Зошто повиците преку WiFi не се достапни на секој Android смартфон?

Зошто јавувањето преку WiFi не е дозволено кај сите Android уреди? Да го тргнеме настрана фактот што сме дел од Балканот и што сме навикнати на секаков вид на понуди од компаниите за кои знаеме дека само ќе платиме, а ретко кога ќе го добиеме ветениот квалитет и услуга. Самата опција WiFi Calling(односно јавување преку WiFi) е една навистина супер опција која е достапна за сите Android телефони во последниве 3-4 години.

Но, зошто, без оглед co кој оператор сме во договор, немаме опција WiFi јавување за сите смартфони?

Повиците преку WiFi се всушност VoIP преку WiFi-то, наместо преку мрежата на избраниот оператор. Во секој случај, ова е одлична вест за операторите зошто тие сепак наплаќаат за користење на нивната мрежа и покрај фактот што ако размислите, вие не ја користите.

Идејата да биде достапна оваа услуга кај сите наши оператори, но и операторите во Европа е подржана од многумина, а критичарите сметаат дека оваа услуга може да се имплементира и како единствен, уникатен дел опрема од самиот оператор, исто како опремата која претходно се инсталира на телефоните кои работат само на пример со T-Mobile картичка.

Текстот е објавен во соработка со Socailnet.mk

- Реклама -