. Покрај текстовите на Колтес, во претставата се користат и фрагменти од класични дела на Вилијам Шекспир, Оскар Вајлд, Рајнер Марија Рилке, Емили Дикинсон и Борис Пастернак, како и музички делови од Ѓакомо Пучини и Били Елиш.

Прочитајте и:  80 години Битолски театар - Trn.mk

Улогите ги толкуваат Никола Стефанов како Хамлет, Иван Јерчиќ како Клаудиј, Валентина Грамосли како Гертруда и Викторија Степановска Јанкуловска како Офелија.

- Реклама -