Зошто немаме олимписки шампион

Сатирична приказна

medal.jpg.size.custom.crop.1086x724[1]

Дојде од некаде некој мал тркач. Као демек, сакал да трча за нас. А роден дури во Австралија, дете на наши иселеници.

Ние го пуштивме, ионака немаме многу атлетичари.

Едно првенство – златен медал!

Друго првенство – златен медал!

Олимписки игри – златен медал!

Малиов право тркачко чудо! Одеднаш Атлетската федерација се најде во прв план. Честита премиерот, честита претседателот… Сите живи честитаат, нас па мило, зошто не би ни било.

Меѓутоа, не помина долго време, дојде малиов кај нас во федерацијата. Вели, вие мене ми должите пари! Ние се пресековме.

Какви пари те спопаднале, синко?!

Овој пак, ни го стави под нос нашиот правилник. А таму, црно на бело. Олимписки златен медал – 500.000 евра, а останатите по 250.000. Малиов собрал вкупно милионче!

Вика малиов, мора да платите според правилникот. Е тука нас ни пукна филмот. Собравме комисија и го викнавме детето.

Имаше ли ти во таа Австралија опрема за тренирање, го прашува комисијата.

Он клима со главата.

А колку пати си прокиснал во текот на тренингот?

Малиов вика, никад во живот, ние тренираме во сала.

А дали салата имаше греење?

Се разбира, ни се чудеше шампионот.

Е па во тоа е проблемот, заклучи комисијата.

Милионот го заслужува само оној што тренирал во наши услови. Значи, без опрема, без сали, без греење, на жешко, на дожд и на снег. И за беспари.

Нé слушаше младиов шампион, се чудеше, па стана и си замина. Некои велат, на авион…

Одма се виде дека не е прав патриот.

Слободан Симич

- Реклама -