Зошто сме толку љубопитни?

Еволуцијата не направила врвни машини за учење, а врвните машини за учење мораат да бидат подмачкани со љубопитност.

Ние луѓето имаме многу љубопитна природа и најчесто таа љубопитност се фокусира на неважните работи од секојдневниот живот. Нашата љубопитност не тера да правиме крајно непродуктивни работи како читање вести за луѓе кои никогаш нема да ги запознаеме, теми кои никогаш нема да ни користат или да истражуваме места на кои никогаш нема да се вратиме.

Ние едноставно сакаме да ги знаеме одговорите дури и ако нема очигледна корист од нив. Од перспектица на еволуцијата ова е мала мистерија. Еволуцијата секогаш ја асоцираме со „опстанокот на најспособните“, особините кои го подржуваат секојдневниот опстанок и репродукција.

Но зошто сме еволуирале да трошиме толку многу време? Нели еволуцијата би требало а одбере вид кој бил малку пофокусиран? Потеклото на нашата љубопитност може да биде поврзана со човечка особина позната како неотенија. Ова е израз од еволутивната теорија кој значи „зачувување на детски карактеристики“. Тоа значи дкеа како вид ние сме повеќе како деца отколку другите цицачи.

Недостигот на крзно е физички пример за оваа појава. Големиот мозок во однос на телото е друг. Нашата љубопитност и игривост се карактеристика на неотенијата. Неотенијата е кратенка која носи голем број промени наеднаш наместо да ги избира една по една.

Претварајќи не во детинест вид еволуцијата не направила послаби од нашите роднини – приматите. Но при тоа ние сме ја зачувале детската љубопитност способноста за учење и нашето длабоко врзување со други луѓе. И токму капацитетот за учење ни помогнал нас како вид.

Нашето продолжено детство значи дека ние абсорбираме многу повеќе од нашата околина. Дури и како возрасни ние учиме нови начини за извршување на одредени задачи и нови начини на размислување што ни овозможува да се приспособуваме на сите околности. [Why are we so curious?]

- Реклама -