Трамп не успеа да го види фаќањето на ракетата на SpaceX, таа се спушти во Индискиот океан

Вчерашното лансирање од Тексас го следеа новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп и сопственикот на компанијата SpaceX, милијардерот Илон Маск, чија значајна поддршка републиканскиот кандидат ја имаше во претседателската кампања.

Овој комплексен маневар, кој треба да ја направи ракетата повторно употреблива, беше успешен за време на претходниот пробен лет минатиот месец.

Не беа исполнети сите критериуми за фаќање на засилувачот и директорот на летот не издал команда да се врати на местото на лансирање, изјави синоќа портпаролот на SpaceX.

Ракетниот засилувач Super Heavy падна во Мексиканскиот залив, а ракетата Starship се спушти во Индискиот Океан откако орбитираше околу Земјата.

Илон Маск смета дека ракетата Starship ќе превезува луѓе на Месечината и Марс во име на американската аеронаутичка администрација НАСА. За да се намалат трошоците, ракетата е дизајнирана така што може контролирано да слета на Земјата и повторно да се користи.

Прочитајте и:  Исланд ќе добива електрична енергија од вселената

- Реклама -