„Карпошево културно лето – Мирисот на летото“ е ликовен настан на кој учесниците-уметници ќе сликаат од 10 до 19 часот на 24 и 25 август (сабота и недела) во дворот на објектот на Кинотеката на Македонија.
Учесници ќе бидат Владимир Лазоски, Харалампие Манчев – Хари, Игор Поповски, Владимир Величковски, Стојче Тоциновски, Илчо Симовски, Емилија Тоциновска, Марија Светиева Ергас, Сузана Ал Сакини и Маја Танева.
Нивните дела ќе бидат изложени на 27 август во 12 часот во галеријата на Кинотеката на Македонија.