Трагикомично е што некои од дамите гејмерите ги нарекуваат нeрдови. Не знаат ли овие женски примероци дека гејмерите ги бива во еден куп важни области, кои дефакто се поврзани со видео игрите, но се надвор од нив?
Игриви се
Види, да сакаш да играш не е нешто што важи само за виртуелната реалност. Тоа подразбира посебна состојба на умот и посебен карактер. Гејмерите се стратези – знаат како да почнат, каде да поминат и што да направат за да стигнат до целта.
Свесни се дека има и други кои се борат за истото и имаат тенденција да ги неутрализираат. Самиот збор „играчи“ го потврдува тоа.
Имаат добра координација
Докажано е дека гејмерите имаат многу добра координација во просторот. Реагираат брзо и рефлексите им се непогрешливи кога треба да се дејствува во конкретен миг. Замислете да лежите со некој што толку добро знае што прави, што нема потреба ниту да погледнува.
Плус, гејмерите брзо сфаќаат и брзо се ориентираат во нови ситуации и потфати, самата играта го бара тоа. А тоа лесно може да се манифестира и во спалната соба.
Мултитаскинг
Многу научни студии докажаа дека луѓето со искуство во компјутерските игри поседуваат поголема способност да се вклучат во повеќе активности истовремено.
Мултитаскингот може да е страшно инспиративен во услови на размена на љубовни вештини. Добар гејмер може истовремено да го држи џојстикот, да нишани на целта, да внимава што се случува наоколу и да реагира соодветно на сите фактори во секој момент истовремено.
Игрите ја развиваат брзата мисла
Дури и ако многумина не сакаат да признаат, не е тајна дека кога срцето ќе се возбуди, мозокот престанува да нé води. Не и кај гејмерите.
По сите тие долги часови на носење брзи одлуки за време на тензични игри, гејмерите успеваат да постигнат мисловна контрола дури и во кризни ситуации.
Никој не може да негира дека овие квалитети се потребни во кревет, особено кога премногу брзо ќе стане премногу жешко и некој треба да се потсмири за да не биде game over уште во прва четвртина.
Добри се со рацете
Со толку штракање пред екранот, овие момци знаат како да ги користат рацете. И прстите. Немаат ни избор – едноставно ги бива во тоа.
А сега да претпоставиме дека некои деликатни делови од женското тело, исто така може да станат предмет на таквата незаменлива агилност, умешност и вештина на допирот. Сé на сé, сé е прашање на навика.
Сакаат технологија и… Играчки
Да, гејмерите се изгорени по технологија, и секој уред и механизам вметнат во спалната би биле интересни за нив.
Ако одите со гејмер и сакате да го натерате да експериментира со некоја играчка во креветот, воопшто не двоумете се. Тоа е правиот човек – тој ќе ја земе, ќе ја вклучи, ќе го прочита упатството (тоа ти е како туторијал на почеток на играта), инстантно ќе сфати како работи и ќе ја користи како што треба.
Фантазери се
Гејмерите имаат развиена имагинација. Со толку многу различни жанрови на игри на пазарот, неизбежно е да не научиле да го прифаќаат нереално за реално и целосно да се втопуваат во него.
А како што знаеме, фантазиите се нешто клучно за добрите моменти во креветот, па не се изненадувајте ако гејмерот изрази желба да испроба некои идеи дојдени како од далечни светови во љубовната игра. Сигурно има добра причина.
Можат да се сконцентрираат
Концентрацијата е клучната вештина кај секој кој сака да игра игри. Истата може да биде исклучително корисна во волшебниот свет на љубовните подвизи.
Способноста на гејмерите да се фокусираат целосно на она што го прават, гарантира обистинување на женските соништа – целосно внимание, интерес и никакви дистракции за време на случувањата. Која жена не сака да е центарот на вниманието, особено во кревет?
Не запираат додека не победат
О, да. Гејмерите доаѓаат во пакет со сериозен натпреварувачки дух и разгорена желба за победа. Научени се да учат од своите грешки и продолжуваат да играат, додека не победат.
Секој знае дека задоволството на жената во сексот не секогаш доаѓа многу брзо. Но тоа не може да обесхрабри упорен гејмер, напротив – може и да му се случи да умре на првото ниво, ама гарантирано ќе го помине во некој од следните обиди.