Специјалистите за грижа на косата предупредуваат дека додатоците со лош квалитет се штетни за вашата коса.
Денес постојат различни шноли, штипки, ластици, стегачи за коса, кои се навистина прекрасни, па љубителките на долги коси со задоволство ги употребуваат за разни фризури. Многу често постојаното носење на такви додатоци може да биде причина за влошување на здравјето на косата.
Ако ги погледнеме современите примероци што ни се на располагање, веднаш ќе забележиме дека се направени претежно од груби материјали и недоволно прецизно. Специјалистите за грижа на косата предупредуваат дека додатоците со лош квалитет се штетни за вашата коса и за нејзиниот изглед.
Ластичињата и стегачите за коса многу брзо по извесен период на користење напукнуваат и попуштаат. Тогаш, иако изгледаат сѐ уште убаво, тие ја кинат и кршат косата.
Особено внимавајте на носењето коњско опавче. Никако не смеете да претерате, колку и да ви е практично. Со стегањето на косата се нарушува циркулацијата во скалпот,се намалува доток на кислород на коренот па косата станува крута, без сјај и живост и со текот на времето косата може да почне да опаѓа или да се предизвикаат и други несакани последици.