Зошто сме во искушение постојано да проверуваме „Фејсбук“

Науката објаснува зошто сме во искушение да ги проверуваме постојано новостите на социјалната мрежа.
Ако некогаш сте се чувствувале опседнати со чувството да го проверите својот Facebook профил (особено додека работите или вршите нешто продуктивно), тогаш откритијата на научниците од Калифорнискиот универзитет во Лос Анџелес (UCLA) сигурно ќе ве заинтригираат. Според истражувачите нашите мозоци имаат вродена потреба да бидат социјални и Facebook ја задоволува истата, пишува Science Alert.

Екипата на психолози во UCLA открива дека за време на моментите на затишје нашите мозоци се подготвуваат да се поврзат социо со други, жедни за следниот like, пост во дневникот или порака на социјалната мрежа.

„Мозокот има еден главен систем кој сака да не подготвува за тоа да бидеме социјални во слободното време – објаснува Метју Либерман, раководител на проектот. – Социјалната природа на нашите мозоци е биолошки базирана. “

fb

Новата студија стапнува на откритија направени уште во 90-тите години на минатиот век. Според нив во мозокот има региони кои стануваат поактивни, кога одмараме. Досега научниците знаеја премалку за оваа конкретна мозочна активност или до што точно доведува таа. Излегува дека сепак нашата вродена потреба да комуницирате со другите, да го гледаме светот со „социјалните очила“, стои во центарот на сè.

Откако ја испитуваат мозочната активност на 21 волонтери преку функционална магнетна резонантна томографија, научниците откриваат врска меѓу мозочната активност за време на одмор и во момент во кој набљудуваат фотографии кои ги тераат да се замислат за емоциите на другите луѓе. Целата оваа активност исчезнува за миг, кога од волонтерите е побарано да се фокусираат на математички проблеми или други слични активности. Излегува дека кога одмараме, нашиот мозок не подготвува за социјално вмрежување. Последователните интеракции се побрзи и лесни, бидејќи веќе сме подготвени за нив. Либерман го нарекува овој процес „извршниот директор на социјалниот мозок“. Овој регион е активен и во моментите во кои сонуваме.

„Овој дел од мозокот не подготвува да го гледаме светот социјално, преку мислите, чувствата и целите на другите – додава раководителот на проектот. – Тоа сугерира дека се случува нешто важно.

Мозокот не активира дадени системи само така. Тој се обидува да се „рестартира“, за да нè натера да размислуваме за другите сознанија.“ Но да се вратиме повторно на Facebook. Изгледа дека социјалната мрежа која Марк Цукерберг ја создал, е изградена така што да одговара на природниот ритам на мозокот. Ова веројатно го објаснува и фактот зошто над 1 милијарда луѓе ја користат.

Истражувањето е објавено во Списание за когнитивна невронаука .

- Реклама -