Зошто пукаат пуканките?

Пуканките се грицки стари илјадници години. Сите ги сакаат и лесни се за правење. Но, зошто пукаат?

Пред да одговориме, да дознаеме што е разликата меѓу обичната пченка и онаа за правење пуканки. Имено, зрното на втората обично е помало и има поцврста лушпа, во која се крие мека срцевина во која има заробено влага.

Како што се објаснува во ова прекрасно видео, клучот во процесот на правење пуканки е во тоа што зрната пченка се претвораат во течност во моментите пред да пукнат. При загревање, зрната делуваат налик на садовите за готвење со притисок – влагата го ликвифицира зрното, температурата и притисокот растат, се до моментот кога зрното пченка станува пуканка. Експлозијата се случува за само дел од секунда, а содржината на зрното инстанто се лади и преминува во цврста состојба. Така, добиваме вкусна зараза, која на микроскоп изгледа вака:

tumblr_n1pu794aLQ1t5fphqo2_500[1]

Погледнете го и видеото:

- Реклама -