Зошто мажите се плашат од женските солзи?

Човекот на вашиот живот одлучно изјави дека не се согласува со вас. Го убедувате, молите, наговарате, па дури и му се додворувате, но залудно… Тврдоглаво ги одбива сите ваши уверувања. Што да направите? Време е да посегнете по тајното оружје на повеќето жени. „Одвртете ја славината“ и започнете да леете солзи.

Кога станува збор за љубовните врски, не постои помоќно оружје од женските солзи. Кога жената ќе започне да плаче, тоа значи дека станува збор за нешто крајно сериозно.

За мажите тоа е јасен знак дека нема да може нормално да разговара со неговата партнерка во наредните 24 часа, дека сексот не доаѓа во предвид, дека е под знак прашање дали ќе останe гладен, на забава или други животни задоволства нема да смее ниту да помисли, се додека не и се врати во нормала расположението.

woman-crying-2

Машкиот страв од солзи е гориво кое ги размрдува точките на љубовната врска. Тие ќе прифатат што и да е, само за да ги сопрат . Најстрашно е кога целиот скандал ќе се одвива на јавно место. Во таквите моменти, мажите се дури и во состојба да ја однесат во матично, да и ја подарат својата кола, или да и купат што и да посака, само за да се смири.

Солзите имаат позитивно дејство во меѓусебните односи. Тие се пред се сигнал дека нешто не е во ред. Солзите ги наведуваат луѓето да превземат нешто во врска со болката која личноста која плаче ја чувствува.

- Реклама -