„Ѕвездена ноќ“ на Ван Гог од четири милиони шишиња

Van_Gog_flase[1]

Со цел да го промовира рециклирањето, една компанија од Тајван искористи четири милиони пластични шишиња во боја за да направи реплика на познатата „Ѕвездена ноќ“ на Винсент ван Гог.

Инсталацијата зафаќа површина од 53 хектари во паркот во предградието на Килунг – пристанишен град на североистокот на Тајван. Направена е по повод 125-годишнината од смртта на холандскиот сликар.

„Нашата замисла беше да создадеме уметничко дело, така што притоа ќе ја поврземе идејата за заштита на животната околина со пластичните шишиња. На тој начин секој ќе може да ја запознае и другата страна на рециклирањето“, вели Ајсин Џе во име на компанијата Unison Developing Co. Ltd која стои зад проектот.

„Изгледа многу голема и има многу шишиња. Мислам дека изгледа поубаво на фотографиите, ама гледајќи ја одблизу е импресивна глетка“, вели еден од посетителите.

Дел од парите од заработката ќе бидат наменети за една организација која им помага на луѓето што страдаат од депресија – болест која го мачеше и самиот ван Гог. Тој пак, ја наслика „Ѕвездена ноќ“ во 1889-тата, нешто повеќе од година пред смртта. Не сме сигурни дали би му се допаднала инсталацијава – „Ѕвездена ноќ“ не му е баш најомилена, и тоа е благо речено.

- Реклама -