Си седел Илон Маск така на Твитер и објаснувал дека на Марс небото е обратно од тука на Земјата и дека таму изгрејсонцето и зајдисонцето се сини, а денот е црвен.
Одеднаш, му текнало: А бе зошто нема заедница на луѓе што веруваат во Рамен Марс?
Твитер веднаш вклучи аларм. Луѓето се исплашија, и со право. Му пишуваа: „Елоне, свесен ли си што направи?“, „Е браво, им даде идеја“, „Ај бе гони се у три лепе, сеа ние ќе ги трпиме“ и слично. Парафразираме, ама отприлика тоа беа реакциите.
За среќа, се јавија најповиканите за да му одговорат на прашањето, а патем со тоа и да ја потсмират загриженоста.
„Здраво Илон, и благодариме за прашањето. За разлика од Земјата, за Марс постојат опсервации дека е топка. Имај фантастичен ден!“, одговорија од Заедницата на луѓе што веруваат во Рамна Земја.
Mind. Blown.