Зошто жените паѓаат на ќелави мажи?

Ќелавоста е кошмар за многу мажи и честа причина за губење на либидото. Жените имаат поинакво мислење.

Една анкета ги праша жените што излегувале, живееле или се омажени со ќелави мажи, што е причината што паднале на тој нивни „ќелав шарм“. Сумирано, најпривлечни за жените се следниве нешта:

– Ќелавиот маж е вистински маж. Така барем знаат дека не излегуваат со клинец.

– Степенот на хигиена кај ќелавите мажи е висок. Секогаш се уредни, редовно избричени и имаат повеќе разбирање за женските навики, како депилацијата, на пример.

– Никогаш не и го крадат шампонот на партнерката.

– Ќелавите мажи се многу секси. Примери: Џејсон Стетам, Брус Вилис, Вин Дизел…

– Капите и шеширите се често друштво на ќелавите мажи, па им дава на жените добра можност за избор на подарок.

– Мажите што ја прифатиле својата ќелавост и ја претвориле во секси оружје се сигурни во себе. А нема ништо повозбудливо и посекси од маж полн со самодоверба.

- Реклама -