Зошто женети мажи патуваат во Тајланд, сами (+16)

Брзо време, хаотичен живот, а фрустрацијата расте. Дел од мажите од развиениот Запад, оние кои се несреќни на работа, дома, во бракот, си најдоа своја рајска дестинација. Тајланд, се разбира – земјата каде женети и мажи со семејства одат сами на одмор, земјата која живее од секс-туризам. Тајланд – земјата каде желбите се лесно достапни.

Прекрасните плажи, евтините ресторани, ама пред сé изобилството од евтин секс, привлекува илјадници туристи и женети мажи секоја година. Не е воопшто шок што Тајланд се смета и за извор, транзит зона и дестинација за бело робје и сексуална експлоатација. Во овие категории Тајланд е во топ 10 во светот.

Илјадници ресторани, барови, хотели, студија за масажа и чајџилници паралелно нудат и секс услуги, паралелно со илјадниците жени кои практично чекаат во ред по улиците за да закачат „клиент“. Сé на сé, во Тајланд има околу 2.8 милиони секс работници/чки, барем според тоа е што е евидентирано.

Балконите на Nana Plaza во една од „црвените области“ (Red Light District) се една од поголемите атракции.

 

Балконите, ама и излозите.

Уличните проститутки парадираат како да продаваат лимонада.

Да, проституцијата е илегална во Тајланд. На хартија.

Единствен начин да не видиш дека Бангкок врие од секс е да не излезеш навечер. Како не случајно да  е наречен Банг Кок (преведете го тоа на англиски и ќе сфатите на што мислиме).

Епицентар на Red Light District e Soi Cowboy. Еве еден опис оставен на Trip Advisor:

„Лудо место. Жени, мажи, мажи што изгледаат подобро од жени… Костими за капење, пиво и секс. Ова место е центар на забавата и полно со пијани луѓе, а доцна навечер е право лудило. Мора да се посети ако си сам, ама мора да се избегнува ако си со девојка, бидејќи колку и да ја сакаш, овде ќе ги видиш најубавите девојки, ама и најубавите лејдибојс“ (ако не знаете, не гуглајте, не ако не сте сами).

Тајландска масажа. Треба да објаснуваме повеќе? Тајланд е меѓународно прославен по нивните техники на масажа. Студија за масажа ќе најдете насекаде. Откако ќе влезете, ќе ви понудат мени: Масажа на тестиси – 1.000 бахти (околу 26 евра), Масажа на простата – 1.300 бахти (околу 33 евра), Nuru гел масажа со вклучена масажа на простата и играчки – 1.800 бахти (околу 46 евра), Тантричка масажа – 2.200 бахти (околу 56.5 евра), итн итн. Треба да напомнуваме дека сите се со хепиенд?

Тајланд нуди и „GFE“ – скратено од Girlfriend Experience. Во суштина се работи за „Изрентај си девојка“. За сума од 2.200 бахти на ден, повеќето девојки по локалите се спремни да ви бидат девојка 24/7, дури и ако решите да излезете само навечер, а да ги испратите утрото.

Најпозната е областа Патаја. Ја викаат „Светски главен град на сексот“, па сега вие видете. Центарот на најголемиот дел од „случувањата“ е Walking Street.

Во Тајланд можете да гледате и пинг-понг. Ама не таков пинг-понг. Овде жените ги користат нивните пелвични мускули за разна манипулација (читај: вовлекување, и испукување) на предмети. Пинг-понг топчињата се најчесто користениот предмет, затоа и името. Чекајте да го видите менито… Вклучува балони, банани, шишиња, дување свеќа, јајце, петарда!, игла?!, ЖИЛЕТИ???

Сепак, најголемата бизарност по која Тајланд е познат се таканаречените лејдибојс, се разбира. Главно зашто е тешко да препознаеш дека не се вистински жени. Иронијата е што „машкиве девојки“ имаат најмногу работа – затоа што можат да работат и со мажи, и со жени…

Ама и во „театри“. „Лејдибој кабаре“ е една од најголемите туристички атракции во сите поголеми градови во Тајланд.

А вие мислевте дека некојси таму грчки остров бил симбол на (условно речено) развратот…

 

- Реклама -