Дека на луѓето најстравичен од сите звуци им е звукот на повраќање се
наведува во резултатите од онлајн анкетата која е спроведена над милион
и сто илјади луѓе ширум светот во која им било понудено да
категоризираат 34 различни звуци.
Дека на луѓето најстравичен од сите звуци им е звукот на повраќање се наведува во резултатите од онлајн анкетата која е спроведена над милион и сто илјади луѓе ширум светот во која им било понудено да категоризираат 34 различни звуци.
Повраќањето, како најомразен звук, ја победило микрофонијата, детскиот плач, гребење по плоча, виолина, па дури и опера.
Иритантните мелодии за мобилни телефони завршиле дури на 12. место, а се покажало дека мажите повеќе од жените ги нервира звукот на бебешки плач.
– Програмирани сме да реагираме на грозни работи како што е повраќањето, бидејќи тоа е инстинктивен начин да останеме живи и да ги избегнуваме неубавите нешта. Гребењето по плоча се изедначува со мајмунски плач (тие плачат кога се плашат), што е исто така наш вроден инстинкт – објаснува професор Тревор Кокс, водител на студијата спроведена во центарот за истражување на акустика на Универзитетот Салфорд. Тој сега планира да спроведе истражување за звуците кои на луѓето најмногу им се допаѓаат.