Зошто PS2 е попопуларна од PS3?

Playstation 2 Играчката конзола Playstation 2 е стара 9 години. Но, и покрај тоа, во првата половина од оваа година, од нејзе се продадоа 500 илјади парчиња повеќе отколку од поусовршената Playstation 3. PS2 ги надмина во продажба и Xbox 360 и Nintendo Wii. Проверете зошто!


Играчката конзола Playstation 2 е стара 9 години. Но, и покрај тоа, во
првата половина од оваа година, од нејзе се продадоа 500 илјади парчиња
повеќе отколку од поусовршената Playstation 3. PS2 ги надмина во
продажба и Xbox 360 и Nintendo Wii. Проверете зошто!

Playstation2Индустријата за игри беше онаа што се чинеше дека е недопирлива за рецесијата. Но, се покажа дека тоа не е точно. Продажбата на играчки конзоли и игри драстично се намали во првата половина од годинава. Зачудувачки, на врвот од топ листата најпродавани козноли се најде девет години старата Playstation 2 – конзолата што е постара од голем дел од своите фанови.

Дел од популарноста се должи на лошата економија. PS2 денес чини само 99 долари, за разлика од: основната верзија на Xbox 360 која чини 199 долари, Nintendo Wii која е 250 и секако, Playstation 3 со неверојатна цена од 399 долари (цените во Македонија се за нијанса повисоки).

Од друга страна, за Playstation 2 постои огромна база на игри, од кои најголемиот дел меѓу најпопуларните игри на сите времиња (како GTA, God of War итн.), можност за пуштање DVD филмови (или во македонски услови, можност за чипување што ефективно ви дава можност за играње игри кои ќе ве чинат 100 денари кај вашиот уличен продавач – што е голема заштеда од 60 долари по игра!) и како најважно, големата игривост на оваа конзола.

Ако имате во план да си купите играчка конзола – почекајте! Sony најави дека успеале да ги намалат трошоците за производство на PS3 за 70%, што за кусо време би требало да резултира со намалување на цената и подобра позиција во борбата со конкуренцијата. А, доколку не ви се чека, купете си PS2. Бидете сигурно дека се работи за одлична играчка. Проверено!

- Реклама -