Пишува Горан Михајловски за „САКАМДАКАЖАМ.МК“
Како мал, секој 11 Октомври се чудев што значи фразата „импровизиран напад на участокот“ што оди во пакет со „пукна првата пушка“. Два непознати збора во иста реченица – импровизиран и участок. Тоа участок било полициска станица на бугарската власт во Прилеп што на чело со фашистичката влада во Софија во 1941 година ја окупирала Македонија.
Зошто во духот на добрососедството оваа година импровизираниот напад на участокот во Прилеп не го правевме заедно со Бугарите? Оти, 11 Октомври е значаен датум од заедничката историја. Со импровизираниот напад на участокот ние одбележуваме почеток на антифишистичката борба за ослободување на македонскиот народ. А Бугарите би одбележале тepopистички напад врз нивната полициска станица. Добри соседи секогаш може да најдат заедничка причина за славење.
Оти, добрососедство подразбира дека бугарскиот народ не ја окупирал Македонија. Окупатор била тогашната бугарска власт која била фашистичка. И не може сега ние да испиеме апче за амнезија затоа што комшиите тогаш имале фашистичка власт. Уште има живи сведоци на зулумите на фашистите. Бугарската војска тогаш не беше дојдена на покана од Македонците. На покана од Хитлер беше дојдена. Не биле германски војниците што збореле бугарски. Бугарски биле… Целата колумна прочитајте ја ТУКА.