Крилото на тимот од НБА Мајами Хит – Крис Бош, ја објавил вилата во Калифорнија за продажба, со тоа што очекува да добие за неа 14,5 милиони долари.Палатата со површина од речиси 1 000 квадратни метри се наоѓа на врвот на ридот Палисејдс и нуди прекрасен поглед на кањонот Топанга и кон Тихиот Океан.
Покрај сето останато, куќата има инфинити базен со воден бар, надворешна кујна и печка за пица. Имотот има шест спални, осум бањи, како и огромни плакари, фитнес, кино и спортски бар со билијард.
Бош ја купува палата во 2012 година за 9,4 милиони долари. Откако ова лето потпиша нов петгодишен договор со Мајами во вредност од 118 милиони долари, Бош веројатно смета дека веќе нема потреба од куќа во Калифорнија.
Домот со површина од речиси 1 000 квадратни метри е изграден на 1.5 хектари во луксузната област Пасифик палисејдс.