Девет пожари во земјава на отворено изминатото деноноќие, горело и во Чајле

ЦУК информира дека во последното деноноќие имаше девет пожари вкупно на отворен простор во последното деноноќие, од коишто еден се уште се води како активен, во Општина Крушево, а осум се целосно изгаснати.Активниот пожар започнал на 03.11.2024 година при што гори букова шума на м.в.,,Белушки ледини“ над с.Белушино (Општина Крушево), а на 08.11.2024 бил повторно се активирал. Горела букова шума и сува трева. Вчера на гаснење се упатиле 3 пожарникари од ТППЕ Крушево со 1 теренско возило и 6 вработени во ЈП „Национални шуми“ – подружница „Липа“ од Крушево со 1 теренско возило. Заради непристапноста на теренот, гаснењето било отежнато, бидејќи се одело пешки. Пожарот е локализиран и ставен под контрола, но се уште има чад во внатрешноста. Зафатена површина од околу 25 хектари. Заради затемнување екипата се повлече од терен по 15.00 часот, и по потреба ќе се интервенира во текот на денешниот ден.

Осум пожари на отворено се целосно изгаснати во последното деноноќие. Меѓу нив, еден на гостиварско подрачје.РЦУК Тетово, ја пренесува информацијата од ТППЕ Гостивар дека од 14.25 до 15.25 часот со 3 пожарникари и 1 ПП возило гаснеле запалена ниска вегетација во село Чајле (Општина Гостивар)

Извор