Штом достигнат одредена возраст сите луѓе тврдат дека искуството нè прави помудри, што сега е докажано и во научна студија. Мажите и жените кои имаат минимум 60 години се подобри во носење одлуки кои имаат придобивки на долгорочен план. Оние во третата и четвртата деценија од животот пак се интересираат само за моментално задоволство и не ги гледаат придобивките од планирањето.
Резултатите одат против стереотипот дека постарите луѓе побавно доаѓаат до заклучоци. Истражувачите заклучиле дека без оглед на тоа колку време им е потребно на пензионерите за да донесат одлука, и генерално таа одлука е подобра од онаа направена од младите. Тимот, од Универзитетот од Тексас и Тексас A&M Универзитетот, побарале од 28 „постари“ возрасни лица и ист број на помлади учесници да донесат одлука во која требало да размислуваат за моментална награда.
Младата група имала најдобри резултати во избирање на опцијата со краткорочни прдобивки. Но во втор експеримент биле добиени значајно различни резултати. Од околу 50 мажи и жени на возраст помеѓу 67 и 82 години и група од 50 мажи и жени помеѓу 20 и 36 години било побарано да складираат кислород на виртуелна мисија на Марс. Тие можеле да бираат помеѓу опција која ја зголемувала наградата во идни тестови, и друга која ги намалува идните награди но нуди поголема награда во моментот.
Во секој случај постарите учесници имале подобри резултати од ривалската група преку откривање која опција водела кон најголема долгорочна награда. Професорот по психологија од Универзитетот од Тексас, Тод Медокс додал: „Овие резултати наведуваат кон заклучок дека помладите возрасни лица се однесуваат поимпулсивно, преферирајќи моментални придобивки, додека постарите лица се подобри во пресметувањето на долгорочни последици од нивните акции. Откривме дека помладите учесници изведувале еквивалентно во експериментот, но постарите лица биле поспособни во приспособување на нивната стратегија за да конформира со целта на задачата.“
Истражувачите сега истражуваат зошто оваа разлика постои но веруваат дека би можела да демонстрира промена во тоа како го користиме мозокот како што старееме. Тие наведуваат дека промената е поврзана со намалената употреба на вентралниот стриатум, регион од мозокот поврзан со формирањето навики и моменталните награди. Како што овој регион се оштетува со стареењето, ние компензираме користејќи го префронталниот кортекс, кој го контролира рационалното размислување и размислувањето за намери. [Why you SHOULD listen to your elders: Study shows old people really do have more wisdom]