Зошто не треба да се дружите со поранешниот

Доколку сте послободоумни ова може да ви звучи како добра идеја, но размислете повторно. Постојат бројни недостатоци во однос на ова, а прочитајте кои се тие.

Потешко ќе го преболите

Пријателството со бившиот влијае на тоа двајцата потешко да се преболите меѓусебно. Разговорот со него нема да ви дозволи да се тргнете од старите спомени и ќе ги преживувате одново и одново, секој пат кога ќе го сретнете.

Влијае на вашата нова врска

Вие можеби засекогаш расчистивте, но како на тоа ќе гледа вашето ново момче? Голема е веројатноста дека нема да му се допадне што сте пријателка со поранешниот дечко. Ова во секој случај може негативно да се одрази на вашата нова врска. Проценете ја ситуацијата самите и одредете ги вашите приоритети.

68964678951654fc82195e655957321_orig

Може да му создадете проблеми

Доколку вашето поранешено момче е во нова врска, бидете сигурни дека со тоа ќе му создадете проблеми. Жените се генерално пољубоморни од мажите, па е сосема сигурно дека тој ќе има проблем со неа поради вашето дружење.

Можност за физички интимности

Дружењето со поранешниот секако во голема мера предизвикува интимност. Доколку сте имале добра врска природно е да постојат емоции меѓу вас, а не е исклучено ниту да се разбуди заборавената страст. Во моменти на досада ова многу лесно може да прерасне во секс без обврски. Од оваа причина е важно да се држите на безбедна дистанца од вашиот поранешен.

original

Може да го пропуштите „вистинскиот“

Другарството со поранешниот може константно да ве задржува во минатото. Поголемиот број на жени не можат да согледаат колку тапкањето во место влијае на нивната иднина. Нема да ја запознаете вистинската личност доколку не продолжите понатаму и не се ослободите целосно од минатото. Затоа вам ви е потребна силна волја и позитивен пристап.

- Реклама -