Зошто пеат овците?

Honda го дава одговорот на ова прашање со промо-видеото за целосно новата генерација на пикапот Ridgeline, во кое се фокусира на првиот во класата дополнителен саунд систем за товарниот простор на возилото.

Новата Honda Ridgeline, имаше светската премиера за време на меѓународниот салон во Детроит минатиот месец. Во моментов информациите за возилото се ограничени, но од Honda не кријат дека моделот е развиен и наменет за пазарот во САД. И понатаму ја има истата цврста конструкција со шасија и моќен 3.5 литарски V6 мотор.

277_Screen-Shot-2016-02-01-at-9.44

Моќта не му е позната, но се пофалија дека со шестстепениот автоматски менувач, овој пикап ќе дава најдобри забрзувања и економичност во класата. Дизајнерски новиот Ridgeline изгледа далеку подобро и ќе ги заведува купувачите со бројните необични решенија, како што е на пример товарниот дел отпорен на гребење во кој е вграден исправувач на наизменична струја и аудио систем од 540 вати.

„Ние го развивме Ridgeline за да понуди нешто ново и подобро во сегментот на пикапите. Верувале или не поставуваме нови стандарди, па несекојдневни и за Американците“, истакнуваат од компанијата за новиот модел, кој ќе биде пуштен во продажба во САД пред крајот на првата половина на 2016 година.

Автоплус

- Реклама -