Зошто Тупурковски бил мета на ЦИА?

Разузнавачите на ЦИА биле изненадени од облекувањето, физичкиот изглед и воопшто од однесувањето на Васил Тупурковски – Циле кој на 35 години стана најмлад член на президиумот на Сојузот на комунистите на Југославија, а воедно беше и најголема надеж во политичкиот живот во поранешна Југославија.

Ноншалантното облекување на Тупурковски,станало цел на анализа на ЦИА.Тие напишале дека во 1986 година тој учествувал на конференција посветена на Југославија во Вашингтон каде дошол со чуден бекраунд.

„Пред да биде избран за член на претседателството на СКЈ,тој доби магистерска диплома на Универзитетот Мичиген во САД по компаративно право и течно зборува англиски. Македонецот Тупурковски има долга густа коса, долги мустаќи и зулуфи, облечен е во блузи со отворени крагни кои ги остава да висат на неговиот голем стомак – практика што е изненадувачки „кежуал“ дури и за југословенските елити“, се вели во документот на ЦИА.

Разузнавачите додаваат дека на конференцијата за Југославија, Тупурковски имал тврдо излагање полно со жаргони и дека потоа три дена не кажал ниту збор. Сепак, тие додаваат дека кога држел говор за студентите Тупурковски се покажал во право светло отворено зборувајќи за меѓународната политика на Југославија и оставил впечаток на интелигентна, самоуверена и релаксирана личност.

- Реклама -