Нетанјаху по нападот врз Израел: Иран направи голема грешка и ќе плати за тоа

Според премиерот на Израел, иранскиот напад бил неуспешен бидејќи бил спречен од израелскиот систем за противвоздушна одбрана, за кој рече најнапреден во светот. На израелската војска ѝ честита за „импресивното достигнување“

Иран направи голема грешка и ќе плати за тоа, изјави премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху, по ракетниот напад што Иран вечерва го изврши врз израелска територија.

Бенјамин Нетанјаху, премиер на Израел / Фото: EPA-EFE/ABIR SULTAN / POOL

„Режимот во Иран не ја разбира нашата решеност да се браниме и одмаздиме на нашите непријатели. Водачот на Хамас, Јахја Синвар и врховниот воен командант на Хамас, Мохамед Деиф, не го разбраа ова, лидерот на Хезболах, Хасан Насралах и началникот на Генералштабот на Хезболах, Фуад Шукр, не го разбираа ова, а веројатно има и такви во Техеран кои го разбираат ова“.

рече Нетанјаху и додаде:

„Ќе разберат.“

Додаде дека кој и да го нападне Израел, ќе му биде возвратено.

Според Нетанјаху, иранскиот напад бил неуспешен бидејќи бил спречен од израелскиот систем за противвоздушна одбрана, за кој рече најнапреден во светот. На израелската војска ѝ честита за „импресивното достигнување“.

„Нападот, исто така, беше спречен благодарение на будноста и одговорноста што ја покажавте вие, граѓаните на Израел. Им благодарам и на САД за поддршката во нашите одбранбени напори“,

додаде Нетанјаху.

Претходно вечерва, иранскиот претседате Масуд Пезешкијан предупреди дека денешниот напад на Израел е само дел од моќта на Иран. На израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху му порача оти Иран не поттикнува воени конфликти, но силно одговара на секоја закана.

- Реклама -