Зошто толку многу славни умреа во 2016?

1461293396000[1]

Се чини дека не може да помине една недела во 2016 без да умре некоја позната личност. Како да почна со Дејвид Боуви, па после беше Алан Рикман… и така сега до Принц. По интернет луѓе ја пцујат 2016 и ја молат да нé остави на раат. И стварно, порано не беше вака.

Според уредникот на некрологот на БиБиСи – Ник Серпел, бројот на знајачни смртни случаи годинава е „феноменален“. Краток поглед на основните статистики е доволен за да се воочи дека постои многу јасен нагорен тренд. Ник самиот потврдува дека во последните години, бројот на некролози што се објавени за БиБиСи е значително зголемен.

Колку зголемен? Во јануари до крајот на март 2012, беа само 5. Сега во 2016, во истиот период од годината, ги има 5-кратно повеќе – дури 24. Оваа бројка не ги вклучува оние забележителните починувања од месецот, како смртта на американскиот кантри пејач Мерле Хагард или познатиот шверцер на дрога Хауард Маркс.

bbcА можеби БиБиСи ја зголеми својата ризница на некролози до таа мера што сега во пресметките се користат многу повеќе? И тоа е точно: BBC сега има вкупно околу 1500 повеќе, отколку кога Ник почнувал пред 10 години. Сега додава по неколку секоја недела.

Ама сликата е слична и во архивите на другите. Дејли Телеграф исто така располага со галерија на славни личности кои умреле, која ја апдејтува со текот на годините. До ова време во 2014, во галеријата имало 38. До ова време лани, имало 30. До овој момент годинава, ги има дури 75.

На почетокот на секоја година, „морбидниот“ вебсајт deathlist.net прави листа на 50 селебрити фаци за кои смета дека можат да починат таа година. Во шест од последните десет години, само две или помалку од предвидувањата на сајтот се оствариле. Оваа година, deathlist.net точно предвиде дури петмина кои починаа.

Тогаш, зошто е 2016 толку посебна?

Па, има неколку причини. „Луѓето кои почнаа да стануваат познати во 1960-тите, сега влегуваат во 70-тите години од нивниот живот и почнуваат да умираат“, вели Серпел. „Исто така, има многу повеќе славни луѓе отколку порано. Во генерацијата на татко ми или дедо ми, единствени славни луѓе беа тие од филмовите – немаше телевизија. Од друга страна, пак, тие што не беа на телевизија, не беа славни“.

Бејби бум генерација

Многу од тие што сега умираат ѝ припаѓаат на таканаречената „бејби-бум“ генерација, родени помеѓу 1946 и 1964 година, кога се случи голем пораст на популацијата. Во САД, на пример, цензус бирото истакнува дека 76 милиони луѓе во 2014 ѝ припаѓаат на таа генерација – што е околу 23% од населението. Во Британија, ги има околу 18%.

Со повеќе родени бебиња во бејби-бум генерацијата, значи дека поголем е и бројот на тие што станале познати. И сега, тие познати што како бебиња се родени помеѓу 52-ра и 70-та, умираат. Возраста од 65 до 69 е таа кога стапката на смртност значително се зголемува, а и Принц (57), и Алан Рикман (69), и Дејвид Боуви (69) се припадници на истата генерација.

prince-04[1]Постои и друго клучно прашање: Што е селебрити?

Сега повеќе од било кога слушаме за луѓето што стануваат познати. „Во последните 10 години, медиумите одиграа голема улога“, вели Серпел. На пример, часови пред да биде објавена веста за смртта на Принц, во САД се зборуваше за смртта на поранешната борачка и порно ѕвезда – Chyna, која почина на 45-годишна возраст. Релативно непозната за остатокот од светот, ама веста се рашири и преку 400.000 твитови ширум светот, стигнувајќи до најголем интерес во Лагос во Нигерија и во Лима во Перу. Од една страна, денес полесно се шират вестите. Од друга, социјалните мрежи во многу помагаат за некој да се здобие со статус на славна личност, дури и кога не е баш славна личност. Се чудевте и вие зошто се спомнува нарко-дилер во листата на починувања на значајни личности? Трето, медиумите како сé повеќе да ја играат пост-мортем картата за да го привлечат вниманието на публиката. По смртта на Дејвид Боуви, на светски познати медиуми секој втор пост им беше за Дејвид Боуви, и така беше со недели. Истото се случи и со Алан Рикман – цела недела да се зборува само за тоа. Истото е и со Принц, а истото ќе биде и во иднина.

Допрва почнува

Дали ќе продолжат лошите вести? Да, веројатно. „Во следните 10 години, овие луѓе ќе влезат во нивните 80-ти и ќе продолжи на ова ниво“, смета Серпел. „Притоа не ги сметам изненадувачките умирања, кога луѓе умираат, а не требало“.

Во меѓувреме, видео компилацијата од некролозите, што Ник ја прави секоја година, за 2016 ќе трае подолго. Обично траат по половина час, ама за годинава Серпел веќе има дозвола да ја направи долга 1 час.

- Реклама -