Дел од програмата ма ЕХО Филмскиот фестовал, оваа година ќе биде и краткиот филм: „Иан“ на Мет Раимондо од Австралија.
Ова е краток филмски портрет, за неверојатниот 72-годишен австралиски качувач, Иан Елиот. Надминувајќи ги стереотипите поврзани со возраста, неговата техничка способност, сила и издржливост, ги рушат социјалните норми и ги истакнуваат големите потенцијали на постарите атлети.
Овој филм ќе биде дел од блокот на кратки качувачки филмови, на 20 октомври (недела), во Кинотека.
„Нашата визија е да воодушевиме и инспирираме, да потврдиме дека возраста не е ограничување. Патувањето на Иан, испреплетено со неговата длабока врска со природата е моќен наратив кој се надеваме дека ќе го охрабри гледачот и тој да ги бутка своите граници, да ја прифати со љубов својата пасија и да го разбере секој чекор при бидувањето во природа“ – дел од изјавата на режисерот Мет Реимондо.
„Сведочејќи како овој постар качувач ги има истите, но и ги надминува качувачките квалитети на многу помлади од него качувачи – беше искуство кое носи чувство на понизност и инспирација. Достигнувајќи тежина од 7c точно пред неговиот 70-ти роденден навистина инспиративно за сите качувачи…“ објаснува Мет.