Зошто Ноле и Јелена му го дадоа името Стефан на својот син

Најдобриот тенисер на светот и неговата сопруга на својот првороден син му дадоа име кое го симболизира оној кој е крунисан.
Уште старите Римјани рекле „Nomen est omen“, што во буквален превод значи дека името го карактеризира човекот. По тоа се водат и Новак и Јелена Ѓоковиќ, кои на своето прво дете му го дадоа името Стефан, пишува српскиот Blic.

Стефан е име со грчко потекло, кое го носеле многу светски кралеви. Доаѓа од зборот stephanos, кој значи венец или круна, а значењето може да се толкува на „оној кој е крунисан“.

– Јелена и Новак не се премислуваа долго околу името. Штом дознале дека е момче, одлучиле да биде Стефан. Го сакаат тоа име и тоа не е поврзано со семејното стебло или традиција, само многу им се допаѓало- рекол близок извор на двојката и додал дека брачниот пар Ѓоковиќ ќе го донесат бебето во Белград кога малку ќе зајакне.

- Реклама -