Зошто жените имаат химен?

Еволутивната биологија сеуште мака мачи со тоа да ја одреди вистинската улога на хименот. Научниците имаат проблеми да одредат која е еволутивната причина за неговото постоење, а уште повеќе ги збунува тоа што го има и кај други видови животни.

Хименот е тенка мембрана, обично во форма на полумесечина, која се простира преку дел или преку целиот вагинален отвор. Освен кај жените, химен имаат и афричките слоници, но и женките од други видови од родот на цицачите – од глувци, па до китови.

Кај слоновите, хименот пука единствено кога женката ќе се породи. Кај луѓето, пак, хименот може да се скине по интензивно физичко вежбање, иако пукањето најчесто се случува при првиот сексуален однос.

Прочитајте и:  „Што носеше кога сама си го бараше?“

 

Токму заради тоа, во разни култури, недопрениот химен е гаранција за невиност. Сепак, еволутивната теорија што образложува дека хименот се појавил како посакувана особина, доблест, како резултат на преференцијата на друштвото кон невините жени, не успева да објасни која е неговата улога и зошто го има и кај други животни.

Научници како научници, секогаш имаат теорија. Тие шпекулираат дека хименот има улога на штит на вагината против опасни бактерии. Способноста за таквата превентива од инфекции им дава на одредени видови (оние чии женки се опремени со химен) голема преживувачка и репродуктивна предност пред останатите во животинскиот свет.

- Реклама -