Зошто Оскарот се вика Оскар, кој е кумот и како изгледале почетоците?

Со нетрпение го очекуваме овој викенд, поради доделувањето на најпрестижните филмски награди и најгламурозниот црвен килим – Оскарите.

Часовникот отчукува, а возбудата расте. Кој ќе биде најдобриот филм за оваа година?

Во меѓувреме, се појави едно интересно видео кое ја раскажува историјата на филмските награди, односно кои се почетоците за оваа награда? Како таа го добила името Оскар, како еволуирала низ времето?

Постојат повеќе теории, а историчарот Роберт Озборн заедно со дел од досегашните добитници ќе се обидат да ги претстават почетоците на оваа награда, како и да споделат со нас какво е чувството да се добие истата.

- Реклама -