На 25 јуни во Сули ан во рамки на јубилејното 45. издание на манифестацијата „Скопско лето“ ќе се одржи концерт на женски камерен хор „Св. Злата Мегленска“ насловен „Глорија концерт за душа“ – Антонио Вивалди.
Диригент е Летка Димовска Полизова, а како солисти ќе настапат Надежда Рубен и ЈАсмина Димитровска, како и солисти од ДМБУЦ „Илија Николовки – Луј“
Женскиот камерен хор „СВ.ЗЛАТА МЕГЛЕНСКА“ од Скопје е формиран во 1996 година при Македонската Православна Црква. Основач, диригент и уметнички раководител на хорот е академскиот музичар Летка Димовска Полизова.
Хорот е составен од 22 женски вокали, кои повеќето се млади академски образовани музичари и студенти на Факултетот за музичка уметност во Скопје и од другите државни универзитети во РС Македонија. Иако волонтери според ангажманот, тие со својот професионален однос придонесуваат за афирмација на македонската културна традиција.
Женскиот камерен хор „Св.Злата Мегленска“- Скопје, има возвишена цел, кој освен музицирањето и пријателското дружење, се стреми кон подигање на патриотските чувства, будење на националната свест и негување на традиционалните вредности. Тој претставува двигател на музичкиот живот во Градот и Републиката. Негов основач и диригент е академскиот музичар Летка Димовска Полизова.
„Св.Злата Мегленска“ преку своето 27-годишно континуирано работење, стана хорски расадник и културен храм, каде со огромна љубов и посветеност ги стави сите хорски жанрови во функција на афирмирање на домашните автори, композитори и аранжери. Но, приоритетен предизвик е афирмирање на првичните пројавувања на младите академски музичари, соло пејачи и вљубеници во хорската музика.
Организатор е на божиќните свечености „БОЖИК-СЛАВА“, Велигденски концерт „ВОСКРЕСЕНИЕ ТВОЕ“, организација на првиот фестивал на византиско пеење „ЈУСТИНИЈАН ПРВИ“, многу хуманитарни концерти и друго.
Хорот во јавноста е познат како културен амбасадор и реализатор на низа значајни меѓународни и државни фестивали, натпревари, концерти, предавања и слични настани од областа на музичката култура.
Летка Димовска – Полизова е академски музичар, која своето основно и средно музичко образование го завршува во родниот град Битола, а високото образование во Скопје на ФМУ – Скопје, при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“- Скопје.
Од наставник во музичко училиште и професор во гимназијата „Ј.Б.Тито“ во Кавадарци, преку музички педагог и диригент во Домот на културата „Кочо Рацин“ – Скопје, потоа раководител на Хорското стиудио во МКЦ државен службеник во Агенцијата за иселеништво на нашата земја и самостоен уметник, таа се потврди и се афирмира како еден од најплодните педагози и културни дејци, целосно посветена на хоровите и на македонската традиција и хорско тотворештво, обременета со епитетот „најуспешна жена диригент во Македонија“.