Машките сакаат сино, женските сакаат розово и тука никој ништо не може,
велат истражувачите кои спроведоа една од првите студии кои треба
научно да докажат дека постои склоност кон одредени бои што се
предодредени од полот.
Машките сакаат сино, женските сакаат розово и тука никој ништо не може, велат истражувачите кои спроведоа една од првите студии кои треба научно да докажат дека постои склоност кон одредени бои што се предодредени од полот.
Истражувачите велат дека овие разлики може да се вкоренети во еволуцијата во која женските развиле склоност кон црвените нијанси, што е врзано со зрелото овошје и со здравото лице.
Неодамнешните студии покажаа дека постои универзална склоност кон сината боја и дека досега немало докази кои би ја поддржале идејата за полови разлики кога се одбираат бои, вели Ања Хурлберт, невролог од Универзитетот во Њукасл кој ја предводел студијата.
"Претпоставуваме дека овие полови разлики се појавиле од функционалната специјализација на половите во еволутивната поделба на трудот", вели таа. "Постојат биолошки причини зошто женските сакаат црвени нијанси".
Во студијата истражувачите барале од група мажи и жени да гледаат илјада парови бојосани квадрати на компјутерски екран во темна соба и да ги одбираат оние што најмногу им се допаѓаат најбрзо што можат. виа.