Зошто Славица стана Мушфика: Универзитетска професорка премина во ислам

Славица Јакимовска, универзитетски професор во Македонија, премина во ислам на пригодна церемонија којашто се одржа во подрачјето Едремит во турскиот град Баликесир, јавува Anadolu Agency (AA).

Јакимоска, професорка на Европскиот универзитет во Македонија, која по преминување во ислам го смени своето име во Мушфика, изјави дека околу исламот била информирана и имресионирана од страна на нејзин студент кој од Турција дошол во Македонија на студии.

Значајна улога во преминување во исламот имала нејзината импресионираност од гостопримството на муслиманите кои ги посетила во Скопје, и секако, читањето на преводот на Куранот на македонски јазик, кој го прочитала двапати.

Вели дека нејзината најголема желба е да ги посети светите места Мека и Медина.

Саит Емин Арвас, муфтијата на градот, по церемонијата рече: „Сега станавме браќа и сестра. Отсега вие сте сестра на сите муслимани, пред сè на божјиот пратеник Мухамед“.

Тој додаде дека досега бил сведок на повеќе вакви церемонии, но бил воодушевен од искреноста на универзитетската професорка на церемонијата.

Од турската Управа за верски прашања Мушфика доби книги, но и шамија и сеџаде.

Целата сторија на Агенција Анадолија.

- Реклама -