Зошто треба да склучите авторски договор ако работите како фриленсер

фриленсМногу од фриленсерите во Македонија кои работат како графички дизајнери, веб дизајнери, програмери, видео монтажери, фотографи и слично, најчесто зделките кои ги прават не ги врамуваат правно, што може да доведе до несакани финансиски последици, залуден труд и загубено време. Преку овој текст во соработка со м-р Нина Д. Старделова, директор на „Македонска авторска агенција“, би сакале да посочиме на предностите од поседувањето авторски договор.

Многу од фриленсерите во Македонија кои работат како графички дизајнери, веб дизајнери, програмери, видео монтажери, фотографи и слично, најчесто зделките кои ги прават не ги врамуваат правно, што може да доведе до несакани финансиски последици, залуден труд и загубено време. Преку овој текст во соработка со м-р Нина Д. Старделова, директор на „Македонска авторска агенција“, би сакале да посочиме на предностите од поседувањето авторски договор.

freelancer

Законот за авторско право и сродни права предвидува задолжително склучување авторски договор заради пренос на правото на користење на авторското дело. Основната цел на оваа одредба е заштита на интересите на двете договорни страни, а пред сè на авторот.

Со авторскиот договор се утврдува:

  • Кои права се пренесуваат, што подразбира: право на репродуцирање, прикажување, претставување, емитирање итн. Така, на пример, авторот на едно литературно дело може на еден издавач да му го отстапи правото на објавување во книжен облик на македонски јазик, на друг на албански јазик и слично. Истото дело може да го отстапи на друг издавач за објавување во електронска форма, а на филмски продуцент – за преработка во сценарио за филм. Прецизното определување на правата кои се пренесуваат придонесува за намалување на недоразбирањата и потребата од дополнително толкување на договорите.
  • Времетраењето на преносот, територијата на која тој се однесува, обемот на преносот (на пример, бројот на примероците од едно дело кои ќе се отпечатат – тираж)
  • Видот на преносот: исклучив или неисклучив. Ова значи дека авторот може со договор да си го задржи правото да го отстапи на користење истото дело на друг корисник (неисклучив пренос) или пак, може на корисникот да му го пренесе исклучивото право на користење.
  • Висината на авторскиот надомест, при што е битно дали станува збор за нето или бруто авторски надомест

freelancer_12

Покрај горенаведената задолжителна содржина на авторскиот договор, зависно од потребата на двете договорни страни, се предвидуваат и други права и обврски.

Авторите треба да внимаваат и да се информираат за одредбите од Законот во кои нивните права се ограничуваат по сила на закон како и преку формулацијата „доколку со договор не е поинаку определено“.

Во праксата многу често авторите се во подредена положба и нивното инсистирање на пишан договор се третира како израз на недоверба кон корисникот на нивното дело. Но, со потпишување договор и двете страни стекнуваат поголема сигурност во меѓусебните односи и би требало досегашната пракса да се менува.

Исто така, кога не постои пишан договор, а во случај на спорни ситуации, најчесто неплаќање на авторски надомест, во судските постапки е многу тешко да се докажува усно договореното па затоа е од огромно значење да се инсистира на договор.

Од нашето неколкугодишно искуство со „Македонска авторска агенција“, склучувањето на договори преку телефон и е-пошта е брзо и ефикасно. Склучените договори се испраќаат во три копии по пошта на потпис до клиентот и авторот, како и на e-пошта. Во хонорарот е вклучен и персоналниот данок, за кој еднаш годишно треба да поднесете пријава до УЈП.

- Реклама -