365 ве носи на заедничко уживање во прекрасниот свет на Зухаир Мурад за оваа пролет. Зухаир не признава граници, националности и зборот „не”.
И, додека ние сонуваме еден ден да облечеме барем еден од неговите фустани, познатите личности и моделите имаат среќа да се шетаат по црвениот кулим и да блескаат облечени во неговите уникатни креации.
Дизајнерот успеа повторно го долови божествениот изглед на жените во својата нова колекција за пролет-лето. Еден збор не е доволен за да ја опишеме, но можеби комбинацијата од префинетост, елеганција и грациозност ќе се приближи до неговата вистинска креација.
„Да создавам облека со многу љубов…Тоа отсекогаш бил мојот сон кој го живеам“, вели Зихаир.
Фустаните изгледаат чудесно, но и многу софистицирано. Линијата е богата со везови, чипка, апликации од бисери и цвеќиња. Колекцијата е потчинета на пастелната палета, дополнета со романтични ткаенини во светли нијанси и многу златни акценти кои долувуваат гламур и аристократија.