Звукот треба и да се доживее, а не само да се чуе.
Постојат одредени правила кога се во прашање звучниците, а тоа го потврдуваат и од Cnet, кои советуваат да не ги поставувате малите и средно-големите звучници на подот. На тој начин практично го преполовувате нивниот квалитет на звукот, бидејќи сите тонови ги слушате „рамно“, без емоции.
Идеалната позиција на која е препорачливо да ги поставите звучниците е на висина на вашите уши. На пример, ако ги поставувате околу телевизорот, треба да се на приближно иста висина со вашата глава во седечка позиција.
За да го максимизирате ефектот, експериментирајте. Поставете ги пред вас, лево и десно, зад вас, сé додека не одредите каде најдобро го доживувате звукот. Се разбира, за тестот изберете барем две песни (по избор) и настојувајте секогаш да ги користите истите две, со цел полесно да ги воочите разликите што произлегуваат од различната позиција на звучниците.
Патем треба да имате во предвид дека големите звучници и басовите треба да ги поставите на најмалку 30 сантиметри растојание од ѕидот или други објекти, за да не го „задушите“ звукот.