Ај еден предизвик. Седнете и насликајте мачка. Ќе видите дека воопшто не е лесно. А може и едноставно не ве (и не нé) бива. Ама еве, во средниот век ги бивало, и пак не им одело со мачките.
Еден куп средновековни уметници, еден куп совршени религиски сцени, автопортрети, портрети од кралски семејства, голи женски тела, пејзажи, мртва природа, а мачките во истите тие слики – ужас. Иако ја имаат генералната форма, нешто секогаш не штима. Некогаш имаат и скроз човечки лик, а некогаш се едноставно језиви.
Видете и сами, ама уште еднаш да ве предупредиме – ова не е вообичаена интернет галерија со мачки.