Музика што еволуира од случајно зуење

Музиката не е чисто човечко дело и нешто што само човековиот ум може да го создаде. Талентот не е најважен, затоа што совршената поп-песна може да се направи и со комјутерска програма и потоа само да се доработи според вкусовите на слушателите, покажале најновите британски истражувања.

Станува збор за експеримент насловен Darwin Tunes (мелодиите на Дарвин) со кој научниците се обиделе да ја тестираат важноста на преференците на слушателите во создавањето на песните што потоа стануваат светски познати хитови.

Програмата всушност служела за механичко создавање музика, а таа случајно поврзувала звуци од синтисајзер, пискање, зуење и тонови од некои песни. Потоа, корисниците онлајн доделувале бодови на генерираните песни.

Прочитајте и:  35. Jam Session во Лабораториум, каде што се свири музика што се уште ја нема на Shazam

Нумерите, пак, што биле највисоко оценети од слушателите, потоа биле комбинирани со други песни, кои исто така добиле позитивен прием. Всушност, научниците дошле до заклучокот дека, колку повеќе еволуирала некоја песна, толку повеќе таа им се допаѓала на слушателите. Односно, студијата покажала дека изборот на корисниците всушност ја моделира музиката што ја слушаме.

Во истражувањето биле вклучени повеќе од 7.000 слушатели. [How to evolve your own musical melodies]

- Реклама -