Марк Зукерберг се ожени

На церемонија која ги изненади сите, извршниот директор и основачот на Facebook – Марк Зукерберг, се ожени со неговата долгогодишна девојка, Присила Чен.


Венчавката беше организирана вчера само за најблиските, во неговиот дом во Пало Алто, Калифорнија.

Зукерберг, кој само што стана милијардер како резултат на јавната продажба на акции од Facebook во петокот, ставил прстен на раката на својата девојка кој бил дизајниран од него, а од присутните бил опишан како „многу едноставен рубин“.

Бракот бил склучен пред 100 поканети гости, кои всушност мислеле дека ја прославуваат дипломата од медицинско училиште на Присила.

Оваа фотографија Зукербер ја постави на својот Facebook ѕид и го промени статусот во „оженет“ по церемонијата.

Двојката се запознала додека и двајцата биле на Харвард. Заедно се веќе 9 години.

Драматична недела и голем ден за Зукерберг. Му посакуваме се најдобро и многу деца во иднина 🙂

[Facebook’s Mark Zuckerberg weds on day after IPO]

- Реклама -